Алал? Мојов изглед не е баш за алал искрено. Ова ми е против самодоверба, против женственост, немам желба за интима и така. Можеби тебе повеќе ти се зголемиле, ради доењето, и сигурно и пред тоа си имала такви гради, не знам, ама јас сега би рекла подобро поголеми отколку помали, односно скоро и непостоечки по мои стандарди. Сигурно маж ти е среќен Кога ќе престанеш со доење, ќе ти се кажат какви ќе се.
Немав гради, мали ми беа.. нормално мали. Ова сега е катастрофа и воопшто не е женствено. За мои стандарди е ужас. Висока сум 173, и градиве ми се балони.. 4 броја поголем прслук носам од што сум носела. Кој го врти маж ми, ја не можам да се гледам. Јас исто немам желба за интима од што не можам да се гледам. Ај да се смениме хахахах.
Мајки дај кажите некоја диета после пораѓај имам едно 5кг плус па да се вратам во нормала, бтв цицкаме ?
Леле јас три недели што доев, ми свиснаа надоле како чорапи ако им ставиш метални пари внатре. Пред доење имав нормални, помали гради. Три недели дури доев, ми станаа огромни дури одвратно за гледање ми беше дека не бев навикната. Изгледав лошо со големи гради, а јас сум 178 цм. После доењето цврц, знаеш какви ми станаа скврчени. Еве два месеци одминаа, можеби само 5% да ми се "подобрени". Инаку со вежби за гради и тежински тренинг би требало да има ефект.
Nope, нема подобрување. Да мускулите баш околу дојката се затегаат и ја поткреваат малку, ама самата дојка останува безвезе висната и исушена. И тоа рачунај сигурно повеќе од година вежбање ми требаше да го постигнам барем тоа. Имав нормални гради, доев 11 месеци и кога завршив баш се исушија и виснаа (со убав затегнат прслук пак имав простор да бутнам два прста измеѓу). Со тежински тренинг ми се поткренаа минимално затоа што ги оформив мускулите околу, ама си останаа меки и малечки самите дојки. Си ги навикнав и супер ми беа. Сега со следнава бременост веќе за број ипол ми се зголемени ќе ми пукнат, си истекува колострум и тоа убаво, прслуциве едвај ми ги збираат. Па кога ќе надојде млеко после пораѓај ќе биде страшно. Па кога ќе секне тоа млеко осеќам ќе бидат оревчиња ама виснати до папок.
Од кога се восппстави лактацијава, претпоставувам дека е пошо ми се пала бетер хахах. Бетер се. Ама барем не се балони, се надевам ќе се потсредат малку кога ќе престанам да дојам.
Да сме живи и здрави. Можеби ќе се решиме некој ден за корекции, ама мислам дека јас не би. Ама никогаш не се знае.
Јас 7 месеца дојам од убави гради средна големина неможам да ги гледам десната ми е поголема од левата дека бебо повеќе цица од неа (навечер ми е само на таа така ми иде да биде во средина на спална дека лежи и цица) дури и денски се нервира од лева дека нема во таа многу млеко па кога ќе исцица од лева после тоа виснува и изгледа како змигавец од фиќо во прслук не стојат онака убаво како што стоеа залепени една до друга туку со тунел измеѓу
Од бременоста се промените во градите, не од доењето. И жени што не доеле после бременост имаат виснати гради. Нормално е тоа. Во нормала 100% нема да се вратат, ама ако ги зајакнеш градните мускули, може ќе се подигнат малку. Ама масното ткиво ќе си остане какво што е, ако ослабнеш, ќе се исушат уште повеќе. Сите ги припишуваат промените на градите поради доењето, а всушност, бременоста е причината. Поради хормоните растат, кога ќе се стабилизираат после бременост, виснуваат оти немаат мускулно ткиво (не зборам за мускулите на градниот кош).
Здраво жени Породена сум природно пред 5 недели со епизиотомија. Крварењето престана но сега има жолтеникав исцедок со непријатен мирис. Бидејќи станува збор за поголема рана од страв не сум ја ни видела. Следна недела планирам на контрола. Ме интересира дали мирисот е нормално да го има или е знак за инфекција?
Мое мислење немој да челаш до наредна недела појди одма не е нормално миризбата со жолт исцедок може да е инфекција некоја сепак е епизотомија (рана шиена) и акп можеш види се со огледало да видиш точно што е работа. Јави се кажи кај гинекологот сигурно ќе те види одма
Мајка да ти кажам секој ден викам од утре на диета, ама со доењево искрено тешко, нон-стоп сум гладна. Си викам да почне да јаде да има оброци подруго ќе е, вака сега само со доење тешко диета.
Дали е нормално првиот однос после пораѓај да боли малце, и минимално крв да има ? Повеќе од 40 дена се поминати, одобрено е од гинеколог
Јас немав крв, ама ме болеше како првиот пат кога имав однос буквално. После матичната ја прашав и ми потврди дека е нормално да боли првиот пат. Мене секој нареден пат ме болеше по малку на почетокот ама мислам малку и од страв од што не можев да се опуштам, ама сега веќе се е вратено во нормала.
Нормално е. Покачен пролактин заради доењето прави сувост. Користи си лубриканти. Ова од гинеколог ми е кажано.
Со втората бременост крварев 2-3 недели и после до 45 дена имав жолт исцедок со лош мирис. А со првата си крварев 40 дена како за менструација, полека намалуваше и на крај кафеаво. Немав никаков проблем, се исчисти само од себе, епизиотомијата зарасна супер. Моја претпоставка беше дека зошто брзо ми прекина крварењето така се дочистува матката. Може и го имало и првиот пат, ама со крварењето не сум приметила. Не знам дали е иста ситуација кај тебе, ама кај мене немаше никаква компликација иако беше чуден исцедокот. Во друга ситуација кога сум имала исцедок со мирис сум имала бактерија, ама ете тогаш немаше ништо.