Не се ама многу ми сметаат, со 55кг останав бремена и фармерки/панталони од претходно ниту едни не ме собираат.
Ај да не те плашам ама ја со 64 останав трудна, сега имам 64, панталони и фармерки без ликра едвај ги закопчувам, не е истото тело. Со првото ослабев минус 4 кила од што имав кога осанав трудна, во 36ка панталони никогаш не влегов, а на 170 см имав 57 кила.
Otkako se vrativ od bolnica simnav 12 kg so otoci padna ama stomakot I kaj butovite sum malku I nikako da padne...neznam spas....farmerki do butovi mi idat nagore ne uzas ..Ne dojam i ne jadam mnogu jadam lesna hrana i pak dzabe.....Ti postese? Kolku kg simna za kolku vreme ?
Aj ako sakas pisi sto tocno si jadela da se stavam na istoto dali ke ima efekt ....se razocarav....Pred 2 godini bez leb blago I gazirano za 1 god simnav 19 kg sea teskooo sansi nema dzabe sto ne jadam ne pagja...
Јас со 72 отидов на пораѓај, симнав до 61 малку се опуштив и сега 65кг сум. Последниот период јадам еднаш кај 14-15ч пообилно и тоа е тоа, килажата стои. Еве денес почнав со ун диета па ќе видиме како ќе оди. Знам.. и те како се менува еве колковите ми се проширени за тоа нема назад ама колку толку да се доведам во нормала, да намалам таму каде што може да се намали. Ај летото го поминав со фустани ама сега сакала неќела почнав да купувам нови фармерки и панталони.
Јас во принцип живеам на 5 работи, оризови галети, двопек, кисело млеко, кашкавал, јајца, марула, цвекло, морков и краставици. Ова за вечера во 8, доручек не јадам. Во 12 ќе каснам банана или јаболко и после саат, два, ручек стандард, ориз со копани, манџи, месо без компири, тестенини со зеленчук. Леб, благо, сокови, грицки, пржено не јадам, зејтин не користам, алкохол пијам. Гладување е моево ама се исплати, отидоа 20 кила за 4 ипол месеци.
Сега изгледам подебело него кога бев бремена, а сум на истата килажа од пред да останам бремена. Образите ми се големи, имам гуша ама тоа и не ми пречи толку колку ова чудово над раната. Правам масажа на раната секоја вечер ама нема никакво подобрување. Како др намали стомакот така ова повеќе др познава. Можам да облечам се од претходно ама тесното не ми се допаѓа како ми стои затоа што ова се познава на помеките материјали.
Како правиш со јадење само 8 часа? 16 не? Се јадеш или одредена храна? Дали и во тие 8 часа броиш калории?
Да 8 саати во денот јадам, 16 не. Пример јадам 12 до 8 вечер. Не јадам се, никогаш и не сум јадела грицки, газирано. Леб немам каснато откако се породив пред 5 ипол месеци. Јадам двопек, оризови галети, салати, млечни проозводи, јајца, овошје, манџи јадам се, месо. Е сега се случува еднаш во неделата да речеме ако сме со гости и излезени да скршнам па да каснам пица или пастрмајлија, евентуално похованко нешто ама и тогаш пазам претежно салати. Благо многу сакам ама и тоа го скинав, само уште сум слаба на торта од канела и линдор. Само тоа може да ме прелаже да каснам благо. Реално гладување е ама има резултати, минус 2 кила сум од пред да останам трудна, имам 62, со 64 останав.
Не, дур доев 3 месеци истово го јадев ама без постот, цел ден јадев. Со првото доев, истово го јадев за 4 мес ослабев 24 кила, за 9 мес бев минус 6 од што останав трудна. Сега дека не дојам за 5 ипол месеци ослабев 22 кила, малце поспоро
После вториов царски, ми виси кожата над резот каде што сум подврзана. Дали би се повлекло само или евентуално некои вежби?
Никако... Јас останав бремена со 70, дојдов до 85 со толку се породив, сега сум 80 никако да мрднам надолу. Секој ден пешачам имам и тодлер дома трчам по него, ама џабе. А признавам јадам, ама и ми се јаде со доењево. Искрено си викам па треба и време телото да се врати во нормала. Не е мала промена, а и за доење потребно е убаво да се храниме. Ти па за 3 килограми се секираш. Ќе ги снема додека трепнеш
Останав трудна со 62, стигнав до 65 па ослабнав до 58 во бременост. На пораѓај отидов со скоро 70. Моментално држам рекордни 72 кила за мојата нискоча, БМИ 33.3 - obese Дојам, но почнав да припазувам и да вежбам легната додека тера дневни дремки бебла зошто морам да лежам до неа. Let's see where this goes.
Ama jas so 52 ostanav trudna, stignav do 62 na poragaj, se vrativ doma so 57 i kaciv +3... ovie 60 mnogu mi se se trudam da ne jadam gluposti, da jadam zdravo, kao proteini ama dzabe vagata samo nagore odi...
Пред колку време си породена. Ако се храниш здраво ама стварно здраво, ќе ослабеш. Ако си скоро породена не ти се стабилизирани хормоните уште може.
Аа сма ти на мислењето прво си пишала имав 57 , се породив со 62 затоа ти пишав шо се секираш за 3 килограми не се секирај ќе биде. Треба време