Мислам дека сам ќе си се повлече, а со мојот црн што праиме? Не паѓа никако, кафеав е ко небањата една година да сум
Ќе се врати во нормала и мојот беше така. Дури и под мишки имав дамки црни како небањата жив срам. Ама после пораѓај се среди се али после едно година и пол накај две
И јас тоа се прашувам. Линијата бледнее, стомакот вовлечен, дури и мускули се познаваат, а над рез имам еден дел кожа само, баш како линија над рез. А госпожава си купи купаќи ниски без да размисли и сега ќе ѕирка, ама тоа е.
Тоа е сепак од тело до тело. Јас имав огромен стомак и поред дијастаз мене никогаш не ми висеше стомакот али тоа е генетика што ја имам наследено од татко ми на него му е како лубеница и колку и да ослабува и да се дебелее стомакот никогаш не виснува. Со вежбање колку може да се повлече и стегне остатокот се знае како се отстранува барем во денешно време има различни методи али сепак купачи и гаќи со повисок струк, мидер и тоа е нема совршен човек. Тоа што го гледаме по интернет и тв врска си нема во живо пуни се со целулити, брчки, сало итн.
Здраво, не најдов друга тема па да прашам овде, Дали некој слушнал за абдоминопластика по царски рез (во истата операција)? По завршување со царскиот ја отстранувале вишок кожата, читам дека е практика во други земји, дали има непто слично кај нас? За mommy makeover по царски препорачуваат да помине 1год, па ова ми звучи како средување ‘на еден трошок двете работи’.. што мислите вие?
Ама чекајј можеш самата да го истриеш папокот за да падне темниот слој. Мене и стомак и папок ми беа кафеави. На едно капење зедов да тријам па со топла вода омекна и излезе. Да не пробав, ќе мислев дека самото ќе се исчисти. Омекни го прво со крем и на капење со нокт малку почни да отстрануваш.
Зависи искрено, кај нас не се замараат на државно за ова. На колешка моја со царски се породи она така бааги покрупна беше и правеле вакво нешто арно ама двете страни неизедначени од едната страна извадиле масно ткиво и кожа од другото не, со еден збор подобро да не пипале. За ова се оди на пластичен хирург кој си ја знае работата подобро како елена што има пратено посебно да се отиде, да ќе имаш болки исто како со царски сепак ќе се работи таму ама брзо проаѓа сето тоа.
Женски, здраво како сте? Јас да се исплачам овде морам. Да не кукам цело време на маж, тука која сака нека дава утеха. Фркава е за градите. Саботата бев вечерта на свадба, бебе не цицаше доста време, можеби 10 часа. Сѐ ок, ама веќе накај 22 ч ми надојде млеко осетив. И помина струењето. Кога дојдов ноќта, во 1 по полноќ, мајка ми веќе му имаше дадено млеко. И мене градите веќе стежнати. Едвај чекав да стане да цица. Бидна дури во 3 и пол, ми олесна. Вчера ноќта исто цицаше многу. И уште вчера дента забележав дека градиве ко издувани малку, не беа ко пред 2 дена дс речеме, пред надувувањето. Леле како се натажииив, значи мислев ќе уживам уште малку. Не дека ептен отидоа во друга крајност, ноо јас забележувам разлика. Е па женски, многу сум скисната. Зарем од едно преполнување добија порака да се намалат? Или она обратен ефект, нагло се подуја и кога се испразнија, пууф намалување. Ја премислувам работата, како да сторам нешто колку од толку, можеби нема чаре. Неизбежно е, ќе се смалат. Ама жени, нејќамм Се турив од мислење, едино што ми текна е повеќе да јадам што и сакам ептен да зголемам 6 7 кила и можда и во гради ќе оди. Зошто пред 10 дена беа поинакви, покружни, сега ко поистехнати, ко да се смали она полукружното под пупките. Дали можеби дека пред 10 дена бев во овулација, па имаше влијание, сега сум пред добивање и никако да дојде. Како да јадам повеќе, не знам што, ми фалат калории плус. Не постигнувам со храна. Дали и вие сте такви за изгледот, многу се анализирам, особено по второво дете. И ми влијае на расположението, расеана сум, сакам да си бидам женствена, задоволна со себеси, а и добра за маж ми. Ете, го кажав. Ај дајте некој совет, како да се прифатам, очито тек допрва ќе се мачам ќе мелам мозок со овие работи.
Не се анализирав јас нешто премногу и претходно, а и сега нешто не многу. Веќе ми е вратена тежината од пред пораѓај која и така не беше некоја премала, ама си поставив граница да одам надолу, пред се за себе. Ни за маж, ни за никој друг. Гледајќи слики од последната прослава на која бев, гледам дека ми потребна промена, почнувајќи од коса, гардероба итн. Си го поставив тоа како цел, малку по малку од работите да менувам до Нова година. За доење не дојам и за сметка на тоа дури и веќе ме стегаат градниците кои ги имав така да прво со тоа направив промена. Општо барем јас си се гледам како да сум проширена и во рамена и во телото без разлика на килата. Многу од алиштата кои ги имав сега не ми стојат како претходно. Така да малку по малку ќе правиме промени.
За маж ти си доволна таква каква што си, на децата им го пружаш најдоброто не е секогаш во градите. Некои гледаат гз, некои лице, некои гради некои не се ни замараат за физички изглед. И да се поправиш 6-7кила не ти вршат работа треба 20кг плус за да добијат градите нешто минимално ќе си купиш пуш ап градници и тоа е тоа. Одбирај градници што даваат убава форма на градите во пенти имаа убави и тоа за доење. Пробај физичкиот изглед да го средиш со облека и не се разочарувај нема совршенство.
Devojki kako se spravuvate so visokot kg posle bremenost ??(jas sum pred 4 m porodena) 2 pati na den jadam nekogash i ednas po malku kacise na vaga isto ne mrdam 7kg treba da simnam Ve molam nekoj sovet da mi dadete kako se spravuvate vie… dali ste piele caj ili tableti Vi blagodaram
Исхрана мила, не е до нејадењето, зависи шо јадеш, јади протеини салати и овошје, не сок, не шеќери, не кафе со млеко и дај си време