Некоја од вас да не има проверено на доктор дијастаз? И каде се проверува? Дома проверувам сама од клипови од нет
Тоа најубаво со фитнес тренери, како драгана, бубало, ана стојанова. И јас имав дијастаз дома сама проверив почнав со лесни вежби од нет и се среди скоро скроз.
Ќе легнеш на грб и ќе свиткаш коленици и треба да го стегнеш абдоменот исто како за стомачни да правиш. Кај што е пупакот ќе стиснеш со показалецот и средниот прст и ќе видиш дали ќе ти пропаднат прстите, моѓе да биде 1 прст, а може и 2 и пол па и 3. Пиши на нет diastasis recti и ќе ти излезе. Доколку имаш инстаграм заследи ја beckychoi_ има доста видеа и тие што имаат и болка во кичма и диастаз за вежби итн.
Друшка, за колку време го среди, колку прсти ти беше дијастаз? Ако можеш, вежбите би се замолила да ги споделиш тука
Одприлика за месец дена ова го вежбав, ми се среди и проблемот со грбот тогаш стално ми се случуваше ако заспијам на стомак да ми се здрви цело тело како парализирана да бидам.
Здраво. Доколку некоја знае да ми каже, дали може да се користи евелин крема против целулит за време на доење ?
При доење ништо не е дозволено, кога ќе завршиш со доенечкиот стаж, прави и користи што сакаш за целулитот.
Здраво, денес 10 дена после породување за прв пат се вагав и уште 3кг ме делат до тежината што ја имав пред да останам трудна
да ве прашам дали имал некоj проблем многу брзо да му запре крвта-исцедокот (не знам како се вика) после порaѓај, што сте правеле? тука во Германија велат да лежиш на стомак на тврдо, масажа на стомакот и едни чаеви.. на 6 ден скоро ми запре, па ми почна по еден ден кратко и сега пак немам ништо. Трето дете ми е. Има ли некој друг совет како да ја размрдам матката да работи? Знам дека е опасно за инфекции итн внимателна сум ако имам признаци ќе одам веднаш на болница
Не можев да ја барам темата за менструација по породување. Досега имам двапати добиено. Нормално е да не ми е стабилизирана? Или вака ќе остане? Порано добивав од 26 до 29 дена, во просек на 27 28ми ден. Сега ми доцни по 5 дена. Ама имам мака со заспивање. Нормално ли е да ме фаќа несоница, очи ме болат, ми тежат, а ги затворам не можам да спијам, не осеќам доаѓање на сон, како мачење да заспијам. Има врска ова со хормони? Како да си помогнам...
Несоница те фаќа од премореност, а ако доиш сеуште нормално е да ти биде вака не е кај сите еднаш си добил и да тера така. Пробај да се одмориш малце од малце б6 земи смири се али ова несоницата ти е од хроничен замор.
10 месеци има бебе. Ми се спие, не можам да заспијам. И си седам будна. Дури кај 3-4 сабајле успевам да заспијам. Вака од околу 6 месеци кога имаше ми е. Како функционирам не знам.
Мене несоницата ми остана од првото верен пријател цели 4 и пол години се мачам по цели ноќи, последно пред да се породам со второво беше страшно, не спиев од 1 до 6ч а сабајле, рекорд ми беа 50+ сати без сон, ноќта пред пораѓај воопшто не спиев, 24ч на интензивна ни 1 сат не врзав, а ми ставија дијазепам венски, дури ко не префрлија во соба ноќта кон 4,5ч сум заспала 1 сат фацата сменета ми беше од замор. Сега со бебево заспивам одма навечер, 1 месец е. Станува на 2, 3 сати за цицање ама презаспивам. Ќе видиме како ќе биде понатака.