Јас сум пред 2 и пол месеци царски, уште немам отидено кај матичен (причина болни деца) имавме и ние обид пред некој ден ама неможев многу ме болеше и де откажавме.
Има на инстаграм Мери Амбросова ставено видео како се проверува. Јас како што разбрав дијастаз е раздвојување на стомачните мускули поради бременоста. Патем, знае ли некој вежби за дијастаз?
Отвори на ут има многу видеа Инаку има српска апликација FitFLIX се вика, ја видов кај adrianakadar и таа породена со 3 месечно бебе мислам. Апликацијата има вржби јадења со рецепти, првиот месец е бесплатна, вториот со 50% попуст некој си 2-2ипол е и после по 4е секок месец. Тренинзи од фитнес инструктори, да бираш можеш програма. Се на се многу убаво за ефтини пари.
Имаш на Youtube. Јас ги правам вежбите од Lauren Fitter. Има три видеа од 10 мин, вкупно 30. До сега само првите две ги имам извежбано. Диастазот ми е намален. Но долниот стомак уште стои малку. Планот ми е скроз да го решам диастазот а после да се посветам на долен стомак. Од пред 2 дена почнав и вежби за нозе, 10 мин. Ќе бидам задоволна да продолжам со ова темпо до март а после можда би направила третман со ендосфера. Ме интересира дали некој правел или знае некој што правел, за да се убедам ми треба информација од лично искуство?
Породена пред 8 месеци царски, и кога докторот кажа да не вежбам јас се чувствував спремно и одма почнав со стомачни. Телото ми е подобро и од пред бременост, стомачни имам, но за жал бидејќи не послушав имам дијастаз од 2 прсти. И кога стојам се познава дупка кај папокот, тоа е сигурно дијастазот. Се решил ли некој од дијастаз одпосле?
2 прсти. Баш сега проверив 25 септември сум пишала тука дека сум проверила веднаш и дента почнав да вежбам. На почеток секој ден, сега ради обврски не баш. Но сепак внимавам барем 4 пати неделно да извежбам. Немам проверено со прсти сега до кај сум, но се гледа голема разлика. Горниот стомак кај што ми беше подуено скоро и да го нема. Доле имам иако каде каде намален но тоа ќе треба да се затега и после вежбите за дијастаз бидејќи од царскиот не верувам дека скроз ќе се повлече.
Едно по друго, стомак вежбам вкупно 20 мин. Првото видео е најлесно, после следи потешко. Третото е најтешко уште не се осеќам спремна за него.
Колку време после царски почна да вежбаш? Јас сум 2 и пол месеци пп килажата е како пред 10 год што сум била и поќе, 65-66, со 69 почнав бременост, 78 бев на пораѓај. Ослабена сум отповеќе а јадам се, леб, благо, на вечер јадам, ме слабее доењето мене и сега и со првото дете исто беше. Плус болести на децава, нерви со нив Е килата избегаа ама телото нормално е растресено, меко, не е исто, плус стомак горен дел ми стои, кожата си ја имав отповеќе од првото дете, си стои таа, сакам да почнам нешто малку да вежбам ама уште не сум била на гинеколог од болестиве не стигнав...
Рано е мајка. Почекај уште малку на телото му треба време да се стабилизира. Јас почнав после 6 месеци. Пред тоа имав некои обиди за обични стомачни, не знаев дека имам дијастаз но ме болеше резот. Провери се дали имаш дијастаз, баш тој горен стомак го имав од него. Телото и мене сеуште не ми е вратено во форма но се тешам дека и после првата бременост му требаше време да се среди. Сега имам и години може и нема да биде исто но со малку вежби и може некој третман мислам дека ќе постигнам да сум задоволна од себе. Како мотивација си купив два кроп топа, кога ќе ги облечам ќе видиме
Толку можев Оли, на почеток истегнување малку и вежбите од првото видео дур малку влезам во форма. После кога се осетив дека можам вклучив и вежби од второ видео. Некои вежби што осеќам дека ми пријаат си ги правам по два пати. Ако си во форма можеш веднаш да почнеш со вежбите од двете видеа па после да си ги вклучиш и од третото.
Мене се ме боли, кај од доење, кај од неспиење, од цел стрес на телото од бременост, пораѓај, се наведувам неможам да се исправам од што ме боли половината 34г сум не се малку секоја год се осеќа, тежи башка 3 операции во 5 години (2 царски, 1 жолчка, плус киретажа) Ама здравје прво на гинеколог др недела па како ќе можам така, ќе ги видам вежбите од погоре за горен стомак.
Баш кога ќе можеш провери колку прсти ти е сега дијастазот, ме интересира чисто за колку време се средува. Почнав и јас секој ден видеата да ги вежбам. Престанав да вежбам стомачни и со тегови. Бељата е веќе направена, ама кога предходно не знаеме дека постои дијастаз, ете си правиме полошо. Се надевам може да се среди иако имам 6 месеци вежбано стомачни.
Ќе проверам и ќе пишам. Искочена сум моментално. Ме интересира со оглед на тоа дека си вежбала подолго време стомачни дали имаш некоја промена во стомакот или е ист? Што те натера да се посомневаш дека нешто не е ок?