Тоа ќе ти каже твојот гинеколог по извршен преглед. Искуства имаш различни и не кај сите матката е вратена како што била претходно за исто време.
Здраво. Породена сум природно пред скоро три месеци. На пораѓај отидов со скоро 99 кила, а сега имам 83-4 кила. Намалена е килажата меѓутоа ми треба уште. Како што читав коментари не сум единствена и со стомакот како да сум трудна 4 ти месец освен што имам проблем со стомакот имам проблем и со метаболизмот и мислам дека тоа уште повеќе ми прави проблем и нервоза. Со метаболизмот од секогаш сум имала проблем али додека бев бремена нормално одев во тоалет скоро секој ден, а сега едвај на три четири дена и тоа со жива мака, тврда столица и боли и има крв.. пробав со сливи, круши, урми, компоти од праски, јогурт и ленено семе… и не знам веќе со што друго да пробам. Бебето е само на цицање, тоа плус влече од мене. Споделете искуство дали имал некој ваков проблем како мојот
Имаме пишувано и погоре. Пеовери дали имаш дијастаза односно разделување на стомачните мускули. Поради тоа разделување органите одат нанапред и затоа така изгледа стомакот, а тоа ја пореметува и дигестијата и работата на цревата.
Претпоставувам дека имам.. Како сте го решиле проблемот? Искрено со бебе сама дома не можам да кажам дека пазам на храна, тоа плус. Башка некако со благото на моменти наместо да јадам ќе земам благо и се заситувам, иако знам дека е погрешно..
Провери дали имаш и колку прсти е. Ако не е преголема може и сама да се затвори, но најдобро се затвора со вежби. Побсрај страна-две поназад, имам ставено видео со вежби.
Здраво мамички дали има некоја мајка како мене да ме утеши малку забременив со 77 на порагај бев 112 дома дојдов со 107 сега сум 103 дали ке се вратам во нормала или никогаш јадам 2 3 пАти на ден комбинирано и дојдам и ад и ке полудам кг кога кр ги снема
секако дека можеш да ослабниш само здрава храна повеке салати бидејки доиш избегнувај газирано,благо,бели пецива пиј повеке течности,вежбај. трпение и упорност
Дали некоја била на вакуслим третманите за топење на обем околу стоак после пораѓај? Гледам доста имаат ефект со тие ако има некој и студио да препорача ко гума да имам околу стомак хах
Тесла формер гледам прават после бременост, Сара Мејс баш ја гледав… Јас за лице конкретно сум била, за ова не би знаела што да ти препорачам. Можеш да се јавиш или да закажеш ке ти објасни докторката што е најдобро за тоа што го сакаш.
Јас сакам да почнам со Тесла формер ама уште размислувам. Скапичко е ама ако има ефект би ги дала парите. Да не имаш пробано?
Не. Имам правено третмани на лице, тесла конкретно не. Од денес сум на режим на исхрана Да пробаме прво вака.
Јас немам вишок кг исто сум како пред бременоста ама стомаче имам уште и многу се нервирам. Од понеделник се враќам со вежбање во сала па ќе видам и за теслата
Јас почнав со 73-4 а на пораѓај отидов со 99 искрено да не звучам разочарувачки али иста сум. Бебето е само на доење, јадам во денот кога стигнам и што стигнам да јадам затоа што сум сама нема кој да ми помага, освен што чекам маж ми да дојде од работа за да “одморам” малку а не јадам многу, како викааат по малку како ужинки ама ете… од болница се вратив со 88 кила и сега моментално имам 83-84, зависи. Од секогаш сум имала проблем со метаболизмот, мрзливи црева и со оваа промена мислам дека бетер стана и еве и после три ипол месеци скоро поминат од пораѓај не можам да се вратам во нормала. Можеби уште треба време, не знам, али надеж не губам на крај краева здравјето е најбитно пред се, да не направиме некој друг проблем