Ќе симнеш, има време. На 8 дена после пораѓај само можеш да се нервираш ако мислиш на слабеење. Гледај да заздравиш, без разлика дали си била породена природно или царски, гледај на бебето се да му е натокмено, ако доиш да си внимаваш на лактација. Влези малку во рутина месец-два, па после диети. Во овој тежок постпотодилен период најмалце ти треба да гладуваш. До првото дете првпат (и единствен пат) во живот бев на диета и вежбав на 9мес по пораѓај. Второто сега ми е 6мес, некои денови не можам кришка леб да намачкам, а не специјален оброк да си направам или да имам пола саат за вежбање. Прееска раат се избањав, дури и тоа ми е премија. Секако сакам уште да намалам на килажа, ама има време. 9 месеца сум качувала, нема ни да пробувам побрзо да ги симнам.
Зошто до 3 месеци ништо? Мене доктор ми одобри активности после 40 дена, на неполни два месеци од пораѓање бев вратена на тежински тренинзи. Многу е индивидуално. Ако добие зелено светло од доктор, што порано се активира тоа подобро.
Imas pravo ama mnogu mi precat kilata zdravstveno zatoa , inace sinceto cica na mene samo pa zatoa gledam da ne gladuvam da ima mleko … Isfrliv gazirano , gricki , blago poradi doenjeto pa da vidam kolku ke namalam vaka.
Зошто бев царски а пред тоа 9месеци патолошка врзана за кревет. Точно докторот неа ќе и каже дали смее и од кога да се врати. Претпоставувам ти си била активен вежбач и пред бременост а може и за време на, така што не е мерило кога една тазе породена мајка,доилка ќе може да се врати или допрва да започне со вежбање. Јас бев активна но година ипол и повеќе не сум мрднала па кога исфорсирав - памти телото можам назад, анемија+цицање+немање сон = едвај се задржав на нозе во 3 ноќе да не се онесвестам директно врз бебето.
Ова workout 1 e за првиот ден па после workout za вториот и така натаму? По еден сет дневно, како што е видеото, 10 мин само? Секоја фаза по колку денови има?
Jaс двата ги вежбав во ист ден, прво воркаут 1, па 2 одма после него. Ти ако сакаш, вежбај еден ден едниот, друг ден - другиот. Секоја фаза има по два воркаути.
Дали некоја од вас имала ваков вишок над царскиот и како сте го средиле? Кај мене е и поголем од на сликата.
после два царски- и 30+кг вишок-броење калории до 1200,1300,1400 и вежбање обавезно секој ден маакр и 15 мин, со вежби наменети за дијастаз има на нет колку сакаш и минимум 10.000 чекори на ден.ова се за година дена нема ништо преку ноќ.и упорност мор
Дали вежбање на орбитрек е добро за затварање на дијастазата? Или поточно дали смее да се вежба ако имам дијастаза.
Јас кога прашав за дијастазот ми рекоа никако стомачни и сл. Само специјално вежби за тоа. За орбитрек незнам...
Знам тоа и јас. Од тука прочитав и вежбам според програмата на лорен за дијастаз. Имам 7кг што треба да ги симнам за да дојдам до тежината од пред бременост ама па и тогаш имав вишок 5-6кг минимум и затоа прашувам дали смее орбитрек, да го забрзам слабеењево и во едно да делува добро на дијастазот
Јас прво вежбав на орбитрек ама после прочитав тука за дијастазот, вежбав прво за дијастаз па вртев на орбитрек. Го затворив дијастазот со програмата, без проблем. Почни со 10-15мин на орбитрек да вртиш без некој голем напор, па зголемувај постепено.
Оебитрекот ти е кардио, не топиш масти, трошиш калории само. А ќе ги надокнадиш со следен оброк. Подобро фокусирај се на вежби за сила (пилатес, јога, тежински тренинзи) да градиш мускули за да ти ги топат мастите.