Јас ги пиев прегнантол ДХА во бременост и продолжив сега кога бев на контрола докторката ни рече да си земам прегнантол МУЛТИ бидејќи тие имале и витамини за мене а не само за бебето. Можеш да си продолжиш со тие од бременост, да си земеп други прашај во аптека ке ти препорачаат
Пиев јас фемибион и после породување пиев уште некое време ама ги прекинав. Сега сакам нешто да земам се осеќам без сила ама не знам што. @Carolin.
Пробај прегнантол или пак ургент Ц тие се за задршка на имунитетот 30кесички јас кога се осеќам дека настинувам ме фаќа прелада одма земам една кутија. Многу се добри
Доколку се решиш да земеш магнезиум и калциум пиј ги на растојание од најмалку 2 часа не заедно за да имаат ефект ова ми е од доктор кажано кога ги примав клексаните уште.
Спијам,јадам пијам течности. Не знам што се смени за вака да се осеќам без сила не ми беше толку лошо пред некој месец.
Мајки дали е некоја на диета додека дои и на каква? Мора да се ставам во ред не ја бива веќе ко усисивач сум за благо подебела од пред породување сум...
Јас вежбам веќе втормесец, ќе ми заврши претплатата уште малце. Не се лоши вежбите, 4 недели по 4 тренинзи од 20-25 мин, секој е различен и секоја недела е потешка за нијанса. Ако си ептен тазе породена океј се, ако си повеќе од година или си вежбала пред бременост мислам дека може и нешто понапредно да се вежба.
Дали имаш резултати и дали има посебна исхрана сакав баш и јас да уплатам? Никако не ми иде со слабеење да напоменам дојам, стомак имам ко 5 месец . Не јадам многу ама никако да ослабнам. Поминаа 6 месеци од пораѓај за 2 месеци сум на свадба сакам да намалам на килажа
Во обем да, на килажа не. Не ми беа многу интензивни мене, не се потев али за затегнување мускули добри се. Со поминати 6 месеци мислам можеш да идеш со регуларни вежби за слабеење, овие повеќе се за зајакнување на телото.
Морам да пишам дека не вежбав воопшто за дијастаз и сега ми се дуе стомак, ме боли половината. Некако едвај да се устројам да почнам, и најважно да терам. Има шанси да има ефект вежбањето или залудно би било?