Сеа се консултирав со општ лекар на кој шо исто така верувам многу ,можеби и повеќе од на гинекологот бидејќи таа ми е лекар од дете. Вика бапски муабет е тоа дека не може да добиеш ако доиш. Можно е првото крварење да е од нагол пад на хормони го кажа и медицински ама не запамтив а сеа ова мензис ќе пратиш 3-4 ден дали се намалува ако да тогаш како што ти велам е а ако не обавезно на гинеколог.
Врска нема дека ако доиш не можеш да добиеш. Мене мајка ми ме праќаше на доктор зошо немам циклус она одма после 40дена редовно си имала циклус, исто и другарка со двете деца на ексклузивно доење после 40 дена одма циклус најредовно. Јас доев ама на 10месеци ми дојде прв пат и тоа 3 дена па после година кога направи бебо почнав редовно да имам. Баш ја прашав докторката што ме пораѓаше на преглед за циклусот ми рече дека секој организам е различен не може да сме сите исти.
Ама знам јас тоа не знам што му е на докторов... После првото на 42 ри ден добив и си тераше редовно. Мене ,,проблем" ми е што ова е втор пат на 15 дена да прокрварувам затоа и сум збунета а докторот сигурно ќе го сменам само да помине боледувањево. Стварно муабетот ко баба на чешма а не како гинеколог со толкаво искуство.
edno prasanje,kosata pocna mnogu da mi opagja 2 meseci aum posle poroduvanje,kakov sampon i maska preporacuvate protiv opagjanje?
И јас се обидував со разни глупости, не помагаше. Во бременоста косата ми беше преубава, бујна сјајна, ми се згусна. Се породив и после 2м почна да паѓа во прамени, си падна тоа што не паднало во бременоста и престана. Мислам дека немаш причина за грижа, ќе помине али сепак и да немаш корист ако сакаш земи некои витамини, штета секако нема да имаш од нив.
После колку време ви се вратил стомакот во нормала? 11дена поминаа од пораѓај, доста се врати ама некако виснат е грд Да заздравам па да правам некои вежбички? Ставам појас по некој саат сега за сега.
Вежби почнуваш откако гинекологот по 40ден ќе направи преглед контролен и ќе каже дека се е ок не брзај мама многу од мешето се враќа и само. Јас за 3недели бев рамна како пред пороѓај, дај си време, хидрирај се, дои јас мислам цицањето ми помогна многу да се вратам
Јас сум 16 дена после пораѓај, исто намален ми е, ама далеку од тоа како што беше, плус мек, виснат во долниот дел над резот, а и сеуште имам болка во тој дел.
Баш пишав кај германките за ова. Гинекологот тука ми кажа витамини за доење. Важен бил многу цинкот 5 мг на ден треба да внесуваш.
Како балонче ми е над рез па тврд не го осеќам убаво, отрпнат. Рачунај се породив 31+5 не ни се оптегна незнам колку а остана над раната стомак. Уште ме боли местото на раната. Поминаа еве за една недела 5 месеци. Пред некој ден станав некако лошо од кревет се сецнав ми се слушна како да падна нешто и рипнав. Значи болка од лева страна кај раната мислиш втор или трет ден од кревет кога станав после царски е таква болка. Страшно. Раната ми е розево црвена, хипертрофирана. Катастрофа. Никогаш мислам нема да ми биде нормален стомаков и чуството исто.
Ова може да се смени или такви ќе ни останат? И мојата е таква, на почетокот и како топчиња на неа ми се направија, па малце се отвори од едната страна и сето тоа се познава апла убаво...
Се распрашав, само ласер. Очигледно не била добро сошиена како мојата премногу е стегано а сепак лошо сошиено и кожата почнува да создава премногу колаген за да ја затвори и ја прави така набубрена, црвена, на некои места мн чуствителна. На колешка каква и е рамна само малку побела од кожата, нормално дека лузна.Тој дебилот специјализант неписмен што ме шиеше, кој знае колку вака сошил. А го знам го донесе една колешка моја, и дигна веѓите, демек ее мн се напнала станала демек порано. А пола прст несошиено не споена кожава се гледа внатрешноста. Месец дена неможеше коричка да направи да затвори голема дупка. Слепци. Се нервирам да не мислам.
Јас дека не бев спремна за царски касно сфатив дека и мене ме шие специјализант (инаку ќе си побарав докторката да ме шиеше зошто приватно верувам ќе можеше). Ама тоа е што е, јас не се замарам премногу со тие работи, па и тоа е дел од имањето бебе - кога ќе ја видам неа се заборавам