Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање во форма по породувањето

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 26 октомври 2012.

  1. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.397
    Допаѓања:
    1.378
    Каде ја има кремата за гради?
     
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Во сите подобро снабдени маркети Тинекс, Веро, ДМ.
     
    На elenaklasik, Снегулк@23 и sani99 им се допаѓа ова.
  3. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    11.186
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на сугестиите.
    Каде да ја најдам кремата за гради? Којзнае дали е компатибилна со доење :) сепак би ја зела, и лосионот ќе го земам.
    Фала :*
    Го прочитав одговорот. :)
     
    На Brpbrp и sani99 им се допаѓа ова.
  4. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Јас не знам каде, па тука ќе прашам. Во бременоста ми испукаа многу капилари и ми попуштија вени иако качив 9 кила со близнаци. По породување одма си ја вратив старата килажа, дури и послаба од пред тоа, ама нозеве продолжуваат да ми се шараат, секој ден нови капилари гледам. Одвратно, ко стара жена. Од тежина не е сигурно, 46 кила имам, не знам од што друго може. Мачкам гелови, пијам флебавен, ништо не помага, секој ден е полошо. Ај што веќе морам до крај на живот во долги фустани и панталони, ќе се помирам, ама некое чаре за болкиве и отоциве? На трансфузиолог бев двапати додека бев бремена, ми кажа нормално е, нема ризични вени, тоа ти е, лек не даде.
     
  5. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    3.871
    Пол:
    Женски
    Отиди пак на трансфузиолог, тогаш било нормално дека си била бремена сега е друга ситуација
     
  6. Bebence29

    Bebence29 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    пробери си ја тероидната.
    јас еве 2 месеци по породување уште имам отоци ми ја зголемија дозата на еурирокс и сега спласнуваат пополека.со гумени папучи по дома одам ,на боса нога неможам да згазам од што ме болат,хипо тероидна прв пар во 8ми месец во бременост ми се појави
     
  7. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    @Снегулк@23 @Bebence29 фала ви, ќе проверам и тоа и тоа. Ме нервираат докториве, ништо не сфаќаат сериозно, само да те откачат побрзо, та на државно, та на приватно. Ете на тироидната не ми ни текна, а ми варираше претходно и не ми даваа лекови. Отоците ми се прават во тек на ден, насабајле нозете ми се како порано, во тек на ден збумбаруваат, а навечер неподносливо болни.
     
    На Bebence29 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  8. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    2.874
    Пол:
    Женски
    Д димери испитај, односно комплет се на трансфузиологија.
     
    На Tess36 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  9. Mrchendajzer

    Mrchendajzer Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    има некоја што после една година од породувањето е со иста тежина како во 40 недела? останав бремена со 60,се породив со 74,по една година се уште имам толку.Крвна слика ,шеќер и тироидната се ок,внимавам на јадење само не вежбам, бидејќи сама сум со бебуш.Совет?
     
  10. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.607
    Допаѓања:
    8.369
    Пол:
    Женски
    Па реално вака и не ми изгледа премногу. Зависи колку си висока. Јас се породив со 65,ослабев и пак се вратив на 65. Веројатно ако не се движиш многу па и потешко се симнува ама па и кај да одиш на пеколот.
    Штом разлади ,пешачи со бебе у количка ке се симнат.
     
  11. Mrchendajzer

    Mrchendajzer Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    159цм:(
    159цм:(пешачам кога можам и веројатно поспор е метаболизмот,ама ваква во огледало тешко се гледам
     
  12. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Само исхраната не влијае на тежината. Ти можеш и само овошје и зеленчук да јадеш, но работата е кога го јадеш. Треба дневно 5 оброци долидни да имаш, вода во изобилие да се пие, физичка активност и најбитно СОН. Додека не си го средиш спиењето џабе се од горенаведеното и да го правиш ти кажувам од личност што пред бременост сум вежбала ама сум спиела по 4 саати и никаков ефект не сум имала кај некого премногу влијае сонот кај некои храната се е индивидуално до организмот. :)
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Тоа веќе испитав минатиот месец, во нормални граници паднаа по терапија со клексани и после бременост.
     
    На Bebence29 и Kolache na mama им се допаѓа ова.
  14. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Дали после пораѓај папокот ви е малце поразличен од предходно? Не ја има истата форма скроз…
     
    На princess5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Да :)
     
  16. Madam S

    Madam S Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2020
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Јас со стартна 48 останав бремена, се породив со 60 во 2021, сега имам околу 45, но секој ден забележувам нови и нови капилари. Разликата од тебе ми е што немам болки и отоци. Пред некое време со една другарка зборевме и ме упати да направам доплер на долни и горни екстремитети.
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Значи да си очекувам и натака...Доплер направив при крај на бременоста на приватно, и таму не се замараше докторката, као ај бе ништо не ти е, ни препорака за натаму нешто да проверам ништо. Ќе барам сега друг поасален доктор, синоќа плачев од болки, ме виеше цела нога.
     
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Да не имаш некој тип на ревматоиден артрит штом имаш болки можеби треба и ревматолог да посетиш па да те советува.
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.169
    Допаѓања:
    20.311
    Пол:
    Женски
    И мене ми се појавија капилари после бременоста, а немам вишок килажа. Се поправив 11кг и одма ги симнав, сега сум 2кг послаба од стартната. Болки и отоци немам, освен повремено што знаат колената да ме болат. Дефинитивно телото не може да биде исто после бременост, барем некоја последица си останува..
     
    На sani99 и Bebence29 им се допаѓа ова.
  20. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.169
    Пол:
    Женски
    Не знам, и тоа е можно, нема зглоб и коска што не ме боли, посебно на рацете, прстите, лактите се. На крвната слика нема индикации, ама болкиве се веќе неиздржливи. Кој знае што имам, секој ден се гледам по нозе со нови капилари, модрици, рани, а не се сеќавам дека сум се удрила некаде, а и не е можно секој ден да се тепам во нешто на различно место. Ќе треба да идам на консултации како и да е.