Мене ме интересира, вие што си ги вративте килограмите, т.е си дојдовте на килажа од пред бременоста, добивте во меѓувреме, или се “средивте” и пред да добиете?
Мене ме слабееше доењето, скоро 2 месеци како не цица, јас имам качено 5кг. Ако менува нешто 10 месеци после пораѓај добив. Неусетно без болки, пмс драми и сл. Единсвен знак сега дека ке добивам ми е лицето лом ми се прави од бубулици.
Јас се породив и дојдов дома со +2 кг од килажата кога останав бремена. За неколку дена ги симнав тие 2 и уште -4. Ама кај мене беше друга ситуација, малку имав качено, многу стрес во првите 2 недели, многу лоша исхрана што уште не ми е доведена во ред. Уште немам добиено, еден месец по пораѓај, а престанав да крварам.
Јас бев + 7 8 кила во бременоста, не качив многу, па и немаше што многу да симнам. Доев и дојам сеуште, припазувам што јадам, ама без благо пример не можам. Добив после година од пораѓај. Кај мене повеќе и генетски е, а и откако ги средив хормоните, посебно тироидната уште пред бременост, и сеуште сум со терапија, си држам константна килажа.
Јас како што се породив, паднав на старата килажа. Во бременост бев поправена 9кг. Визуелно, освен стомакот, делував ослабена, неколку коментари такви добив.
Луѓе, дај кажете како да го намалам овој стомак и општо килажа? Знам нема лесен начин, знам мора да се вежба, ама немам време за теретани, нема кој да го чува, сами сме. 67 останав бремена, 85 на пораѓај, сега 77 и не мрдам. 10 кила вишок ми се, ама стомакот ме нервира ужасно. Како да сум трудна 4 месец кога се најадам. Пробав УН, ја држев одамна и за 2 месеца 10кг намалив, ама си треба редовност со оброци и време. А јас кога стасам јадам, не пазам растојание меѓу оброци и оти немам време за готвење, се едно исто ми се врте на 4 дена. Мачно ми беше инаку си има супер рецепти за секој ден, ама... Мидер/ појас да земам дали би имал ефект сега после 8 месеци? Ништо не ме собира, носам алишта од мајка ми, не излегувам често, ама не ми се купува со мисла дека ќе ослабам и ќе си носам стари, ама не оде никако.
Јас пишував погоре, со 64 останав, на пораѓај 84, сега имам 60. Мене целта ми беше да ослабам брзо и сериозно си го сфатив нејадењето. Значи 5 месеци, леб, тесто, грицки, благо, сокови, пржено немав каснато. Уште пазам ама благо си поткаснувам, мора да се дојдат пакетчињата на ќерката . Значи јадев салати, месо, јајца, млечни производи и галети. Толку....ако ти е силна волјата се издржува. Е сеа гладна ќе бидеш ама па мене ми се исплати, си сакам слаба да сум. Сега последно сако 34ка купив, панталони 36. Мака ми е само што обновив плакар со фустани од Зара, а ми висат сите. Е сега за стомакот, мене ми виси од едната страна. Да вежбам ме мрзи и немам време. Нарачав еден појас од Тему, па да го тестирам, ќе пишам дали има ефект.
Ја мислам дека цел живот ова ќе виси. Ко вишок кожа да е. Не сум зела сериозно да вежбам може ке се тргне. Имам нарачано од мамасита боди стега за на тесни фустани да не ми се познава, многу ме нервира мене од кај желудник ми е подуено, пошо бебе горе ми беше пикнато и а земам јадам одма се подувам.
И јас не верувам дека без вежбање ќе го снема, баш така како вишок кожа ми виси на левата страна над раната каде што е подврзана раната
Пробајте со масажи на царски рез за тоа што виси. Не сум редовна, а има резултати. Од страните попушти ама на средина на резот си држи, мислам дека ќе се намачам тоа да го пуштам ама не се откажувам.
Ун диетата е најлоша диета што можеш да ја избереш воопшто не е издржливо а ни здраво. Пробај сама смисли си број калории и движи се. Прави здрави оброци пиј вода и секој ден пешачи или вози точак нема потреби од теретана. Со среќа