Можеш да почнеш да пешачиш. Ем бебе на воздух ем ти излезена. Па после тоа ке фатите ред и ке си имаш време за вежбање
Со исхрана и кардио како пешачење,трчање,возење точак итн. Али ако немаш асална исхрана џабе. И најбитно од се доволен сон да не се разочараш ако немаш ефект а се правиш како што треба.
Породена сум 9 месеци, уште немам добиено, веројатно ради доењето. До душа и така не ми беа нешто сјајни циклусите, со Пцос сум. Веќе 2-3 месеци имам некој безвезален бледо жолт леплив исцедок, нема мирис, немам иритација. Направив брисеви излегоа чисти. Се чудам од што би можело да биде. Порано сум немала вака обилен исцедок. Исто и за косата ме интересира. До кога ви паѓаше? Дали дур дојам цело време ќе сум со влакна наоколу?
Дали чуствуваш знаци на овулација кога го имаш исцедокот? Кај мене помалку паѓа косата сега (6м од пораѓај) ама ми е ужасна,сплескана,тенка... Обично престанува да паѓа после 6-7м
И јас помислив да не е овулација зошто некогаш ме штрекнуваат и јајници, ама не е зошто го имам цело време. Матичниот кога бев на преглед и за пап и брисеви рече дека ако излезат брисевите чисти значи е од тоа што немам добиено. Го виде исцедокот и кога ми земаше брис. Мене ми нема намалено паѓањето, а 9 месеци откако сум породена. Не е нешто енормно, ама си паѓа. Среќа е што имам многу густа коса па не се познава. Ама ме нервира страшно што насекаде сеам влакна.
Со косата ужас сум и јас од 4 и пол месеци мн паѓа, не се осеќа и кај мене ама ме нервира секаде влакна, со првото до кај 6,7 месеци ми паѓаше...
Да си проверите тироида тие што мн ви паѓа коса. Јас после втор пораѓај ја добив, имам другарки после прв ја добија. Кажете ми после колку време од царски е дозволено вежби? Не сум дебела, не ми треба да слабеам, ми треба само мало меше ми остана после пород него сакам да го средам.
Мене ми дозволи докторката после 2 месеци кога бев на преглед. Ми рече раната супер зараснува можеш. Провери се за дијастаз прво, зошо викаат не смее вежби за стомак додека не се среди дијастазот. Мене косата почна од 4 месеци да ми паѓа топки вадам на секое чешлање, бањање а бе сегде има буквално мои влакна. Ако не престане до кај 6-7 месец ке морам да се проверувам, црвецот ми влезе од пред 2-3 недели за тироидна ама докторкава вика почекај до 6 месеци да се средат хормони и на организмот му треба време.
Да се пријавам прв тренинг вчера после една година без вежбање, денес едвај одам инаку и мене ми дозволија од прегледот после 6 недели, но јас одлучив да почекам да порасне малку бебуш за да не дај боже закачам некој вирус сепак се мешам со жени.
Јас примам терапија за тироидна од 2020та и редовно ја следам. Дури и тогаш кога ми се појави поблемот немав вакво паѓање. Не е до неа.
И јас примам терапија 10 години, никогаш не ми паѓала коса како после пораѓај. И после првиот пораѓај ми паѓаше.
Можеби и ќе добиеш во наредниве месеци. Мене со првото така ми беше после пораѓај жолт леплов секрет брисеви беа чисти и точно на 3 месеци од пораѓај добив. Сега пак истиот секрет ќе видиме кога ќе добијам. За косата мислам дека 2 години влакна собирав по дома страшно беше. Не значи дека и на тебе ќе ти паѓа толку ама кај мене така беше ситуација.
Пред да ја откријам тироидата косата ми паѓаше толку многу што мислев канцер дека имам. Једини симптом беше тоа и гуша. Редовен циклус и се друго ми беше скроз нормално. Затоа спомнав. @Bella_Stella @Sofi.ja
Нема врска доењето бар во мој случај, јас второто не го доев зашто не фати ич да цица, кратко се одмолзував и морав на ад да се префрлам, а косата баш ми паѓаше ужасно мн од тироидата. Пак ќе кажам тоа е у мој случај, не знам како влијае на друг организам мада очигледно не е правило...
И јас скоро 9 г Еутирокс (хипо и хашимото), коса не ми паѓала поради тироидната. Само на 3тиот месец доење некои 2,3 недели ми паѓаше и со двајцата. По тешко прележување корона, 2м ми паѓаше (тироидна супер со терапија, железо океј ми беше). Ама пак ми се врати после тоа, две коси на мене имам Можно е и поради регулирање на хормоните да паѓа, да не е баш поради доењето...
Можно е да е поради регулирање на хормоните да. Јас помислив дека е од доењето ради тоа што после првиот пораѓај не ми паѓаше, го изгубив бебето, не доев. Можеби кога ќе добијам ќе се стабилизира.
Јас со второто доев, ко да не доев. Ми секна млекото на 3ти ден, остана некоја капка и до 4,5м демек ја ставав да цица, ама и дохрана.. исто ми паѓаше како и со првото (а со прво млеко тон, само на доење беше).
Мислев само јас сум со таков случај. И јас со првото многу млеко а не цицаше се молзев, а сега помалце млеко и тоа доста помалце, а фати да цица ова бебе. Ми идеше да земам да се утепам викам трето да се нафатам да родам изгледа саглам ќе биде