Јас мрежести само во болница носев, дома на маж ми боксерки. Влошки докај 3 недели вир, после обични либрес до 40 дена
И јас само во болница носев мрежести гаќи, дома продолжив со моите и обични влошки, ама речиси и да немав крварење.
Мајки се соочила ли некој од вас после пораѓај со "завртена" матка наназад (retroverted uterus)? На контролата после пораѓај ми кажа докторкот као "малце е наназад матката , дали имаш болки во кичма? Му реков во моментот дека немам, а уствари имам ама повремени, и ништо не ми кажа подетално Искрено ми се уврте ова во глава сега и само на тоа мислам Го прашав и дали е ок да почнам да вежбам ми рече може слободно,ама мене сега ме фати шубе што не се распрашав повеќе, и да не се случи нешто да направам беља...
Јас имам таква матка, ама не после породување, туку таква и е положбата. Не знаев дека може од тоа да боли кичма мене ме боли при добивање па скоро секогаш. А за што би почнала да вежбаш, онака или?
Јас имам таква положба на матката отсекогаш, не ми е последица од пораѓајот. Ништо немам последици, никакви болки во кичма и слично. Едноставно таква си е положбата на матката. Скроз нормално е, не се секирај. Јас си правев филм дека поради положбата трудна нема да останам, ама еве и бебе имам.
И мене ми кажаа дека поради положбата потешко ќе сум останела трудна. Внимаваше на посебна поза за време на обиди за бебе или не баш?
Внимавав, робот секс со 2 перници под задник и дигнати нозе на секое. Сега да ми е тој памет, ќе уживав наместо да се глупирам. Опседната бев да фати, само читав глупости на интернет.
Другарка иста матка има, и исто и кажале, дека потешко ќе забремени. Две има, и тоа за брзо забремени.
Мене ми рекоа доги и да поседам по 10 15 мин ехее викам така ќе правам, во себе си реков топ поза јас потешко забременив, ама не ради маткава, од др причини. Сеа за второ си викам дал да се глупирам со догиВО или ич да не се замарам
И мене исто Толовски кога правев Хсг ми рече доги ради превртена матка, исто ми кажуваше и матичната. Ние иначе сме 10 години во брак со сопругот, активно пробуваме повеќе од 5 години сигурно и на крај останав бремена кога си дојде за викенд од терен, поприлично пијани бевме и не се замаравме нешто со пози. Така да повторно не би се замарала нешто многу.
Не се замарај. Не биди јас, 30 минути седев со нозете горе на наслоначот на спалната. Сексај се како што ти е убаво.
За една недела, бебе ке наполни 9 месеци. Внимавам што јадам, low carb ми одг и претходно, но мнг мнг споро оди. Уште немам добиено ко што треба, дојам сеуште. Дали има врска тоа со стомаков што никако не го снемува? Правам стомачни, кога ке го стегнам цврст е ама испакнат како 4 месец бремена кога бев. Мнг се потам од мидер, и не носам. Ама ако треба... Кога и како ви се врати стомакот во нормала? Никогаш сум немала стомак, мнг ми штрчи, мнг ми пречи, ништо не ми стои... сестра ми беше буцка додека доеше, сега е 20 кг сосе кревет, стомакот даска. До нејадење ли е, до вежаање или ке ми остане овој стомак?
Сепак по толку примери, не е проблем таквата матка за забременување. Ете кога сакало да биде, биднало. Сеа се смеам со пози и се, богами тогаш ич не ми беше до смеење @baguf4e ехее, јас тогаш бев ти, буквално истото го правев со спалнава ај пак да се насмеам, мојов ми викаше, ќе ти купам статуетка во таа поза, со нозе кренати да ти се одмили и бебе правење и се, колку се замарав решив да терам опуштено, ако сака, ќе биде.
Па да си ја вратам формата од пред бременоста, имам 10кг+, цел живот вежбам, ама сеа ме фати некое шубе од ова шо го слушнав
Провери да не имаш дијастаза?Ако имаш тогаш ти требаат посебни вежби за да ја затвориш дијастазата.Стомачните во тој случај прават само полошо.
Проверив според она на нет што најдов. Легната на грб, колената свиткани, глава подкрената, ама нема дупки околу папокот кај мене. Нема место каде ми пропаѓа еден прст, не па повеќе. Дали таква проверка прави и гинеколог на пример? На преглед бев по породување, ама стомакот не ми го гледаше. Ама да одам ли пак? @merriel0 имам вишок кг ама тоа не ми пречи толку колку стомакот. Колку лошо ми стои се, не можам да опишам. Не знам дали треба скроз да ослабам за и него да го снема?