Па јас имам резултати, уште првата недела кога помина, веќе не ми влегуваа целосно трите прста како претходно што пропаѓаа. Сега и не е толкава дупката, не оди нагоре, имам само како дупче точно кај папокот. Задоволна сум, брзо видов резултати. А зошто прво не вежбаше за дијастаз, а потоа други вежби да правиш откако ќе се затвори? Мислам дека и тоа има некаков удел во затворањето. Не знам, не сум навлегла подлабоко во ова, но мислам дека треба прво да се затвори, а потоа да се премине на други вежби.
Мајки дај те ми некој предлог. Породена сум со царски пред 8 недели Стомакот многу ми е спуштен- обесен Гинекологот ми вика да не почнувам со вежби до 4 месец Во бременоста се поправив 16 кг, а сега сум со вишок од 7 кг Дајте ми некој предлог не можам во огледало да се погледнам
Облечи мидер и нема да го гледаш. Многу е битно дали е повеќе кожа или сало. Сало ќе го оправиш али кожа под нож само. И слушај доктор што ти кажал.
Дајте нешто испробано за слебеење... Очајна сум, хормони плафон, дојам , а морам да ослабнам 10-15 кила од здравствени причини
И со првото ми падна, еве сега пак почна. . Мислам дека што не пробав првиот пат, џабе беше. Ако најдете лек, пишете. Од густа коса, пола ми ја нема, ама па двеве деца се со густи коси, па компромис, ми ја земале ")
Јас ќе го пробам шампонот што го препорача @0ли погоре. И мене ми е преполовена, а ептен ми беше густа. Маж ми вика само ти си осеќаш, демек не ти се познава. Ама ме фрустрира што кога се бањам, чешлам, сушам вадам топки коса. Да не зборам за влакната низ цел стан. Малиот почна да ги детектира, ќе најде некое и си игра.
Ах леле... И сега? Јас би прекинала со сите вежби и само за дијастаз би правела вежби. Сега имаш зацврстени мускули со стомачни, па можеби потешко ќе оди, не знам. Каков ти е планот? @Bella_Stella Пробај, не губиш ништо. Кога почнав да го користам, прво малку ми се влоши ситуацијата со скалпот бидејќи јас за други проблеми почнав да го користам. Но продолжив да го користам и мислам дека после 2-3 недели магично ми исчезнаа тие проблеми со скалпот и се среди. Дај му шанса, мислам дека би ти помогнал. Можеби и нема, не знам, но јас очајна бев и залистоци почнаа да ми се познаваат. Сега веќе немам дупки, ми се врати косата и кога почнав со овој шампон, постојано само ми штрчат нови влакна што морам да ги скротувам. Ништо друго во меѓувреме не презедов, ништо не сменав освен шампонот.
Знам дека е нормален процес. Ама ако можам да стимулирам да расте повеќе нова коса и барем 5% да се намали паѓањето, ќар сум. 9+ месеци сум породена, почна да паѓа од третиот месец, неподносливо е веќе.
Од Оли прочитав и јас за шампонот, го користам и не знам дали е до него но ми прекина интензивното паѓање и имам многу нови влакна. Задоволна сум
Ништо, сега само за дијастаз. Викаат нема врска дали сум вежбала класични стомачни, важно е дека се средувало. Па ќе видиме, ги почнав и овие од тебе па ајде да чекаме резултати..