Женски, откако добивте менструација по породување, дали некогаш ви се случуваат осцилации во температурата, де топло де студено? И дали во лицето ви жежи, образите ко со температура, црвени ви се прават? Дури ми се обележани под очите делот е посветол а надолу зажарени ми се.
После колку време од породување ги почна вежбите? Природно си или царски? Има програма и за царски, не знам дали смеам да ги почнам. Породена сум пред нешто помалце од 2 месеци
Околу 6 месеци после породување, со царски. И порано беше во ред кога бев на преглед, но јас не бев спремна, а и немав време. На преглед беше после породување? Доктор што вика? Инаку, овие што ги вежбам и за царски се, оваа Лорен се породила со царски и додека ги покажува вежбите, кажува дека може да се вежбаат.
Бев после 2ипол недели кај матичен гинеколог и ми кажа раната е добра, заздравува како што треба, ако и докторот што ме породи истото го каже( пошто и спомнав дека секако ќе идам да ми ја види и он раната) не треба да идам пак кај неа бар уште месец два. После недела дена бев кај докторот што ме породи и исто ми кажа. Јас се чувствувам дека можам, се мислам да пробам па да видам како ке ми иде. Имам многу вода во мене мислам, излезам ли до продавница јас сум препотена повеќе него да сум трчала и мислам со малце вежбање колку толку ќе исфрлам од мене вода. Вагава не мрда откако се породив, 5 на породување изгубив и уште 10 ми останаа
Потењето може да е и од хормоните Јас не сум почнала со други вежби, сега насочена сум дијастазот да го средам, после друго ќе вежбам. Иако, веќе мислам дека може да се префрлам на други вежби, 1 прст ми е раздвоеноста.
Три прста ми беше, онака убаво си влегуваа. За околу 6-7 недели. Прво мислев дека ќе вежбам 5-6 дена во неделата, но сепак одлучив по 4 дена неделно. Среда, сабота и недела пауза правам. Ти почна да ги правиш? Најтопло ја препорачувам, ниту еднаш не осетив болка, воспаление на мускули или некаква нелагодност во пределот на стомакот. Господ здравје да ѝ даде на @Nala37 што ја спомна во темава.
Браво стварно. Јас почнав веќе 2 недели да одам во kinestethic за вежби за дијастаз, доколку нема резултати ќе почнам и со неа. А кажи ми уште си на прва и втора фаза? Или се префрли на трета?
Би требало да имаш резултати, пиши баш. Јас уште првата недела со овие видов напредок. Двете фази ги завршив, се префрлив на трета. Двете фази по 3 недели ги поминав, па една недела вежбав заедно фаза 2 воркаут 2 и фаза 3 воркаут 1. Сега од утре две недели ќе терам фаза 3 двата воркаути еден по друг ако успеам. Ќе видам утре како ќе ми биде со оглед на тоа што се потешки веќе вежбите.
Јас немав проверено за дијастаз, си имам 1 цел прст после второво, после првото немав, 5 месеци од царски рана ок ама телото не ми е, се ме боли од замор и неспиење а сакам да вежбам морам малку да го средам дијастазот, јас сакам да ми се вратат нозете и газот Овие од Оли се токмам да ги почнам
Многу ми е мило што ти помогнаа вежбите. Господ здравје да дава на сите Кога сум овде да прашам, 10 м после пораѓај јас сеуште немам добиено мензис. Бев на гинеколог после 40 дена од пораѓај бев ок. Дали е нормално ова? (Бидејќи почнав да си правам 300 филмови)
Кога веќе ти пиша, да се пожалам и јас. Следна недела 2 месеци ќе правиме а јас уште крварам.. неколку дена немав ништо, после кафеавкасто а сеа веќе на бришење пак црвено.. да идам кај гинеколог или да почекам уште?
Алал да ти е ) ја добив 50 дена по пораѓај, иако ексклузивно дојам Инаку нормално е до 12м да не добиеш ако доиш. Секако провери да не си трудна ))
Па сега две недели сум, ќе видиме резултати после еден месец барем. Но добро се работи на проблемот задоволна сум