Ухх среќа што не качувам килажа туку стагнирам. Е тогаш дури ќе се шекнев. Пред бременост ич не бев по благото, во бременост почнав да си јадам и еве сега ми бара душата. Ама ќе морам да го исфрлам, секако ништо корисно од него нема. Лебот ми е на минимум, цедевита пијам многу и неа ќе треба да ја укинам само шеќери е. Се надевам ќе имам резултат колку толку.
Ќе имаш сигурно, јас од секогаш сум била по благото, ама сега благо, солено некако ништо не ме најадуваше. Ама како што ја гледав вагата оди нагоре веќе ме фати страв и добро што има резултат тоа што намалив со благо.
Твое е да внимаваш на исхрана, а на хормоните не можеш да влијаеш. Така да не се оптеретувај. Треба време да се стабилизира.
Дали вежбите за дијастаз ви го намалиле барем малку стомакот? И за колку време од прилика ви се средил дијастазот? Јас колку што успеав да проверам не ми личи дека имам ама би почнала со тие вежби од причина што ми изгледаат лесни за почеток дека пред доста скоро време се породив, а и да не сум проверила убаво сигурно нема штета некој период нив да ги вежбам
Дали одкако прв пат добивте циклус си продолжи да ви доаѓа нормално? Добив кога направи бебе 10месеци точно и тоа баш на истиот ден кога сум добивала секогаш 11ти, сега месецов немам сеуште, бремена не сум сигурнп страшни главоболки имам 3 дена реков да не ми дојде ама ништо, денеска дури и повратив од лошо што ми е, да закажувам на лекар најарно ми се гледа ама да не имала некоја слично искуство
Јас втор пат добив после бременост (на 5месеци) ми подрани 4денови, читав дека е може да добиеш на 28 а може и на 45 денови..почекај па закажи си за секој случај контрола
Здраво, некој да сподели искуство со решавање на дијастаз? Предлог за лекар или тренер кој знае да помогне за корекција на дијастаз?
Ако доиш нормално е да касни или подранува. Јас добив на 3м после породување и се случува некои месеци да ми касни. Доилка сум
Дојам да. Месецов исто ко новороденче да дојам, заби му излегуваа ништо не јадеше само на цицка виси. Сеа почна да јаде поасално.
Мене обемот многу ми го спастрија вежбите за дијастаз, но јас и имав дијастаз што требаше да се среди. Обемот на половината и на стомакот доста ми се намалија. Вториот пат добив после 42 дена, третиот по 34 дена, па по 31 ден и дури петтиот пат добив по 28 дена и оттогаш 6 месеци редовно добивам на 28. Нормално е да е променливо додека не се стабилизира. Јас го средив со вежби од јутјуб, пребарај поназад на темава, многу имам пишувано во врска со нив. Не се сеќавам дали 3 или 3,5 прста ми беше дијастазот.
Zdravo na site i porano imav pisano ovde za mojata maka so kg posle bremenost 23 kg za godina dena e sega tuka pocnav da stagniram gladuvala jadela vagata isto sega trgnav vo teretana vezbam so profi trener edna ned super i ishrana smeniv pocnav dieta autofagija od 12h do 18 jadam samo dva pati vo tekot na denot mn malku no denes sega izedov cips celo pak nemozev da se iskontroliram so soprugot glesavme netflix i go izedov celo pak mn me grize sovest se nerviram off
За да ги симнеш килограмите треба да си раскрстиш со себе во главата иначе ништо. Не мораш рака нагло се да скратиш затоа си изела цел чипс. Не си скратувај ни чипс ни благо нарднаш почни полека. Пр си јадела цела чоколада изеди 1-2 реда. Едни чинивче чипс итн итн. И 6ч во денот се мн малку за храна затоа кризираш. 5 пати во денот се јаде 3 главни оброци и ужинки. Пример: во 9 доручек 11 ужина 2 ручек 4 ужина 7 вечера Зависи кога легнуваш/стануваш прилагоди си. Гледај да имаш здрави и избалансирани оброци.
Ти се затвори целосно? Јас сум активен вежбач, се породив пред 4м ама се уште имам 1 прст Се прашувам дали може да се влијае на целосно затварање или засекогаш ќе си остане така.
Мене не ми се затвори целосно, си остана прст-прст и пол, а уште си ги вежбам од фаза 4 во денот кога ми се стомачни за вежбање, но целосно не се затвори. Редовно еднаш неделно вежбам Workout 1 i Workout 2 едно по друго можеби од прилика 6 месеци после завршувањето на сите фази. Ем сите фази со ред ги поминав, ем продолжив уште бидејќи ми одговараат, ем не се затвори целосно. Јас вежбав 4 пати неделно два воркаути едно по друго. Сега баш точно не можам да се сетам, можеби и 5 пати неделно терав.
Колку брзо после породување можам да посетам некој естетски центар, и што конкретно можам да користам од третмани? Цели нозе ми се уништија со целулит ми се, здебелена сум ептен. Втора бременост, две дечиња за година ипол. Да напоменам дека дојам