Дојам,да. Па одвен во стомакот не се приметува толку килажата. Но стомакот ми пречи како да сум трудна уште.
Види, провери си прво за дијастаз. Имаше тука за вежбање после породување. Пребарај си. Па, ако е тоа во ред, можеш со вежби за стомакот да почнеш, ќе се среди.
Imate li problem so zatemnet pupak posle poragjaj? I kako da go opraam temen mi e toj del stomakot kako da ne e moja kozhata poso ja sum bela ko sirenje i samo tamu crno cudno mi e da se gledamm..
Пробај исчисти со хидроген. Капни неколку капки и прочечкај со чепкалка за уши. Кај мене имаше наслаги кои се исчистија на овој начин
1 mesec posle poragaj jas sum poslaba duri od pred da ostanam trudna. Ne sakajki ama oslabnav odma duri 1 nedela veke bev oslabena. Ne znam sto vlijaese ama i cela bremenost bev zdebelena samo 8 kg. Pa vaka ne mi se dopaga mn teloto, gazot nekade mi zaminal na odmor
Легни на грб, нозе свиткани, поткрени ја главата со плеќите како да сакаш стомачна вежба да направиш. Со прстите провери си кај папокот, над и под него. Има на Јутјуб видеа, ѕирни таму.
Си викам да почнам од утре Нов ден , нов месец малце посериозно да се занимавам и со мене Ќе редуцирам на исхрана, ќе почнам и со вежби за дијастаз а можеби и некое кардио ќе вклучам Незнам дали ќе вратам кондиција и тело како пред пораѓај, ама мора да почнам од негде А ова со сипанициве што ме фатија ме доспушти и ме приздебели Доколку имате идеа како побрзо да го снема вишоков кажувате
Баш денес повторно проверував 3 прсти ми е дијастазот, а претходно кога проверив- месец откако се породив ми беше 4. Денес почнав со вежбите за постпартум што беа споделени овде- видеото и воопшто не ми беа тешки- ги направив 2 пати. Плус и со калориите сум ок-500 Денеска сум со сите 5- само да продолжам вака Сакам и кардио да воведам имам 8 кг за симнување- кога ќе се видам си се разочарувам
Стрпи се за кардио, почекај да се затвори дијастазот. Никакви други вежби не треба да се прават додека не се среди. Прави ги вежбите како што се предвидени, секоја фаза по 3 недели најмалку, а ако сакаш може и подолго да се задржиш на одредена фаза. Дојди до 1 прст од прилика на дијастазот, после воведувај полека вежби, постепено зголемувај интензитет. Знам дека желбата ти е голема, но мора да се внимава на ова. Не те сфатив со калориите. Цел ден 500 калории си внесла или си почнала 500 калории помалку од вообичаено?
Пробувам да измерам дијастаз 3 пати и не осеќам ништо не знам да мерам или ми е повеќе од 3 4 прсти? Се забележува лесно ?
500 kal помалце Како што ми пресмета апликацијата треба околу 1500-1600 да внесам Не дека се малку, ама дека седам дома помини замини лапни и се си крева + со јаглехидратите гледам да не ги надминам да бидам во таргет За колку време се средува дијастазот од прилика
За колку време стигна до еден прст? Јас сум при крај со втората фаза од видеата и имам два, два и пол прсти.
Брзо почнуваат да се гледаат резултати, важно е да има подобрување со тек на време. Не ми текнува кога точно, ама околу трета фаза ми дојде до 1,5 прст и мислам дека кога ја почнав четвртата фаза, веќе имав 1 прст. Не сум најсигурна, наназад во темава имам пишувано како што имав напредок, пребарајте ве молам на лупата за моето искуство. И покрај тоа што се среди, уште вежбам четврта фаза, фини ми се вежбите. Од 4 се префрлив на 3 пати неделно и сега двапати ги вежбам.
И јас така кога не ми се поти за кардио, тежински тренинг или скока на јаже си ги правам вежбиве, да немам грижа на совест дека не вежбам
Ова со грижава на совест е интересен феномен кога си физички активен, знам на што мислиш Јас и вежбиве и плус други си правам во ист ден. Нема шанси да пропуштам, ќе пукнам ако не направам тренинг Станувам и додека уште сите спијат, јас на земја сум да ги извежбам двата воркаути, па стануваат сите, спремам доручеци, сите јадат, а јас прво вежбам за денот тоа што ми е испланирано (денес горен дел од тело) и дури потоа го јадам доручекот Ќе терам уште 3 недели по двапати неделно со Лорен, во вторник комбинирано со вежби за горен дел и во петок со вежби за стомачни. Кога ќе поминат 3 недели, ќе продолжам со нив еднаш неделно во денот кога ќе вежбам стомачни.
Поминаа две години откако се породив и сеуште имам стомак иако носев мидер одма по пораѓај. На редовен преглед пред некој ден гинекологот не ме ни пипна за стомак туку само кажа дека за дијастаз стомакот треба да е тврд, а кај мене не е тврд. Као со исхрана ќе се среди. Ама јас немам проблеми со килажа, само стомакот ми е. Дали кај вас со дијастаза стомакот е тврд?
Можеш сама да си провериш дали имаш дијастаз, не мора доктор. Покрај стомакот, имаш болки во долниот дел од грбот, надуеност? Погоре објаснувавме како може да се провери, пробај.