50+ саати на апсолвентска кога бев издржав и кога се вративме мислам дека цела недела спиев Мене на 6 месеци почна да ми станува на секој саат, некогаш и на 30-45 минути и така тераше месец, ако не и повеќе сум заборавила. И од тогаш ми се изремети мене сонот, таман сум заспала, тој станал и така ми стана проблем да заспијам јас. Сега пак е во регресија и пак така станува, ама сега секако не спијам, па не мора да станувам А почнав на работа и кај 13 часот веќе почнува да ме фаќа криза.
Исто беше и моето така, на 30 на 45 мин катастрофа, цела ноќ на цицка, до 14 месеци цицаше, после тоа стануваше по 3 пати пак и вода пиеше, конечно на 2 и пол години ја врза цела ноќ, од тогаш до сега 4г и 9м е спие супер ама дотогаш мене ми остана несоницата.
Од неа може да ти е несоницата, затоа реков да ја провериш, хормони и ехо. А циклусот ти варира од половите хормони. Ќе се среди тоа, не се секирај.
Женски, најверојатно е уморот причина и хормонските осцилации пред добивање. Вчера ноќта спиев, имав одмор колку толку. Ама и будењето на малово двапати секако и ако има и третпат си го прави своето со изместен сон. Ко на штрек ми функционира телово, знаете, демек онака состојба на алерт и сега ете, мислам од тоа е плус. Лоша работа е неспиење, многу тешко. Ама не дека ми е ова често, но, се случува, дали од мислење, дали телефон плус што ми се свети, се залажувам демек ќе ме успие. И кога не спијам доволно, телово калории ми бара, оти знам дека преку ден со деца не можам да дремнам, и што ми преостанува - да мелам. А денес 28ми ден. Добиив. Конечно. Еве сега точно на денот. Уште не е зацрвенета, како на потемно, ко на кафено. Веројатно е нормално да е таква. Утре ќе мени. Добра ноќ
Еве втора вечер со тешкотија за да заспијам Ве има и други? Горе долу арно беше минативе периоди. Што бидна сега...
Еве ме мене , наместо да спијам додека спијат бебињата јас блеам у моб и листам форум после долго време, пред некоја вечер легнав накај 10 се разбудив у 1 и си пуштав машини на евтина струја
Веќе два месеци сум така, не само тешкотија да заспијам, туку некои ноќи и ич не заспивам. Јас цела бременост се борев со несоница, откако се родија, ме стигна уморот и заспивав во секунда, ама еве од крај на јули мислам ми почнаа мислачки, паники, а и децава страшно немирно спијат и никако да се опуштам и заспијам. Тешко картичкава, кога не држам бебе в раце, шопингувам онлајн безвезе, од што нема што друго да правам во тие саати. Чаре не знам, пијам еден куп глупости за кичмава, витамини за опуштање, не помага. Сепак мислам дека кај мене најголема причина е ocd-то, никогаш досега не ми било толку изразено.
Дали имате вишок кожа по породувањето? Мислам на малку, не нешто што е за интервенција. Пример кај мене се вратив и подобро од пред бременост, стомачните се гледаат пак, дури и подобро ама приметувам како порастегната кожа, ма да и до царски сум породена ако има врска и тоа. Исто и различна форма на папокот ( може да е од повеќе кожа) Дали со текот на годините со вежбање скроз ќе ја снема или? Искуство некој што актовно вежба. Јас 6 месеци сум активна секој ден па ме интересира
Ако мислиш на целиот стомак немам. Имам малку полабава кожа веднаш над царскиот, еден мал дел. Почнав и јас да вежбам и да пешачам но не секој ден. Правиш специјални вежби за стомак за после царски?
Да на тоа мислам, над царскиот. Иначе не, не ни знаев за дијастаз многу што е па почнав одма со потешки вежби, не сметав дека е толку важна работа, но била ама веќе се навикнав на вежбање со тежина ( мала тежина), можеби е грешка ама бидна веќе
И јас не сум многу информирана за дијастаз. Секој ден викам ќе проверам дали имам, нели има начин, но се нешто заборавам. А и докторот кога го прашав, тој што ме породи, ми рече дека ме сошил и дека не може да имам.(ако точно сум разбрала тогаш). Иначе мене под папок стомакот ми е малку како подуван и тоа ме нервира. Горе немам проблем. Едит: а за кожата стварно не знам. На колешка ми и се собра таа кожа после 15 м. Нека каже некоја мама тука дали и кога и се собрала таа кожа.
Конечно решив да се проверам за дијастаза. Језа ме фати луѓе, го имам тоа растојание од два прста, односно како во дупка да бутнав прсти. Гледам јас дека стомаков не ми е нормален, и после прва бременост имав ама не ваков. Џабе вежбам цел месец, сигурно има други вежби за ова. Радо би одела и на пилатес, ама бебе не седи без мене ни пола час, до пред зграда одам плаче до зајдување. Ако знае некој вежби за дијастаза нека пушта линк..
Здраво мајки дали некој ја има postpartum програмата на rizovaenn ? Породена сум со царски пред скоро 2 месеци, се е во ред со раната. Килажата ми е иста како предходно ама телово не е. Секогаш сум била активна ама сега и немам баш време да барам по интернетов вежби и сл. Па добро би ми дошло се на тацна да имам а и на попуст е како што видов програмата, некоја да сподели искуство и дали вреди да се уплати?
Затоа што се што се ослободува при масажите, оди во млекото. А тоа се насобрани токсини во масно ткиво. При мадеро масажа почесто мокриш без разлика колку течности внесуваш, со цел да се исфрлат токсините од телото.