Блазеси ти мама. Јас природно кога искочив од болница бев како 6 ти месец трудна затоа и ме фати страв за царскиот. Фала многу со лесно на сите мешиња
И јас го делам мислењето дека треба да си даеш време. Посебно задник и нозе не се стегаат најлесно, за тоа треба посветеност, правилни вежби и правилно хранење. Остави телото да се опорави малце, па после почни со вежби кои ќе ти го формираат телото. Иако бев со првото природно, ми напоменаа дека после 3 месец е подобро да се почнат вежби, а најдобро после 6 месеци после пораѓај иако природно.
Јас со царски бев па докторката на прегледот после 40 дена ми рече дека слободно може да почнам прво со полесни вежби и пешачење а после нормално да продолжам со вежбање и ми напомена да не се залежувам туку што побрзо да си ја вратам кондицијата и силата од претходно. Ама ете можеби секој доктор има различен став. Да прашам дали некоја има искуство со Тесла формер за затварање на дијастаза? Вака на интернет што гледам слики ептен ветувачки делуваат резултатите ама дали е навистина така, сепак соленки се третманите па сакам да слушнам лични искуства ако има пред да се одлучам.
Добро јас не зборам за пешачење и вежби без тежина, тоа секако дека треба, муабетот ми беше дека за подигање на задник не е лесно само со пешачење, за тоа треба вежби со тежина. А за со тежина ми напоменаа дека при не вратена матка сктоз на место, а и треба време иако на ехо се гледа едно, сепак нема потреба од форсирање.
Да да, секако нема потреба од форсирање ама мислам дека вежби со мали тежини нема да се проблем ако има зелено светло од гинеколог и ако и самата се осеќа спремна. Јас 3 и пол месеци постпартум почнав со пилатес со мали тежини. Е сеа за Ким Кардашиан задник требаат големи тежини
Девојки полека ми иде враќањево во форма:/ .. сакам да почнам и масажи да препорачате добри антицелулитни низ Скопје
Веднаш штом ти дозволи доктор. Мислам дека после 40дена комотно можеш да одиш само не почнувај со јак интензитет туку постепено.
Мајки вие што вежбате дома да препорачате некои вежби кои ги има на youtube. Моментално сум на исхрана од нутриционист и доста намалив во тежина па мотивирана сум за да вежбам дома пред да почнам со теретана или пилатес
Тука ќе пишам. Минатиот понеделник ми дојде циклусот и еве сеуште трае, не е многу количински ама нормално ли е толку време да трае? До кога можам да чекам па да се обратам на гинеколог? Циклусот ми дојде после 50 од породување, 8 месеци поминаа веќе.
Симни си апп Female Fitnes имаш вежби за секој ден (30 дена).Имаш вежби за цело тело,вежби само за стомак и само за задник.
Majki, koga vi prestana krvarenjeto posle poroduvanjeto? Jas tie 40 dena krvarev po malku, prvite 10 dena samo krv a posle samo ligavenje bese poveke otkolku krvarenje. Na kontrola bev tocno na mesecot otkako se porodiv i doktorkata mi rece deka ke dobijam za dve nedeli. Jas pak si se "ligavev" po malku, nekogas rozevo, nekogas kafeavo ama imav iscedok celo vreme. Mislam deka dobiv pred 10 dena, imav menstrualni bolki i klasicna menstruacija so krvarenje koe traese skoro edn nedela, ama eve uste imam sekon den po nekoja kapka. Do koga trae ova? So mm apstiniravme vo bremenost bidejki imav visoko rizicna bremenost ama se nadevav deka 40 dena ke krvaram pa konecnooo ke mozam da se opustam. Ama ova nema aber.. Nekoj da spodeli kolku vreme mu bilo vaka?
@MissChievous пратете ми линк со вежби за дијастаз. значи јас ја гледав моја фитнес мама ама мене ми треба само вежби, не ми треба исхрана пошто имам мањак килограми. Имам само меше кога ќе се најадам, насабајле ми е рамен. Но дијастазот стои, го имам. Породена пред 20 месеци.
И мене ми требаат вежби. Мислам дека немам дијастаз , вака како што проверував но изгледа ми се опуштија мускулите , стомакот ми виси од папок надолу чудно Не сакам исхрана ни јас, со кг сум ок .
Јас овие вежби ги правам за дијастазот. @eli25 пробај ги и ти бидејќи се и за зајакнување на стомачните мускули, а се многу лесни и не одземаат многу време
Со прсти, да. Легнуваш на грб, ги виткаш колената, ставаш два прсти над папокот и ја креваш главата, вратот и рамената како да сакаш стомачни да правиш, така ќе видиш колкав е процепот меѓу стомачните т.е дијастазот.