Не се откажувај, не се откажувам ни јас.. би требало за некое време да се вратиме во нормала.. сигурно постои соодветна терапија за тироидната
Пагам во депресија малиот направи 2месеви и 2 дена а јас само 10 кг имам изгубено пто ке правам уште 25 јадам само 1 околу 17часот појадок ми е една банана и праска или мандарина и толку но денес каснав околу 20часот малку грицки и осеќам грижа на совест
Штом имаш желба ќе се вратиш не се секирај. Сеуште е многу рано јас и со двете деца најмногу кг изгубив по 9м од пораѓајот. Со првото имав +20кг, со второто +30, и јас бев очајна, никогаш во животот не сум имала вишок кг освен во бременоста. Читам што си пишала. Многу малку храна е тоа што го внесуваш, не се изгладнувај плус и доиш ти требаат протеини не само овошје. Јади овесни каши наутро, за ручек повеќе протеинска храна, салати најбитно многу вода и полека ќе се вратиш на старата килажа. Биди колку што можеш во движење со количката, дај си време, премногу е рано. Плус доаѓа лето и слабеењето ќе стани полесно .
Ако продолжиш со таква исхрана само ќе го забавиш метаболизмот и ништо нема да направиш. Почни поздраво да се храниш и имај три нормални оброци и ужина. Можи нема да изгубиш 10кг во еден месец ама битно нема да го забавиш метаболизмот и нарушиш здравјето. Биди истрајна и ќе си се покажат резултатите.
Здраво мајки, не знам прашањево дали е за тука. Откако се породив многу сум напната и нервозна како друга личност сум, за ситници се нервирам а порано не бев таква. Инаку породена пред 14 месеци и уште се доиме. Да не е можеби поради хормоните. Некое чаре да сум расположена и релакс?
Исто сум и јас. Цело време се карам со маж ми, се ми смета, сите ми сметаат, нервозна сум. Не знам што да правам веќе. Многу сум сменета, не сум таа што бев порано не се сакам ваква.
@shz Ова е бидејќи сега и некој друг зависи од вас, не е целото време само ваше и не можете да си се посветите само на вас. Од тука доаѓа и напнатоста и анксиозноста кога мора да ги задоволите потребите на бебето а после сопствените. Мора да се научите да живеете со фактот дека повеќе нема да е исто и дека цело време некој друг ќе биде поприоритетен од вас а тоа е бебето/детето и слично. Тргнувам од себе, претходно можев по цел ден да шетам по молови, да пијам кафиња, ручеци, шопинг, фризер, маникир, педикир. Сега ако стигнам да се избањам си викам јееес, направив нешто за мене во денов. Да излезам сама ангажирам цела армија и пак мислите не ми се во тоа што го правам, го мислам бебе што прави, да не плаче, да не е гладна и слично. Мора да научиме да живееме во согласност потребите на децата, додека се мали, после ќе не шитнат, какви гушкања, бацувања, а тоа малку време што ке остане квалитетно да си го посветиме на себе.
Да ама да се каже тоа на почетокот пример а јас веќе 10 месеци како сум породена уште малку година и сеуште е така нема никакви промени.
Јас пак некако посмирена сум. Така да не можам да дадам совет. Пред бременоста баш бев нервозна, избувлива, често ненаспана и уморна. А сега се будам расположена и наспана, енергична, се можам да направам, а помош немам од никој, живееме во друга држава сами сме а и мм работи на две места и барем 3 пати во неделата си иди дома после 20ч. Плус имаме куче кое е бетер од бебе. Треба да се прошета, искапи, нахрани погали... Мене ова некој сакам да ми го објасни. Мое мислење е дека не знаеме што не чека кога ќе дојде нов член во фамилијата и дека цело време треба да му го посветиш на бебето, да го распоредиш според неговите потреби, не можиш да спиеш кога тебе ќе ти текни, не можиш да шеташ кога тебе ќе ти текни... Од друга страна незадоволството со новото тело, влијанието на околината, свекрви,тетки стрини што солат памет и хормоните. Се тоа влијае на психата. Кај мене мислам дека ми годи тоа што сум сама и нема кој да ми соли памет и ми годи малку самотија. Не сум тип што сака цело време да шета и да биди нонстоп со луѓе и затоа ми годи да сум дома со бебо, имам мир. Се правам како што ми е мене ќеф. А со телото не сум задоволна ама помирена сум со фактот дека неможи да биди како пред бременоста исто како и секојдневието и затоа тоа не ме загрижува туку работам на тоа, на режим сум и вежбам и еве уште стомакот остана да го досредам. За било која ситуација да е, дури не се помириш дека сега тоа е така, ако не превземиш нешто за да смениш и бидиш трпелива и истрајна ќе бидиш нервозна, тажна, избувлива и тако даље.
И јас сум затворен тип повеќе уживам сама, но не живееме сами. Ми влијае и околината малку, но тоа е...
Е тогаш мораш малку заби да покажеш. Не да се расправаш туку да си кажиш што ти смета, а ако пак не можиш да се разбериш игнорирај и прави тебе како што ти е ќеф. Претпоставувам дека сите повеќе од тебе се ,,разбираат" во одгледувањето на твоето бебе и не те оставаат на мира.
Би сакала се да ми е рамно и да сум расположена но избувнувам... Во последно време им велам мое дете јас како сакам ќе го воспитувам. Фала ви на одговорите.
Што да јадам за да ослабнам? 3месеци поминаа откако се породив, јас качив 8кила… греота. Страден вежбач бев пред да останам бремена, а сега сум 82 кила и на ништо не личам. Ексклузивно дојам и не доаѓа во предвид да се изгладнувам. Давајте совети апетитот е плафон
Исто.. бебето е на доење, со килажата сме тука некаде 82-83 кила и само на доење и нормално чувствуваш глад. Ќе правам крвна слика шеќерот ми паѓа, раце ми се тресат ако не јадам нешто или ако не каснам благо, а јадам нормално како и пред да останам бремена и со нормални активности. Ниту мене ми се намалува апетитот напротив се зголемува
Mamicki aj ve molam kazete mi nekoi nacin ili vezbi kako da go namalam dolniot del od stomakot? Posle carski ostanat mi e mnogu stomak skros dolu