Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање во форма по породувањето

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 26 октомври 2012.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    11.190
    Пол:
    Женски
    Дали првата менструација по породувањето ви била пообилна?
    Јас денес наполнив 100 посто една влошка, а обично немам обилни менструации.
     
  2. the12345

    the12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше најобилна од кога имам добиено воопшто. Ми траеше 2 недели, сите чаршафи и гаќи ги правев лом. Дури мислев дека имам прпблем внатрешно со царскиот, дека крвавам.. за среќа не беше тоа. Ама на кратко, преобилна менструација без никакви болки пред и за време на тие 2 недели.
     
    На Снегулк@23 и elenaklasik им се допаѓа ова.
  3. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.038
    Допаѓања:
    40.377
    Пол:
    Женски
    Дали некоја правела фастинг за време на доење? Сакав да почнам со 14/10 ама читам поделени мислења. Некаде пишува дека не е препорачливо, некаде дека е ок. Начелно конс се заради квалитетот на млекото.
     
  4. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.243
    Откако се породив некако спонтано вечерата почнав да ја изоставувам. Што од умор, што од немање време. Најчесто последниот оброк ми е накај 6-7 и не јадам ништо до кај 8-9 сабајле. Пијам многу вода само кога станувам за ноќното цицање. Инаку додека јадам преку ден имам убави богати избалансирани оброци па можеби затоа издржувам.
    Проблем со млеко никогаш не сум имала, доењето фала богу ми е стабилно уште од првата недела дома кога си дојдовме.

    Како и да е што и да правиш, не почнувај многу нагло да кратиш саати да видиш како ќе биде.
     
    На Bebence29, Снегулк@23 и Ano им се допаѓа ова.
  5. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.038
    Допаѓања:
    40.377
    Пол:
    Женски
    Јадам овошје и зеленчук секако. Ручекот скоро секогаш ми е ок, ретко јадеме пржена храна, најчесто ни се здраво приготвени оброци. Периодов проблем ми е доручекот обично сум на нога зошто го носам големиот во градинка и шетам со бебе, па речиси секогаш ми е тесто:worried:. Фактички јас со фастингот би исфрлила доцни вечерни грицки и доручек околу 10 и би вратила поздрави оброци за доручек. Ок фала, така и јас го толкував дека се додека оброците се избалансирсни фастингот со овие рамки нема да ми е проблем. Морам од некаде да почнам, па на жешково сега ова ќе е оптимален прв чекор. Здравје наредно ќе е и редовна рутина за вежбање, пред се дијастазот да го средам, а после и тие 5-6кг што ми тежат и нормално малку да затегнам.
     
    На Bebence29, Снегулк@23 и Giovanna им се допаѓа ова.
  6. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.243
    Супер си, малку ти фали да воведеш ред, не мора од корен дa менуваш навики барем.

    Појадокот пробај да спремаш овесни од вечер во сад што можеш и надвор да го носиш, или направи некоја проја со додатоци. Ова секогаш ми успева пошто е тури промешај, а пак е вкусно и практично за организација.
     
  7. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    3.871
    Пол:
    Женски
    Мене ми беше баш обилна а претходно не ми биле, сум трошела пакетче влошки за 3 дена сега за еден ден го потрошив
     
    На DaftyCrafty му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    3.871
    Пол:
    Женски
    Јас имам премногу целулит на нозете не знам како да се ослободам, дојам пијам премногу вода сега плус и на жешково... Видов чај некој целулит микс, смее да се пие, искуства?
     
  9. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.746
    Пол:
    Женски
    И јас имам... Тешко чај дека ќе помогне. Кога ќе престанеш да доиш ќе си почнеш со мадеро или антицелулитни па ќе се среди.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Мене од целулит само вежбање ме спасува :)
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Малце може да ти помогне на биотен кремата за целулит ама таа - 5цм што пишува, мене ми имаше доста помогнато, но сепак треба вежбање за да се извади водата од тебе. И прашање е каков вид на целулит имаш и воден :)
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Вие што имате дијастаза, кои вежби ги практикувате? На земја легнати или во стоечка позиција? Пробав лежејќи, ама имам проблем со 'рбетот и брзо се откажав. Генерално ми се повлече поголем дел од стомакот со појас, ама осеќам нелагодност сѐ уште при легнување и станување. 5 месеци откако сум породена со царски.
    Може ли да споделите некој линк за вежби?
     
