Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање во форма по породувањето

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 26 октомври 2012.

  1. Thor

    Thor Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
    Јас не носев мидер иако ми рекоа дека можам и не знам дали смеам сега да кукам :D кога ќе облечам повисоки гаќички малку подобро ми се гледа и не купив. Вака кога ќе се погледнам во огледало а низ град вешто избегнувам стакла дека некако не ми се согласуваат со огледалото :rofl: хахахахха. Инаку види во esotiq а за фармерките истата сум дури и преамбициозно тргнав да пробувам фустанчиња припиени за тело :fubar: Мммхм.

    Едит: Сега гледам дека од последното мислење до сега сум се престрашила да облечам тесно :lol:
     
    На Трагедијаупмм, Brpbrp и kozuf им се допаѓа ова.
  2. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    Дали некоја мама која била со царски рез ја има земено програмата на Ана Стојанова мама фит да ми каже дали можат да се прават вежбите и после колку време?
    Каков е планот за исхрана, треба ли многу готвење или брзи оброци се?
     
  3. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    8.757
    Пол:
    Женски
    Јас го земав Летен предизвик 5месеци после царски, мамафит ја кажуваат дека е многу полесна а исто и вежбите. Друга опција ти е Драгана Фитлајф, оброците многу ми се допаѓаа кај неа, вежбите и се башбаш лесни за враќање на кондиција,дијастаз. Ана генерално има позахтевни оброци иако со добра организација и нејзините не зимаат многу време. Јас со цел памет готвев посебно за мене и маж ми Па ми беше потешко со бебево, а да и по буџет френдли е на Драгана.

    Твојот доктор ќе ти даде зелено светло за вежбање, јас добив 3мес постпартум
     
  4. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    Докторката ми даде зелено светло само за лесни вежби без тежини и без многу оптеретување на стомачните мускули и не знам од кај што и како да почнам. Се обидувам со диети, се изгладнувам и пак минимален скоро ич напредок. :( Пред бременост вака да се хранев сучка ќе бев а сега вагата скоро и да нр мрда. Инаку скоро 3 месеци како сум породена.
     
  5. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    17.810
    Пол:
    Женски

    Никако да се изгладнуваш! Тебе ти треба храна односно енергија, јади здрави избалансирани оброци пиј доволно вода, пешачи бебе во количка и шибаај и почекај хормони да се средат. 3 месеци се премалку.
     
    На Трагедијаупмм и Ena05 им се допаѓа ова.
  6. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    8.757
    Пол:
    Женски
    Изгладнување има контра ефект, а па со доење никако!!
    Купи ја од Драгана фитлајф, нема тежини,нема оптеретување, храната и е баш погодна за доилки.
     
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    Јас се тешев ќе пешачам со количка ама ништо, не сака да се вози мн во количка и чекам маж ми да дојде од раб за да го шетаме па кога ќе почне да плаче после 10 мин еден го зима друг бутка количка.
    Фала ти за советите сепак :)
     
  8. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    Не го дојам, од сам почеток е на ад.
    Погодна ли е и за вака за да се ослабе?
     
  9. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    8.757
    Пол:
    Женски
    Соодветно испланирана балансирана храна е..не знам јас многу слабеев први 4 месеци не сум мерило дали била добра програмата општо..немав ич апетит, сама 24/7 со бебе, доење на 1.5ч ама ми се допаднаа многу рецептите
     
  10. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    Можеш да ми кажеш некој пример за доручек, ручек, вечера?
     
  11. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    8.757
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20240701_141742_Chrome.jpg
     
    На Ena05 и kozuf им се допаѓа ова.
  12. kozuf

    kozuf Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    599
    многу е топло сега можеби затоа не сака во количка, дај си време ќе биде океј :)
     
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    Можеби, научен е на клима од прв ден :)
     
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Кенгур и надвор. Јас така шетав на Infantino го имаш во Пики. И првото и ова од 0+ ги носев во тој кенгур. Еве 7++ месеци е и уште си ја носам со кенгур. Од 2м нанапред свртени ги носев доколку си ја држат главата ако не према тебе и шетај си.
     
    На Carolin. му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    Еднаш два пати пробав и тоа не сакаше ама ќе се обидам пак.
    За главата си ја држи од мн рано, тоа не е проблем само уште да сака да шета така а не само у раце да е. Фала ти :)
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.545
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Во првите месеци нормално е да не се губи килограми. Не се обесхрабрувај. Сепак зависи од организмот
     
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    Фала за утехата.
    Јас секогаш бев склона на дебелеење, брзо се здебелував ама и брзо слабеев и затоа сега тешко ми паѓа.
     
  18. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Мајка со прва бременост после 2 години се вратив во баш нормала. Еве и сега се здебелувам ослабувам али визуелно не на вага али тело како тело 9м се ширело 9м му треба да се врати до некоја нормала. Сепак и хормони треба да се средат.
     
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    3.655
    Пол:
    Женски
    Хелппп! Има ли начин да дојам и да слабеам? За некој месец ми следи важен настан, сакам убаво да изгледам а јас сум 8кг плус после бременоста. Сега сум 64кг. Да не зборам дека апсолутно ништо не ми е таман и купувам нова облека. Стомак вишок речиси не ми остана ептен минимално, но цела сум проширена посебно во бутовите и во нозете, таму стрии ми се појавија, па и половината ми е проширена:(. Некој ако сака и има да ми прати предлог мени каква треба да ми е исхраната ем да е корисна за млекото ем да скинам некое килце ако е возможно:D, за вежбање ми е ептен рано:(.
     
  20. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.442
    Јас се здебелив со доењето, таков апетит имав страшно нешто. Не знам точно колку, но отприлика 6-7 кила сигурно. Откако направи бебето 4 месеци навака намалив со благо, леб, сокови и постепено за 3 месеци дојдов до -5кг. Уште 2кг и ќе дојдам на килажата пред бременост, но и таа ми беше многу ќе треба да намалам уште 5-6 барем.
    Само вежбањето ми е слаба страна, а ќе мора бидејќи стомакот ми е мек како растресен. :(