И јас незнам дали добро прегледувам … исто мислам дека немам а стомак само имам вака ослабнав доста … има доктор што тоа може да ми провери ?
Не знам и јас сум збунка. Ама не си умислувам, примтив дека поефектни ми се вежбите за дијастаз од обични стомачни. Па тоа вежбам. По панталони приметувам.
Физиотерапевтката кај што одев на масажа за кичма ја замолив да ми провери. Кинестетик физио на инста побарај, имаше и групи за вежбање за дијастаза.
Јас уште не сум породена,ама сакав да прашам: Има ли некој искуство со дијастаз од 2- 3 санти во втора бременост? После првата бременост добив стомак како да сум 4 месец бремена-претходно бев слаба со рамен стомак (бебето на крај нагло порасна преку 4 кг).Сега сум пак бремена после 10 години и имам чувство дека заради ослабената мускулататура стомакот ми е преголем во споредба со првата бременост. Се мислам дали стомакот ќе се зголеми после пораѓај уште повеќе од претходно?
Јас со првото имав дијастаз 4 прсти. Со вежбање намалив на 2.5 ама уште личев ко трудна. Сега после вторава бременост ко поголем да ми остана а сеуште не ножам добро да измерам. Мислам накај 5 ќе е. Јас имам и доста папочна кила. Моево бара хирушки зафат. Ама прво со вежби секако ќе пробам.
Обично и побрзо се познава меше со второ, па и побрзо се осеќа бебето. Мислам индивидуално, ама по некои просеци. Иначе се враќа, само со вежби, вежби и редовност, поубаво секој ден по 10-15 минути вежби за дијастаз, отколку два пати неделно по 30. Core-от или на нашки јадрото си бара многу работа, додека тоа не ујача, нема да мрдне ни стомакот.
Фала на споделеното.Баш ќе видам што ќе биде после пораѓај. Овој пат ќе бидам царски и ако сум пак со толку голем стомак,тогаш дефинитивно ќе се оперирам.Секако не планирам да раѓам повеќе. @Feniksgirl во право си дека не само што е поголемо мешето туку дека повеќе се осеќа и бебето.
Дефинитивно бара многу многу упорност. Јас вежбав реформер еднаш неделно индивидуални часови плус дома по 15тина мин вежби за јадро и карлица се на се 3 месеци и имав одлични резултати. После почнав со работа и така магично снемав време. Сега барем знам точно што треба да вежбам, чекам само да помине прегледот на 6 недели што е и ако добијам зелено светло одма почнувам. Уште денес би почнала ама ај ќе почекам. Сега само вежбам 360 дишење. Инаку вежбите за дијастаз се малку досадни да кажам, но навистина ефикасни. Само упорност и концентрација за правилно да се прават и правилно да се дише. Јас реков до 1 год ќе вежбам па може ќе бидам задоволна од изгледот и нема да мора операција.
Женски јсс сум породена пред 20дена. Стомакот ми се врати како пред да останам бремена за 2недели отприлика и изгледа скоро исто како порано. 65кг сум блискиве ми викаат дека изгледам како стално. Е сега нели не може да е се по пропис јас мака мачам со нозе и целулит. Што превземате за долен дел, бутови и листови и дали и за надоле вежби важи чекање од 6недели и дозвола од доктор?
Да, обавезно ќе чекаш прв преглед. Внатре не е исто ко надвор. Плус имаш уште вишок вода, ќе го снема целулитот, кај мене го снема, иако јас потешко симнувам килжа со доењево.. кај многу со доење слабеат, јас обратно. Ама целулит немам.
Јас дека дојам на саат ипол/ два мислам дека се вади од мене. Ќерка ми е баш страствен цицач уште од одма има фат ептен и цица доста. Мислам после секој подој сум гладна и жедна а килажата ја симнав одма и ептен сум задоволнс во тој поглед, мада само 6-7кг имав ставено во бременост ама ептен убаво и лесно де осеќам моментално. Си викам да почнам убаво да ја шетам секој ден по 40мин барем со количкс целулитот побрзо ќе отиде ама малечка е уште кенка не седи толку во количка
Ако, вишокот вода не се вади така лесно. Полека како се стабилизираат хормоните ќе се среди. Другарка ќто ја видов после 40 дена 20кг имаше намалено посче пораѓај од што се средил вишокот вода. Сега и дека лето се потиш, побрзо ќе се исфрли. Ама ќе го снема целулитот. Јас 25кг се здебелив сега океј изгледам освен стомаков и градиве, ама со царски стомакот потешко иде, сепак сечен е абдоменот. Добро што сум висока, иначее
Јас па за задникот дојдов. Дијастаз сигурно имам огромен ми беше стомакот ама рано е да проверам. 75 отидов на пораѓај ,14 дена подоцна на 65 сум спуштила. Стомакот ми е како издуван балон ,ама стари панталони можам да облечам. Затоа задникот сплескан ,страшно. Па би правела чучневи од стомакот нешто таму да отиде Ама ај ќе чекам до 6 недели ,ама пешачење на лента веројатно може пред? Споро, нема да трчам сигурно
@Baby warrior Потврдувам што кажа Феникс за целулитот. Мене ми се изгуби сам од себе, дури и не приметив кога заминал. Не знам дали има врска, ама јас предходно имав ептен малце целулит само назад на бутовите. @Трагедијаупмм и јас патам по задникот од пред пораѓај, не е толку сплескан ама е далеку од тоа што беше.
Од 15ти септември сакам да одиме на 6дена во Грчка имам 2ипол месеци да се досредам за да бидам убава мама на плажа ама најискрено ептен ми е мерак дека стомакот толку брзо се врати на место и воопшто цело тело за 20дена, маж ми вика поубава си ми од било кога од тоа поубав комплимент има ли… остај ние жени што гледаме целулит