Бев на гинеколог вечерва и нема вежбање за мене. Наместо тоа ерготил - матката уште крв има и после 3 месеци. Не било страшно рече Коруновски ама ако не се исчистам до вторник ќе мора киретажа. Не дека баш сум нешто среќна, ама нека е со помин, тоа е најбитно...
Ајде, фаќај се за работа, што е тоа забушавање Почни кога ќе си спремна, сега можеби не ти е моментот. Пуштам среќа да биде успешно со капките. Има време за вежбање, нека се среди прво другото.
Добро е. Еве денес ја завршувам трета недела. Под папокот беше прст ипол, сега е скроз затворено. На папокот беше два ипол, сега е прст ипол. И нагоре беше прст ипол а сега е прст. Се надевам ќе се затвори скроз, од утре почнувам со втора фаза ❤️
Со помин. Би требало да се среди со капките. Не се плаши ако треба киретажа барај со анестезија ништо нема да сетиш. @0ли изгледа така е, од теживава на синко се ме боли. А да ве прашам само по еднаш вежбате 10 мин или повеќе пати повторувате. @Shekjerna
Јас фаза 1 ја правам едно по друго воркаут 1 и 2, значи вкупно 20 минути секој ден. Некако можеби и побрзо би се средила дијастазата но почнав да се спремам за маратон и почна пак да се шири па престанав, значи како да сум вежбала две недели а не три не знаев дека не смее интензивно трчање. А за вежбите сеуште се прашувам дали ги првам правилно искрено и дали дишам правилно. Па бидејќи @0ли о @Carolin. ја имаат затворено, можат подетално да кажат
Фала Вежбиве не ми се прв пат видени, ги имам и слични вежбано по дома, иначе сакам во теретана со тегови да вежбам некогаш ако најдам време Порано пред 6 год редовно вежбав в теретана, ама прво дијастаз да средиме 1 прст ми е мене. И стомак останат над папок со кожа многу
Ехе еден прст ништо не е, ќе средиш. Да прво среди дијастаз, бидејќи јас една година со тежина и трчање, стегнав многу стомачни па сеа потешко оди затварање..
Јас велам штом има напредок значи правилно ги правиш. Исто и за мене важи, ваљда нема да има резултати ако не ги изведуваме правилно вежбите.
Од секоја фаза ги вежбав двата воркаути едно по друго, 20 минути вкупно. Прво пет дена во неделата, па четири. А, добро, целосно можно е да се затвори? Да нема ни еден прст? Кога е време да се продолжи и со други вежби? Мислам дека кога ги поминав 3-те фази, тогаш вклучив вежби и за други делови на телото. Прво полесни, без скокања, без стомачни и кога завршив со четвртата фаза, тогаш почнав малку поинтензивни. Вежбам и други, но уште терам и со четвртата фаза, си ги правам и тие трипати неделно по 20 минути.
Е, добро тогаш, раат да сум. Фала за одговорот Мене 1 прст ми се направи околу 3-та фаза и веќе сметав дека е затворена.
Па јас таков одговор добив од стручно лице. Се зависи колку ни била предходно. @Carolin. Тебе скроз ти се затвори? Не ти е веќе ни прст?
Не е скроз, пак имам амаа треба да притиснам па да влезе прст на пр не како што ми влегуваа предходно 2ипол прста. Мислам тоа дека и со други вежби веќе кога ке се стегнат мускулите и тој простор ке се затвори.
Dali nekoj se soocil so nesto slicno, 8 meseci posle poragaj ja sum celo vreme ista kilaza 66.6, ni gram pogore ili podolu..Pocna da me zagrizuva dali e vo red ili ne.
Колку си висока? Веројатно внесуваш калории за одржување на оваа килажа и затоа не слабееш. За намалување на килажа е потребен калориски дефицит.
Па, немаш речиси ич вишок. Јас сум 170, па со 66 кг. изгледам скоро фит. Складно сум градена и имам поголеми гради, иако мислам дека идеална тежина ми е 62 кг. Ако толку ти смета килажата, пробај со намален внес на калории, сега зависи дали доиш или не, ама генерално само промена на исхрана нема големо влијание, ако внесот на калории е приближно ист.