Да де се трошат калории и тоа ќе помогне за да бидам во калориски дефицит што води до слабеење. Пазам што јадам, да не внесувам дневно повеќе од 1300 +/- калории Барем по мојава логика така иде А план ми е од почеток на нареден месец да почнам со пилатес па понатаму со тотал боди. Ама сепак треба да внимавам какви вежби додека не ја средам дијастазата.
Колку пати неделно после 3 месеца од царски почнавте да вежбате? Втор царски, после првиот ич не вежбав се вратив ама сега имам уште 4 кила. Ај килата не се толку проблем, многу растресен стомаков ми е. Почнав со по пола саат вежбање од понеделникот секој ден, се воспалив целата
И јас почнав пред некој ден дома,за стомакот некои вежби,ама се воспалив и јас,укочена сум сега,како на некоја нива да сум била Но ќе треба да си сфатам работата озбилно,стомакот сакам да го намалам,килажата не ми е проблем. Три пати неделно вежбам по 30 мин,малку да не е? Кажете некои ефикасни вежби за намалување и затегнување на стомак ( ама да оди и јадење благо со нив)
Јас фатив да вежбам од youtube (Pregnancy and postpartum tv програмот). Викам ај еден месец лајт да се вратам колку толку во форма, па после тоа ќе фатам поинтензивно. Од лајтов бутките не ги осеќам
Кај мене резот не се гледаше на почетокот, скроз ми беше поклопен. Ама како почнав да слабеам се повлече и немам веќе такво "перниче". А ништо посебно не правам, не пазам на исхрана ич зашто уште дојам. Како ќе ти се враќа телото во нормала и како ќе ти се намалува килажата и тоа ќе се среди. Првите месеци нормално е да го имаш.
Уште на самиот пораѓај . Т.е кога излегов од болница се мерев дома пред бременост бев 74кг кога дојдов дома 75кг близначка бременост и царски рез. Туку ми виси стомакот сега повеќе од претходно т.е кожа која го прикрива резот како да ја средам. Како да знам дали е дијастаз поима си неммам
Дијастаз е раздвоени мускули. Мене кожа грамче не ми виси, а имам изразен дијастаз. Легнуваш на грб и се креваш како за стомачни.. со прсти меѓу кај папокот и над папок фаќаш дали има дупка (не треба да има). Кај мене е баш голем дијастаз, до горе ми се раздвоени...Имаш и на нет побарај...
Јас имам вакво после царскиот. Стомакот не ми е многу голем, речиси ми се врати како пред бременоста, но ова си стои. Почнав да правам масажа на раната и како да има мало подобрување. Има на нет видеа точно како се прави масажата. Уште не сум почнала да вежбам иако поминаа повеќе од два месеци ама сега сум во фаза на голем апетит и чекам да ми помине па да почнам да пазам и да вежбам.
Леле мене не ми се јадеше ништо, со сила ради млекото јадев. А сега еден период од 10 дена, апетит страшен. Си мислам да не добивам... зошто таков апетит имам пред да добијам. Со првите две добив по 40 дена и по 2м. Сега веќе има 2+ месеци од пораѓај...
Луѓе јас ништо не јадам, а последниве 3 кила не ги снемува. Значи леб немам каснато од пред пораѓај. Оризови галети ми пораснаа во стомак. 1 оброк асален дневно и по некоја галета ќе грицнам или овошје. Скоро пред 4 мес се породив, 20 кила имав качено. 17 како да исчезнаа, последниве 3 не мрдаат.
Јас како јадам, среќа дојам и бебе машала е влече асални калории од мене. Да јадев вака без доењево, ќе се направев 100 кила и ниту имам качено, ни ослабено некој период. Уште 8кг имам (качив некои 18кг), а за брзо 10тина ги немав. Два дена издржувам без вечера.. мора малку веќе да запазам Пробај со фастинг, не јади после 19ч. Јас во другите бремености, најубаво така слабеев. Не вечерав, не јадев многу благо, леб за ручек само (црн леб). Сега и не сакам скроз да ги симнам, ама уште 3,4 добро ќе биде да ги снема.. Ама и за 4м со плус уште 3кг, е одлично. Убаво си симнала, имаш време и тие ќе отидат..
Јас веќе добив еднаш, минатиот месец околу 15ти. Баш прееска се мислев да не е пак време ама па и нели као уште не е регулирано, па може пак ќе добијам. А и долго ми траеше, не беше баш како класично добивање. Ден има, три нема, два има, еден нема. Јас општо многу јадам ама ова деновиве е надвор од контрола. Малку се напнувам кога ќе ми речат леле стомак имаш, па пред два месеци се породив, нормално е да имам. Немам вишок килограми, се што носев пред бременоста ме собира ама ете стомаче остана ама и него го имав пред бременоста ама не колку сега што е. Ти супер изгледаш, плус трета бременост не е мала работа. Ќе се вратиме сите во форма, кој порано, кој покасно, сепак девет месеци живот се создавал во нас.
Имам и јас стомаче... односно сабајлечки скоро да го немам, а после се дујам (особено до вечер). Све што јадам ми прави грчеви, па се мислам на некој режим да се ставам... и грчеви, а отпосле гасови, ненормално многу. Исто јас и минатиот месец имав исто така крварење ден имам, ден немам, два имам, па немам.. ама мислам тоа сеуште беше чистење, а не мензис... А инаку и свекрва ми така ми вика, 9м треба на телото да си се врати. Некои се враќаат и одма, ама нормално е и поспоро да оди процесот. Да не се форсираме, па некој проблем да си направиме...
Друшки по диастаз, како е? Го затворивте? Јас уште се маткам со него, вежбај малку па заборави, де уморна де ај после утре и немам постојаност. Во неделата можеби два или трипати ми се фаќа вежби по 10 минути. Е така не се затвора. И пред малку реков чек да проверам, разочарување. 3 прсти накај 4. Дупка цела.
Ела да те гушнам за постењево ај . 3 недели јадење 8 саати дневно, со 16 пост, рипам доручек, 4 ипол мес, вратена на стратна килажа 64, ппсле качени 20 кила во бременост . Стомаков кај што сум подврзана ми е како полица малце ама да сме живи и здрави, на 2 царски за помалце од 3 години, топ сум, за мис нема да се пријавувам.
Бравоооо Ти реков, шанса нема ништо да не се симне така.. особено најлошо е јади, легни. Вака со скокање вечера, во спиење не осеќаш глад... сабајлето веќе собран желудникот и не ти се ни јаде многу. Автоматски намалуваш со храна и во текот на денот. Сега мене ми е редот Јас не сум мрдната од тие 8кг. Ама јадам и доручек, ручек, вечера, ужинки... гладна сум многу на секое
Zdravo.Sakam da prasam kako si gi vrativte kg poslem poragjaj....Trgnav I leb I blago gazirano I dzabe...Stomakot stoi ne mrda kako visnat mi e mislam deka kg se vo nego..So ovoj rezim za 3 meseci nemozam da vratam 4 kg .....katastrofa...Vasi iskustva ....
Тешко стварно, 4кг се ништо јас цели 10 имам. Со стомакот немам проблем ама имам со бутовите. 65кг имам моментално.
Ама 65кг не се многу, глеј погоре јас се радувам на 64, не ме депримирај вака @LaViCa. 08 пробај ко мене, симнав килажа со јадење 8 саати дневно, постење 16