Еве јас да ти кажам после второво не само што ослабев него се исушив, се пресушив. 57 кила имам, а останв трудна со 64. Стомакот во делот над резот ми е каша. Значи јас не знам ни дали со вежбање би се средило. Кај што е подврзано на левата страна ми виси кожа. Ужасно ми смета ама мислам дека освен tummy tuck ништо не би го оправило. Мислам дека без вежбање тешко дека стомаците ќе ги вратиме во нормала. После прва бременост можда полесно ама после втора мало сутра.
Не ми е мек, ми штрчи. Како да ти кажам... имам едн стрина газлеста и стомаклеста, така се осеќам. Имам и газ и колкови и сега и стомак. Насекаде нешто штрчи. Дали барем откако се исуши стомакот е вратен назад? Ми штрчи напред и вчера носев мидер 1 час, не ми е пријатно тоа што ме стиска на стомак.
Јас со стомаков некако и се помирив, дека тоа вишокот кожа освен со ножот нема решавање никако подруго ама со градиве, не можам значи не можаам одма утре да ми речат би легнала под нож да ми ги средат. 90Д корпа носам, а какви се виснати... вежбам демек вежби за гради ме боли мускулот кај градите ама цицкиве подолу ми се
Исто, ама јас се надевам овие игливе ќе помагаат ептен да не е под нож а морам да ги средам јас плус ниска, слаба ама ете хаос. (Разочарувачки)
И мојот е исто така, подуен и тврд не е онака кожа виснат, а инаку сум ослабена во раце, нозе, газ се исушив стомаков и градите стојат моево уште по грдо После првата бременост добив после 6м и се намали доста стомакот сега уште немам добиено се тешам од тоа е..
Лелее градиве колку си ги нејќам 100ка а 60кг сум, уште цица не се скроз "издишани" ама виснати шо да ти кажам, тешко прслук да ги крени убаво полојната не ми се гледа од нив се изобличив скроз Мене па ми е страв од операција а баш би сакала да ги намалам..
потполно те разбирам, после доење една година ми виснаа ко исушени балони, значи не можев да ги гледам. сега дека сум трудна со второ отечени ми се и ми изгледаат океј, ама знам шо ме чека ми се темни. се мислам да завршам со доење и да ги средам
@Lady Miami Не ми пречат и мене вишокот килограми... Туку што изгледам како да сум 7ми месец. Као тетка некоја си личам со стомакот и цицкиве... Струк не се гледа, цицкиве огромни. А во профил... УЖАС. Башка стомакот ми е тврд. Не сфаќам. Знам дека се ремети телото после бременоста, ама ова на ништо не личи.
Имам една стрина со газишта и стомак, на неа личам сега. Ајде килажата полека полрка намалува, со внимавање, ама ова стомаков ме нервира. И тоа се чудам. Зошто е тврд стомакот а нанапред како диња? Синоќа решив дека ке правам и вежби за дијастазис ректи. Нема друго. Едно кифличе немам каснато за Велигден кога решавам нешто да решам ке го решам.
смејем се а плаче ми се муабетов Јас па не внимавам многу, од мака си ослабев , којзнае колку чекори правам во денот само за заспивање, морам да одам по соба
Јас после породувањето се вратив дома речиси со иста килажа како што останав бремена, првиот месец намалив уште неколку кила и се сторив стап за чукање ораси. Ништо не јадев, крвна слика катастрофа. Е после тоа кога се навикнавме со бебе, кога створивме каков таков ред, поминаа baby blues периодот, почнав да јадам и тоа многу. И само глупости јадам. Јас и онака не сум по готвењето, сега па ич. Дали три пати месечно. Се најлошо јадам и се набрзина, благо и сокови. И така сега сум повеќе од кога останав бремена, а останав со вишок. Не можам да се поднесам. Чекав да помине празникот, од среда ќе почнам ун диета. Таа ми е најефикасна за мојот организам. Еве седам со тефтерот си правам план на оброци за да испазарам.
Јас сум со 3,5 кг плус од бременост и мислам само во гради ми се. Тоа огромни се, не можам да ги гледам, два броја поголеми ми се. А стомачиштево е посебна приказна. Стриите не ми сметаат воопшто, ми смета што после вториов царски ми е повеќе виснат, како пресечен доле а имам многу помалку кг од првата бременост. Почнав со вежбање пак минатава недела, не очекувам чуда, не верувам дека многу ќе се крене нагоре, ама барем малку нешто подобрување да има. Пред се вежбам ради здравје и психа како и да е. Ме собираат сите алишта ама бре кога ќе се собере мевов како торбуле доле ми се повраќа. И ми викаат абе што очекуваш си родила, мајка си. Ама првиот пат кога станав мајка скроз се изгубив себе, како да не постоев мислам. Е сега децава ми се битни, живот значат, ама и јас си значам.
Можеш од iherb да нарачаш лосион ваков: https://www.iherb.com/pr/medix-5-5-...-fl-oz-444-ml/107602#product-purchase-options Или ако е мала регија било која крема со ретинол кај нас, има во ДМ на Балеа, Неутрогена поефтини, и во аптека на Виши, Ла Рош поскапи.
Е! Е! Стринка е точниот израз, да! Мерев дијастаз и гледав видеа баш денес... Една типка вика дека не е страшно у ширина ти е отворен дијастазот, тоа се решава... проблем е длабок да не е. А кај мене сигурно 7цм влегува прстот. Лудило. Ќе почнам да вежбам стомак и појас конечно ќе си зеам. Па здравје.
Јас сум 4 месеци пп и 9/10 кг имам уште вишок на мене. Цела бременост ја лежев, воопшто не изгледав дека сум толку здебелена, се шокирав на прием кога видов цели 22 кг плус. Симнав само 8 кг во болница, дома кога дојдов вагата па добри 2 ипол месеци не мрдаше ако не и повеќе, сега со постов дека не дојам и ослабев 4-5 кг. Стомакот струкот го имам ама дека рамен стомак како даска ќе имам тоа тешко и пред бременост имав како испакнатина од операциите што ги имав како дете сега па уште со издишан стомак и уште еден царски тешко. Буквално како крст имам лузни на стомак два хоризонтални и два вертикални реза. Ај тоа ама ова што не можам да се смислам дебела и што споро ми оди слабеењето ептен се нервирам. Се канам цело време да почнам да вежбам зошто јадење и не јадам којзнае колку ама од лежењето колената ужасно ме болат и се ми е страв ќе направам некоја белја.
Кај мене не влегува прст воопшто. Ама штета нема од вежбање. Видов некоја програма MuTu ама само спонзорирани рецензии читав, не ми се плаќа за џабе.