Дали за дијастаз еден прст може да се прават некои масажи или третмани (вакум, мадеро...) или мора да се вежба за да се намали стомакот под папок? Две години поминаа од пораѓај. Друго се врати во нормала, стомакот остана.
Јас мака мачам демек да го ослабам делов над царскиот ама залудно тоа ќе да е вишок кожа друго нема што да е. Ама страшно ме нервира некпо си 2-3 прста така ми се тегнат исто и горе под гради а бебо високо го носев во желудник ми беше напикан мислам, тоа оправање освен нож не ќе да има..
Пред колку си породена? Почни со стомачни вежби ќе има ефект. Јас после првиот царски ослабев 24 кила за 4 месеци после шораѓај ама стомакот ко виснат малце беше. Кога почнав со стомачни вежби се врати во нормала.
Искрено не знам. Не знам ни како се здебелив 22 во бременост, зашто бев на диета поради гестациски дијабет. А не знам ни како ослабев толку за 4 месеци. Ништо посебно не прававев, доев и како да исчезнаа 24 кила.
Јас ослабев 14 килограми за 4 месеци и ист случај како кај тебе со стомакот. Од кога почна со стомачни? При консултација со гинеколог ми рече после 3 месеци може но без кревање ама јас пак некако сум резервирана за стомачни еве 5 месеци направи бебе
После 6 месеци ама со језа баш, пополека. Веќе после 9 месеци, баш она вежбање, инаку до тогаш страв ми беше. Иако намалив и килажа и стомак, никогаш не успеав да влезам во хс сукњите горе во струкот, како целосно да ми се промени тој дел од телото засекогаш .
Провери се за дијастаз прво, јас почнав некаде после 2 месеци кога направи бебо ама нередовно од кај 4ипол 5 месеци мислам почнав со вежбање 3 пати сигурно некогаш и 4 пати неделно. Ама најбитно немој да вежбаш стомачни ако имаш дијастаз.
-2кг за 1 месец, има надеж барем уште 6 да симнам одма се осеќам полесно. Почнав да вежбам нередовно по 6месеци, пијам мноогу вода мислам повеќе од 3л. Сега проверив дали имам дијастаз и немам ако правилно проверив само 1 прст влегува хах, на YouTube видов како треба. Благо си каснував по малку многу голем љубител сум да не јадев благо повеќе ќе ослабев мислам, леб не јадам ептеен ретко. Какви вежби правевте, имате видеа нешто? Јас од YouTube најдов и прилично се тешкички одма осеќам во стомакот затегање, до душа не се тешки ако си у форма хаха порано без проблем ги правев истите...
Фала ти, јас ќе почекам уште малку а за струкот очигледно е дека не е тоа тоа, уште не се осмелувам да пробам бројче од претходно, некако се пошироко облекувам Да, така. Проверувам неколку пати и ми се чини дека немам, гледав наназад мислења дека не секоја го има ама пак ми е мисла дали правилно проверувам а 7362 видеа изгледав
6м после пораѓај па брате мили не мрдам со обемов. Правев вежби и за дијастаз се поднамали али конкретно стомаков ме нервира како 5ти месец трудна сум почнав и да вежбам џабе како да цупкам во место. Лицето ми е ослабено,раце нозе али стомакот јок бе бате. Некое решение?
Јас дијастаз затворив и на кг сум помалку од пред да останам трудна ама стомакооов ако не јадам е добар, ако јадам исто ко 7ми месец да сум. Матичнава докторка и кажував она вели зошо уште немам циклус и не се средени хормоните треба да помине време да се среди се. Па ај ке чекам да видам циклусов кога ке дојде
Јас имам циклус после 2 месеци од пораѓај добив иста е ситуација да не кажам по подуена сум кога сум пред добивање 1 недела. Ова е хорор. Со тренер еден зборев ми вика сега потешко ќе оди немој да мислиш дека е лесно ама само трпение да имаш. Јас и едно трпение....
Исто со стомакот како што кажувате и вие @Brpbrp @Carolin. @Thor Туку кажете дали најдовте некој добар мидер што ќе стега убаво Купив еден од Стружанка, најмалиот, ама пак не ме стега добро. А едни фармерки од порано кога ќе се натегнам во нив порамен ми изгледа стомакот, барам да имаше нешто такво и за под стреч панталони, фустан.. 36ка ме собира како пред пораѓај ама стомакот кога ќе излезе, брате мили Можда не изгледам како трудна 7ми месец, ама како 6ти дефинитивно.
Предложете некоја програма за вежбање за стегнување. Не можам да одам на вежбање со малово, подобро ми е од дома.
Не е до салото повеќе е до кожата и на нејзе и треба време да се врати во нормала. Дека би била цврста како и пред пораѓај никогаш не би била али се регулира после 2 години. За мидер види ги на пенти или помпеа што се до под гради
И јас се приклучувам на темата. Со два месеци бебе, ќилажа иста како пред пораѓај и со пораѓај, и сега. (Ама не сакам да се гледам, сакам 10кг помалку) Буквално не мрдам, сакам слабеење почнав да вежбам. Вежбам кога сум оморена наспиена и сега на жештините преќинав. Слабо пешачам а би сакала повеќе.