Ох , а спиеш ли доволно? Знам дека со малечко е малку тешко спиењето , но гледај да се одмараш колку што можеш повеќе.
Е сакам и јас ама нема Провери си крвна слика колку толку ќе се смириш психички. И мислам рече дека многу пешачиш, пробај некој ден да не си толку подвижна да видиш дали ќе има малку подобрување. Да не ги оптеретуваш дополнително со пешачење. Ајде мама ќе бидеме фит и на 35+(не откривам години) допрва ми е во план да се вратам на вежбањето и да се затегам
Со колената и зглобовите и јас мака мачам, 5 месеци по породување, се повеќе болат. Особено ноќе кога ќе ми се опушти телото по дремка, не можам да станам. Бебиња на под кога се едвај ги дигам, клекнувањето ми е ужас. Почнав да пијам колаген на pharma vital демек да ги "подмачкам" па ќе видиме. Јас мислев од беблаци дека цело време на нозе, во раце, клекни стани, не знам, не го поврзав конкретно со бременоста. Исто и многу калцификати ми се направија, во рамо, во раце... На лекар не сум била, и да одам ништо нема да ми кажат.
Јас мислев само јас сум изреметена, на сабајле неможам да станам и да одам од што ме болат, кога ќе се рздвижам поминуваат, почнав секакви филмови да си правам во глава, и јас сум во план некој колаген да земам да пробам, иако пред да останам трудна имав проблем со коленото колаген не ми помогна, едни други апчиња ми помогнаа ама знам не смеат во бременост и доење
Породена сум пред 2 недели царски. Пред бременост бев 48 кг, се породив со 70 (+22кг) и сега сум 59,5. Полека симнувам килажа, стомакот ми се намалува е ќе видиме кога ќе можам пак да си ги облечам пантолоните од пред бременост инаку втора бременост, а што гледам слики по првата после 20 дена сум ги облекла фармерките, само малку имав стомак. Сега чекам времето да покаже и се мислам баш дали ќе вратам толку брзо со оглед на тоа што овој пат се породив со 70 кг, а првиот со 67.
Мене после 5 месеци ме собра ако ти е за утеха Сега после скоро 9 имам 3 кг вишок и малку стомаче над резот.
Не ме болат во мирување туку на станување после подолг одмор. Инаку добра ви е идејава да почнам да пијам колаген и јас малку да подмачкам ако смее да се пие. Инаку јас уште пред бременост бев фалична, ама требаше врат да снимам зошто слушав чудни звуци во уши и остана така. Сега и ова со коленава ме спопадна Се надевам не си како мене, ама после вторава бременост тешко ми оди враќањето . Додуша јас и годинките ги имам, ама некако не оди надолу вагата иако вторава бременост ја почнав со помалку кг од првата. Стартав со 50, стигнав до 62-63, а сега сум 57-58. Не ми се ни застанува на вага во моментов. Ама си признавам и многу тесто и благо јадам. Наутро носам големиот во градинка и најчесто доручкувам во силбо. А во тек на ден кој знае колку благо јадам.
Мајки херојки, дали кожата на стомакот онаа подвисната вишок кожа се враќа со тек на време со вежби? Имате ли ваков естетски проблем? Сегде сум слаба и стомак ми се собра, дијастаз имма ама и збрчкан ми е стомакот од што е кожата висната. Или само пластичен хирург да си барам. Па патем препорачајте некој Ама пред тоа, ако вреди со вежби да се среди, ќе пробам.
Влегов во темава за истото да го прашам. Вратена сум на стара килажа, ама стомакот ми оди на нерви. Не е сало кожа е, ама личи на сало. Три месеци скоро откако се породив, не знам ќе се среди ли. После првата бременост што заврши во осми месец немав ваков проблем, одма се средив, а не ни почнав одма со вежбање. Мотивацијата за да вежбам моментално ми е блиску до нула, исто и енергијата. Дали два пати неделно ќе се натерам да направам нешто ситно. Ме фрустрира тој вишок кожа ептен.
Буквално кожата е вишок и затоа виси, ми се собра стомакот и како што излезе на виделина вишокот како хармоника стана. А пак и ко ми беше кафеав, оф, при капење, зедов го истрзав и падна кафеавото, грдо колку беше, ко покакан. Не знам чаре за кожава. Јас имам мислам и хируршки да ја коригирам. Ако некоја правела, нека сподели. За вежбање, имам волја, само излегува некои нешта што ме спречуваат. Време е.
Јас сум 13 месеци после породување, сеуште со вишок кожа, дијастаз намален од 4 на 2ипол и папочна кила. А и многу стрии пошо огромен ми беше стомакот, се породив во 41+ со бебе од 4300гр. Стомакот ми е скроз деформиран, да имам и вишок кила, не премногу, ама стомакот ми е крш. Бев во Систина пред некој месец да прашам што може да се направи и освен целосна tummy tuck операција друго решение нема. Ако раѓам пак, што ми е во план, ми рекоа операција не. Можда малку е намалено тоа свиснатото ама дека скроз ќе исчезне се сомневам. А кога би ослабела уште малку мислам упте повеќе ќе имам вишок кожа. Сум размислувала и за некои третмани ама немам време баш целосно да се посветам и да истражам што е соодветно. Во секој случај треба да прифатиме дека телото ни е сменето, иако мене ова нелои денови многу тешко ми паѓа.
Ај кога веќе се жалите сите, да се пожалам и јас. Градите ме мачат... Многу стрии ми се направија а преубави гради имав, сега жива катастрофа се со стриите, а фпрмата не им е лоша. Дали можам нешто да направам за корекција?
Не ми одговорија иако прашав, демек сега не ти треба. Само некоја мрежа што се става кај пупакот за килата беше некои 2 илјади евра. Не очекувам да е под 6-7 се вкупно, а зависи и што се треба да се направи. Не ви рекла дека е иста цена за се.