Кои ги вежбаш? Таа c-section workouts плејлистата? И мојов стомак речиси се врати во нормала ама се осеќам слабо и млитаво некако, скоро 50 дена сум од породување
Еј и јас изгледа добив пред ден два, исто ми се деси како што опиша ти, 45-6 дена после царски… дури и мислам овулацијата ја осетив пред две недели и бев као не бе нема шанси ама имало баксузи само јас не дојам ексклузивно, комбинирам
И ја пред 10тина дена осетив некои бодежи во јајник ама си реков не бе де враќа на место се … ваљда не добив денес само на бришење имам баш ќе видам што ќе се дешава
И кај мене така трет ден главно е само на бришење ама баш црвена крв… планирам и на контрола да отидам кога ќе го носам бебево на педијатар па да видиме
Ја знам, генерално вежбите се тие. Само рано ми е уште за многу напрегање, 5 недели сум од вториот царски. Вчера легнав доле да вежбам ама не се осеќам најспремна и само нешто малку успеав едвај некои pelvic tilts, 360 breathing, heel slides и толку. Ама битно да се почне па како ќе осеќам ќе додавам плус вежби.
Тие за дијастаз три видеа што се. Ама прелесни се, мене од што ми беа прелесни одма на најако отидов, се е на подлога и лежиш, прелесни стварно..
Здраво дали имате искуства со програмите да Драгана фитлајф? Дали сте задоволни и што вклучуваат истите?
Дали е нормално уште да имам болки како за враќање на матката ,грчеви? 1.5 месец како сум породена И мислам дека и пролапс имам..
Јас приметив понекогаш додека дојам имам како грчеви во матката. Иначе на контролата во Систина докторката ми даде зелено светло пред една недела дека се си е вратено во нормала и епизиотомијата супер како никогаш да не сум шиена.
И додека дојам а и онака најчесто навечер имам... А вагинално осеќам гребење како чичка кога ти е закачена на облека што гребе. И на огледало гледав многу чудно изгледа и гуглав така изгледа пролапс а матичен гинеколог изгледа е на одмор не ми креваат телефон... Ноќеска кога ме грабнаа едни лоши мисли дека е пролапс и ќе треба операција итн па морав да споделам, да видам искуство
Поминаа 40 ама не сум била дека не крева на телефон да закажам веројатно е на одмор ќе видам и утре ако не крева ќе барам на приватно негде...не знам дали на ехо или вагинален преглед ама гинеколог би требало да утврди тоа дали е
Сега гуглам, женска ова ми изгледа сериозно нема да биде само гребење симптом, да не паничиш пред време, си треба време да се врати на место се сигурно не е ова