Не знам дали е ова најсоодветна тема ама ај ќе си прашам. Дали некоја друга мајка породена царски имала болки внатре кај резот и после месец? Јас имав пред неколку дена два дена со ред не постојано ама дури се загрижив. И пишав на докторката ми рече уште не се распаднати внатрешните конци и дека било сосема нормално. Вчера приквечер пак ме фати и еве сабајлево пак ме боли. Не знам дали го тригерирам со нешто. Првиот пат раскревав облеки и беше качи се симни се од стол. А вчера го кренав синко да го седнам во кола ама 15 кила е едвај го кренав искрено.
Јас, рано е да не те боли. Полека и со кревање, викаат до 6 месеци само бебето кревање ништо друго. Барем така ми кажа матичната. Кога бев на прв преглед после 40 дена внатрешните конци уште не беа распаднати, надвор кончето падна ама внатре си стоеа. Затоа полека не се оптеретувај многу.
Женски нормално ли е малце покачена температура 7 дена после породување со царски рез ? 37,4 имам температура млекото денес почна да ми надоаѓа повеќе па мислев да не е нешто од тоа
Скоро 7 месеци после царски и понекогаш осеќам болка, ама над резот, под папокот. Синко знае да ме удри таму кога заспива, или ако носам нешто потешко. Внимавај, скоро си породена, да не си направиш беља.
Многу малку се крварам. Може смешно ќе биде ама стварно мислам дека со крварењето се чистиме и нема да се дочистам вака... 3 недели до денес. 3-4 дена ќе имам жолт исцедок и една ноќ крварење после пак 3-4 дена жолт.
Еве и ја за тоа дојдов да пишам и да прашам, за три дена еден месец како сум породена скоро ми прекина крварењето пред 5-6дена и вчера бевме на педијатар како излегов од ординација осетив како ми тече нешто викам изгледа мокрача како во последни месеци бременост можно ли е ?! Седнав во кола уште некоја капка осетив и штом стигнавме дома во вц гледам крв ептен црвена жар, цела дневна влошка натопена и гакичките лом … после во текот на денот имаше уште малку … денес на бришење розево. Си мислев прекина … ова некако чудно има па нема а цел месец од пороѓај веќе до 40 дена е нормално да се крвари?!
Нормално е, некои повеќе некој помалку крварат. Јас малку крварев ама затоа 63дена ми траеше. Не е точно 40. Бејби, може и да добиеш да знаеш. Исто ми прекина на неколку дена и пак имав после.
Тоа читам и ја … мислиш може да сум ја таа среќа од прв месец да добијам а и да дојам ексклузивно притоа
@Feniksgirl епа тоа викам јас сакам да крварам да се исчистам вака на мисла ми е... со првото до 1 месец секој ден крварев после почна вака жолт исцедок да се меша со крварење на неколку дена. @Baby warrior Нема врска доење недоење ,јас со првото точно на 40 тиот ден добив и оттогаш редовна ми беше а доев до 22 месеци. И тоа ме нервира дневна да ставиш не се знае кај ќе ти шлапне. Со овие шо ги користам вообичаено ме печеше раната и земав ОНА оние бабпски тешки влошки. Првите измислени хаха. Ама грди се крути ме нервираат А за формата сите велат стомакот ко пивтија ,јас цела ко пивтија се осеќам со гратис целулит. Значи и листовите на нозете ми се такви како пивтија меки и растресити и раце и се Рано е знам ама ме нервира оваа состојба башка стомакот многу високо ми е се плашам дали воопшто ќе се спушти. Со првото не беше вака и до втората недела веќе беше видливо намален. Ама па тогаш ни јадев ни пиев шо се вика ,може и до тоа е
Сосема нормално е малку да се крвари околу месец од пораѓај и тек тум некој ден да истече повеќе. И кај мене е жолтеникав исцедокот и памтам и првиот пат беше таков. А стомакот ми е не пача не знам што. Под пупак свиснат а над пупак дијастаз 4-5 прсти. Нешто вака личам Со првото може почнав касно со вежбање и скоро да го доведов во нешто нормално после 8 месеци од порагај. Сега полошо ми изгледа еве после 5 недели. Почнав со некои ептен лесни вежби па ќе зголемувам интензитет. Значи видеа со вежби за дијастаз има еден куп само бидете упорни, секој ден по 10тина минути.
Ја да прашам за дијастазов пошто сегде се спомнува. Мене стомакот ми е рамен скроз, ми се врати за две недели од пороѓај како пред да останам бремена.. може да е нешто помек не е така цврст ама немам вишок кожа и супер изгледа, може да имам дијастаз а да ми е вратен вака скроз да треба да правам некои вежби?
Ако ти е рамен шо се замараш Како викав дебела сум пред бременоста камо сега да го имам тоа тело и да сум такс дебела. Ако не ти се прави ко планинче немаш дијастаз а и да имаш ќе е минимален што и сам си се повлекува.
Вежбај со Lauren Fitter, уште многу малку меше имам, дали два месеци вежбам. 10 мин се вежбите, прелесни а ефикасни.
Не би требало да имаш ама лесно се проверува ,малку језиво е ама лесно е. Е сеа не знам дали треба да поминат 40 дена за да провериме или може и порано... пошо веројатно има врска и матката дали е вратена (мое размислување). @cocopuff не е мојот вака ,буквално како да сум 5 ти месец трудна е голем ама сегде распореден и на допир како балон