Незнам каде да го поставам прашањево па тука пишав,породена сум пред 7 месеци и го дојам бебе ексклузивно, период до сега не сум имала,но еве веќе 2 пати во рок од 2 недели ми се случува да имам бледо крварење ,си мислев ќе пробие период но ништо,да се загрижувам да барам лекар или имате слични искуства после пораѓај пред да ви дојде период,дали е до хормони додека да се стабилизираат или да си барам преглед,тука многу се чека за закажување, затоа сум на мисла што и како.
Почнав со најпрости вежби по дома, не ми се верува колку се воспалив Пред бременост правев интензивни тренинзи, форма што сега ни одблизу не можам да ја замислам. Што ти значи пауза од 1,5 година. Се надевам дека мускуливе некаде во позадина памтат и дека нема пак со години да ја градам таа форма Тие што сте од Скопје, имате ли препорака за место за вежбање што овозможува некаква флексибилност со термини? Сакам да одам негде да вежбам, дома имам реквизити за се, ама мотивацијата ми е нула иако знам колку ми беше убаво кога бев активна, сега со се на куп тешко се наканувам.
Кога се препорачува со старт на вежби? Јас се осеќам добро,и мислам можам да почнам ,но ваше искуство?
Дојдов да ти кажам фала што ја спомна во темава. Почнав минатата недела, извежбав 4 дена: 2 дена првото видео, па два дена второто. Ова од фаза 1. Пред да почнам втора недела, проверив и ако претходно влегуваа три прста, пред почетокот на втората недела веќе не можеа три, се намали на два и пол. Сега терам втора недела, ќе вежбам пак 4 дена, но едно по друго 1 и 2, значи вкупно 20 минути. Следна недела ќе вежбам 6 дена. Не осеќав болка ни за време на вежбање ни после, лесни се вежбите.
Баш ми е мило што го прочитав ова. Вежбите се лесни, не бара многу време а има многу брзо видливи резултати. Не мораш да форсираш 6 дена ако не можеш. Вежбај ги првите две видеа недела две, после можеш второто и третото. Нај идеално е сите три но тоа ако се има време . И ти благодарам што сподели, верувам постот ќе биде мотивација за други мамички кои што имаат иста мака До лето ќе бидеме
Да, баш се изненадив од брзите резултати, а никаква мака од вежбите немав. Мислам дека секој ден би вежбала, многу ми недостига вежбањето. И со толку малку, како препородена ми е психава Бебе на едната половина од подлогата, големото се вртка околу мене и тој вежба као, па така успевам и наоѓам време. А чек, има и трет воркаут од првата фаза? Мислев дека се три фази по две видеа. Баш сум задоволна, ја препорачувам!
Три воркаут'а по 10 мин. Може погрешно се изразив. Третото е као и најтешко и она самата препорачува прво да се извежбаат првите две па после третиот воркаут. Иначе има и други видеа со вежби за постпартум. Се согласувам и те разбирам за психата, стварно многу позитивно влијае може и самото тоа дека правиме нешто и за самите себе.
Ми даде мајка ми оти на глава ми се качи дека ке ми останел стомак зошо она има стомак од бременост останат. Го облеков 3 пати жешко ми беше и тешко, а со царски сум предност е што полесно некако се движев ко некој да ми ја држеше раната се осеќав сигурно. Пред 25год не знаеле за дијастаз, нема вежбано ни 5 пати во животот и сега нема шанси да си го среди освен под нож, еве ме 5 месеци скоро после пораѓај неман виснат стомак. Никаква улога не игра мидерот според мене.
Не. Стомакот комплетно ми се повлече уште втората недела. Според мене, а и моето искуство, мидерот не игра никаква улога.
Носев со првиот царски тогаш имав и поголем стомак и потешко ми се врати во нормала улога посебна немаше освен што ми беше полесно за кревање бебе. Сега со втор царски склет ми беше и не го облекпв воопшто а стомакот целосно ми се врати во нормала за 2 недели од пораѓај
Која програма за вежби би ми ја препорачале од лично искуство? Освен на Ана. Немам килажа за симнување, само стомакот сакам да си го вратам, барем приближно рамен ко шо ми беше и да ги зацврстам мускулите на бутовите.
Тие што сте породени природно би сакала да прашам после колку време ви се разградиа конците? Кај мене е поминато месец и 6 дена ама уште ги осеќам. И дали нешто ставате на раната бидејќи осеќам и на моменти некое печење а немам никаво црвенило.
Здраво треба да симнам мин. 8кг. Како ? Не дојам.. Не спијам хаха Сакам и по малку да спортувам но чекам од лекар зелено светло. А и ко што не спие бебево како ќе вежбам не ми е јасно :/