Со двете бремености бев со 15 кила плус, после првата дома дојдов со минус 8, и после 9 месеци се вратив на старо. Со вторава бременост дома дојдов со минус 5, еве ме 8 месеци подоцна на тоа остана, никако да одам надолу, ама дојам и ми се јаде да бидам искрена. Градиве со вторава бременост и со доењето ми се па да не претерам 2 пати поголеми, со првото исто доев ама не беа олкави си се тешам дека кога ќе престанам со доењето ќе се вратам во нормала, ама и не мора да значи. Стомаков исто како 4ти месец трудна да сум. А ми смета и килажата и стомакот ама пусто немам дисциплина ич.
Пред два дена уплатив програма кај неа. 15 евра беше викендов понудата(намалена од 30)..Вежбите се за 6 недели, за поткревање на задник и зацврстување/намалување на стомак.Мене ми одговара бидејки немам за слабеење ич.Одев во теретана ама некако не се осекав удобно покрај куп луѓе.После се префрлив на вежбање дома(цели 4 месеци).И искрено рез има.Горниот дел од стомакот ми е мн цврст и оформен, со долниот оди малце потешко ама не се предавам . Затоа и решив да дадам шанса на програмата можеби ке има рез побрзо од вежбите кои сама си ги смислувам. Вежбам 4 дена , 3 одмарам.Газирано не пијам искрено со години.Денот го почнувам со голема чаша вода и еден лимон па протеински доручек.Благо исфрлив скоро па целосно, а грицките ги земанив со јаткасти плодови. Проверете си и кортизол.И он е ‘одговорен’ за таложење на масни наслаги баш околу стомакот. Упорност мн и малце повеќе дисциплина.Не може да нема резултати.
Некоја мајка фалеше овде странска апликација што има исти рецепти вежби како Ана Стојанова а поевтино не можам да најдам? Или отварање на летен кога и е?
Јас да ти кажам последно време вежбам со chloething има бесплатни предизвици сакаш стомак, нозе, цело тело има премногу избор. Јас со малку пазење односно, без благо и сокови, леб не јадам секако ми се намали мешево. И дури другиве ми викаат дека сум ослабена во стомакот. Исто наутро прво пијам лимон со вода, јадам обично овесна каша или јајца (омлет, со авокадо нешто мучкам или спанаќ). Ручекот/вечера гчедам да е месо со зеленчук околу 5-6 тоа ми е последно. Измеѓу знам да каснам овошје или смути едно. И фастинг практикувам. Јадам измеѓу 10:00 и 18:00ч.
Isto. Neznam od kaj da pocnam. Isto kako tetka se osekjam sto akot i gradite napred sostaveni. Prvo tie odat pa jas
Imase nekoj spodelno masazi za stomak samo neznam dali bese vo ovaa tema? Da se razbie deka e cvrst. Od youtube bese video. Ako se sekjava nekoj moze da mi preprati. Fala
Мајки кога почнавте да се враќате во форма по породувањето? 10 дена од како се породив, со самото раѓање симнав 14кг. Знам дека е рано уште ама стомакот ми е како желе не можам да го гледам дали носевте некој појас да ми препорачате. Да помине некое време ќе почнам со вежбање уште е рано ради раната од царскиот
Рано е за вежбање, почекај што ќе ти речат на контрола на 6 недели. За појас и јас прашував тука и искрено џабе е, ништо не помага освен вежбање. Јас почнав одма после 6 недели, до тогаш само лабаво пешачење и се нервирав стомачниве мускули не ми работат буквално. Не дека немам сила да направам одредена вежба, туку едноставно никако не можам да се помрднам да ја направам. Раце, нозе, грб, ништо немам гајле, ама стомак катастрофа. И баш зборев со инструкторка и ми рече скроз нормално е, некогаш може и година да помине да се вратат во нормала стомачните после царски. Јас сум денес точно 2 месеци после втор царски и овој пат многу ми е повиснат стомакот над лузната. А имам многу помалку кг од прва бременост, многу е помала надворешнава рана од првиот царски и подобро сошиена, ама ете.
Знам дека за вежбање е многу рано ама реков да не има некој појас нешто да помогне ептен ми се виси стомак како желе мрда, а и уште ми е како отрпнат од царскиот. Фала за одговорот ќе чекам да поминат 6 недели па ако даде светло докторот за вежбање ќе вежбам колку толку да се врати во нормала.
Ќути барем ја решивме дилемата како се станува тетка/стринка Јас да ви кажам добив, првпат. Иако дојам. (Да не бев на ПАП немаше да добијам стопосто) ама па спласна малку стомакот и ми олесна...
Дали некој има вежбано после породување кај Бубало на платформата? Какви и се рецептите, дали ќе окапам во кујна по цел ден или брзински се? Колку траат тренинзите, кратки и брзински се или траат по саат време?
Може побрзо станав на нога после вториот ама дефинитивно имам повеќе последици. На движења или поголем умор, ако мкнам деца во раце натака навака доле ме сече, абдоменот исто ме боли некако чудно… Не знам дали да продолжам со вежбање, вака се беше добро на контрола.
И јас сакам, ако во меѓувреме одлучиш за третмани те молам пиши искуство Јас планирам при крајот од годинава или почетокот на наредната. Прво диета да намалам (таму сум сега), па вежби да се стегнам и да пробам да се опраам во стомакот, па потоа корекции како тесла, ласер за стрии и што и да треба да се опраам, по втор царски ова е ужас Носев појаснување, 5 месеци од царски сум ми виси и ми е отргнат сеуште Исто, мускулите на стомакот ми се откачени мислам, како желе и јас и да вежбам тој дел долниот не ми мрда воопшто, деформирани се мускулите, не знам дали тоа ќе се среди, ќе видиме во текот на наредната година, си давам една година многу вложен труд и ќе видиме дали ќе има промена Ако има искуство некој подобрување или стегнал деформиран стомак по царски со вежбање споделете вежби ))
После 2от царски , докторот ме средил убаво , затегната што да ти кажам. Првиот ми беше катастрофа со стомак огромен , што велиш како желе. Сега после скоро 3 години пак почна да попушта, бев на интернист ми провери за кила и ми рече дека имам дијастаз. Почнав со вежби дијастаз , месец дена ама некако слаб ефект. Во меѓувреме почнав со аеробик и пилатес , а слаба сум и пазам на исхрана цел живот. Само стомакот ми е проблем и се случува да ме прашаат да не си трудна пак. Зборев и со матичната и она ми го препорача ова тесла. ми рече да го направам во Афродита ама гледам го има и на др. Места Ќе почекам да видам со дијастазот шо ќе напраам па следно ќе се одлучам за ова
Јас гледав за Тесла во prive дека има, а рекламираат и нешто за подобрување на дијастаз, ама немам верба, а нема никој со искуство сеуште МОЖЕ ќе треба да пробам )
Па не сум се јавила, следам понуди, еве некоја понуда што имало, уствари тесла е исто за дијастаз сега читав Ама пак ќе кажам мене ми е рано, прво со храна да ослабам, па ќе уплатам, инаку има редовно некои попусти, така и видов за Теслава )
Тоа прашав по минатата бременост, ми рекоа не смее третмани додека се дои, ама препрашај за секој случај, не знам дали важи и за Тесла.