Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање во форма по породувањето

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 26 октомври 2012.

  1. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    4.900
    Пол:
    Женски
    Дали слабеете од доење?Јас многу ослабнав, јадам 2 пати дневно околу 11 па околу 17, не вечерам а бебето цица,се породив лани во Септември излегов мислам со 75 кг сега имам 59 посе 13 месеци.Некогаш вечерам, ама ретко. сите веќе реагираат веќе дека сум премногу слаба и ми велат да не дојам веќе, и имунитетот ми е катастрофа, фатив некој вирус настинка уште на почеток на октомври и никако не ми поминува, примав и инекции и антибиотици и цело време сум преладена.Не знам веќе што да мислам, денес бев направив пнеумослајд и брисеви од грло и нос па ке видиме.
     
  2. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.863
    Допаѓања:
    18.016
    Пол:
    Женски

    Јас дојам два месеци апетитот ми е на next level благо многу ми се јаде ама гледам да е здраво нешто барчиња и сл. Ама слабеам, дома дојдов со 10кг. Минус сега имам помалку и од кога останав бремеба. Останав бремена со 68кг. Пред пораѓај на денот имав 78, сега сум 65. Никогаш волку брзо немам ослабено јас мака мачев, со вежбање здрава храна така одржував килажа, многу лесно се дебелеев до пред да останам бремена. Сега како по вода ми оди килажава, дури не ми е ни верно.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    1.810
    Пол:
    Женски
    5 кг ослабев, од 60 кг на 55 дојдов и не можам да ги вратам, а јадам убаво. ХЅ носам, коски и кожа сум.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. medena147

    medena147 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Ако ти е за утеха јас бев 58 пред да останам бремена 68 отидов на пораѓај сега имам само 44 кила.
    Јадам се ама не се поправам никако преслаба сум,ама малата ми е многу мала само 7.5 м а не пие ништо од шише не можам да ја одбијам.
     
  5. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Слабееш бидејќи малку јадеш, не е од доењето. Не дека не се трошат калории со доење, ама два оброци се малку и секако дека ќе слабееш. :)
    За подобрување на имунитетот витамини, храна, сон.
     
  6. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    И јас со 68 останав бремена. На порагај појдов со 75.5 а дома дојдов со 70 ама месец дена по порагај бев 62 и сеуште сум толку. 62-63 варирам тука. А јадам благо ко дупната. И јадам три пати како и во бременоста и пред бременоста, во тоа немам промена. Плус пијам витамини за доили. Јас лично не си се допаѓам. Ми го нема газот :lol:. Рамна тепсија. А мм вели аааа шо убава си сега :D
     
  7. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.863
    Допаѓања:
    18.016
    Пол:
    Женски


    Верувај од едни цицки на мене ништо немам друго, и колкови раширени. Ја ич не си се свиѓам сакам да се стегнам не мора да се поправам ама затегната да сум. Вежбам нешто нешто 2 3 пати неделно ама немам сила толку.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Јас ни колкови немам, тесна карлица. Како излезе 3610гр бебе од мене незнам :D. А цицки сега имам машала :D
    А за вежбање немам енергија ич, синко само бара внимание. Ништо неможам да средам по дома.
    Ама си велам кога ќе воведеме оброк оброк, фаќам пат накај теретана. Да се посветам малку и на себе :D Така еден подој ќе се скрати и нека се чуват и ранат со баба му :)
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Да да стомакот ми е поубав и од пред да останам бремена, баш само стомачни цел, дури и долен дел над царскиот рез се повлече скроз. Ама тоа се се среди со нормални стомачни. А за дијастаза се посомневав бидејќи над папокот имам како дупче и чуден е на изглед не е како предходно. И кога проверив стварно два прста. Може се проширило со оглед на тоа што правев стомачни и кревав тежина.
     
    На Nala37 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Читав дека е ризично да се вежба но зошто не прочитав искрено. Не ти е многу, не знам пред колку се породи но викаат до 9 месеци по пораѓај дијастазот може и сам од себе да се затвори.
    Би те замолила ако може да споделиш кои вежби ги правеше за стомак, поготово за долен стомак но ако има некои без тежина. Јас со тежина не можам да вежбам, ептен ми е тешко.
    И дали внимаваш на исхрана? Денес не стигнав да проверам за дијастазот, касно се прибравме. Утре ќе проверам. Одоговлекував до сега затоа што ми беше многу језиво кога ми пропаднаа прстите мислам дека желудникот ми се преврте, не сакав пак истото да го осетам.
     
  11. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Баш за тоа е ризично, нема сам да се затвори и ќе се прошири повеќе. Иначе породена пред 9 месеци. А за вежби баш само стомачни класични
     
    На Nala37 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.687
    Допаѓања:
    11.186
    Пол:
    Женски
    Мајки со дијастаз, дали имате како испакнато брегче кога се напнувате или при станување, низ дијастазот?
    Тоа што е? Како се поправа?
     
  13. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    4.900
    Пол:
    Женски
    како да знам дали имам дијастаз, воопшто не ми е јасно?
     
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Легнуваш на земја и ги виткаш колениците и само ја подигаш главата ги стегаш стомачните буквално како стомачни да правиш и додека си во таа позиција со рака ги ставаш показалецот и средниот прст доколку има простор, ако имаш дијастаз ќе ти пропаднат прстите може да е 1 прст може 1 и пол,2,3 кај секого различно.
     
  15. n0Limits

    n0Limits Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2017
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    668
    Пол:
    Женски
    Каде се ставаат, над папокот баш или? :)
     
  16. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.581
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
     

    Прикачени фајлови:

  17. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Внатре во папокот брцни и ќе видиш лево десно горе доле ќе осетиш празнината колкава е :)
     
    На n0Limits му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Тоа е. Се надеваме со вежби ако не би требало физикални ако постојат
     
  19. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    @Shekjerna над папок ако добро мерам е пола сантим, под папок не измерив, имам малку долен стомак и кога ги собирам нозете се собира и мешето па не можам да измерам.
     
    На Shekjerna му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    А знае некој во нашава држава дали постојат физикални за абдомен дијастаза?