  13. Shekjer

    Shekjer Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    250
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
    Пиши на инстаграм. Dragana_fitlife има видеа за дијастаза :)
     
    На Снегулк@23 и DaftyCrafty им се допаѓа ова.
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    20.311
    Пол:
    Женски
    Од моето лично искуство можам да кажам не. После првата бременост имав веднаш млеко и преполни гради, не доев и не се променија воопшто. Сега дојам и планирам да дојам барем една година, моментално се речиси исти како пред бременоста. Носам 85ка Д корпа, и пред бременост и сега. Без градник не можам да се оставам од причина што носам влошки за да не претечам, така да 24/7 сум со градник. Се надевам нема да виснат кога ќе престанам со доење..
     
  15. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.170
    Допаѓања:
    20.311
    Пол:
    Женски
    Каков појас носеше и како точно се проверува дијастаз? Никогаш до сега не сум проверила. Стомакот бавно ама гледам дека ми се повлекува. Не е дека правам нешто посебно за да убрзам, а треба. :sweat:
     
  16. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Дијастаз е одделување на стомачните мускули што при бременост е честа појава. Ќе легнеш на земја на грб и ќе ги свиткаш нозете и како за стомачни да правиш ќе ги стегнеш стомачните и ќе брцнеш кај папокот со показалец дали има дупка и колкава е дали 1 прст, 2 прста истото е и одма над папокот и под папокот. :) И јас имав дијастаз 1 и пол прст и искрено од мрза не вежбав па нр ми беше ни стомакот виснат на средина или некако изменет да кажеш :)
     
    На Bella_Stella и DaftyCrafty им се допаѓа ова.
  17. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Јас имав многу болки и стомак како да сум сѐ уште трудна. Ме прегледа и гинеколог и абдоменален хирург и ми констатираа дијастаза. Во Медикус плус си купив појас за спуштен стомак, изгледа како голем ластик и се затега со лепенка. Уште го носам повремено, исто така ми беше советувано да не биде тоа константно и многу долго за да не се навикне мускулатурата на појас и да зависи од тоа.
     
    На Bebence29, Bella_Stella и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  18. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Благодарам :)
     
  19. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    11.190
    Пол:
    Женски
    Јас пак со кожата.
    Сигурно нема висната кожа да ја решавам со хируршки зафат, тоа знам, зш немам храброст нит пари..
    Дали може некако со други третмани, со ласер, со некаков апарат?
    Па не ми текнува каде дс се обратам, ординација Анчевски?
    Размислувам дали сакам и понатаму да се гледам со ваков стомак, не сакам.
    Значи ова не е сало, стомаков се повлече скоро, дијастаз да средам и кожата останува сто посто. Ќе виси каде инаку ќе оди, не се собира кожа сигурно. Како се наведувнсм нанапред, така паѓа збрчкана. Стварно ќе ми е проблем. Ај за плажа ќе се кријам, ам од маж ми ми е незгодно, како да се опуштам, не се чувствувам привлечно, сакам зс себе дс се средам, за моја самодоверба.

    Сакам и градите да ми останат исти, уште тие дс ми се смалат :(
    Може малце бар да имс мевце онакво здола полукружно?
    Ај задник можда ќе подигнам, имав порано убав, и тој отиде јабана со бремености раѓање. Со вежбање ќе го средам, дека секако генетски таму ми одеше храната, во задник и колкови, ама гради малечки, и да се смалат уште, леее :(
    Дајте жени нешто некаков начин.
    Да јадам многу, а? Купив и ленено семе демек :^)
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Телото го создаваш ти, но треба да вежбаш за да го вратиш телото не во оргинална форма но приближно можеш. Вишок кожа доколку имаш знаеш и самата како се решава тоа да не се лажеме сега.
    Screenshot_20230719_101317_com.android.chrome.jpg Овој лосион на нивеа со подолго користење од месец дена ја прави убава кожата, барем мене ова најубав ефект ми има дадено.
    За да се постигнат резултати најбитен е сонот на прво место па после се друго, ако не си одморена ни со вежбање нема да постигнеш ништо зошто ќе немаш сила, на второ место е количество на внесување вода и трето место е храната. Кога се ова ќе го склопиш во едно ќе си добиеш тоа што сакаш. За градите ќе си правиш вежби со тежина барем да го набилдаш мускулот и нема да ти изгледаат толку виснато и пробај ја оваа крема Screenshot_20230719_102217_com.android.chrome.jpg може ќе ти заврши работа :)
     
    На elenaklasik и sani99 им се допаѓа ова.