Враќање во форма по породувањето

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 26 октомври 2012.

  1. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    2.888
    Пол:
    Женски
    Пред колку време е породена колешката? Мојата е исто набабрена и розова, еве скоро 9 месеци после царски. На почетокот едвај се гледаше, ептен тенка линија беше. Нормално е или и кај мене има некој проблем?
     
  2. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.428
    Допаѓања:
    5.044
    Пол:
    Женски
    Она дојде во канцеларија со бебето да го видиме после втор царски нецели три месеци имаше поминато. Не ми се веруваше. И после прв царски вика вака брзо ми се избледе. Очигледно добро сошиено споено. Само тенка бела линија рамна со кожата. Нашите се хипертрофирани затоа се такви.

    Вака нешто малку помазно.
     

    Прикачени фајлови:

    На Orchidea му/ѝ се допаѓа ова.
  3. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    1.574
    Пол:
    Женски
    Извинете на избац..мојата е исто хипертрофична лузна и ми кажаа дека имало врска со типот на кожа повеќе отколку начинот на шиење :wasntme: Односно, количеството на колаген..и јас се нервирам, демек ја масирам мачкам некое време глупости ама се помирив дека секогаш ќе биде така вцрвенета, дебела и грда..
    Апла се гледа дека ништо нема да ја оправи..
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.428
    Допаѓања:
    5.044
    Пол:
    Женски
    Јас прашав две докторки дерматолози, што соработувам. Викаат до начинот на шиење многу играл улога.Секако секоја кожа е различна ама имам на едно место колку еден прст ширина кај што беше споена кожата и добро сошиено и на тоа место не е испакната и е малку посветло како прекин на раната е. Верувам да било добро сошиено немало да е како сега. Јас контратубекс и силиконска трака ама ништо не помогна.
     
    На mariz и angel4444 им се допаѓа ова.
  5. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.613
    Допаѓања:
    2.888
    Пол:
    Женски
    Јас ништо не користев, ниту пак ми рекоа. Касно е да почнам? Не дека ми смета, ама вечно ваква не би сакала да биде :D
     
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.273
    Допаѓања:
    17.784
    Пол:
    Женски
    Кај мене е вака раната, уште првата ден, само една тенка линија се познаваше, засега нема промени, само линија си стои тенка, црвена. Кај мене не е шиено, туку со лепенки, така ми кажа докторот.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.484
    Допаѓања:
    5.151
    Пол:
    Женски
    4 месеци пп не се поднесувам. Цел живот сум 62,63кг, сега имам 72. Апсолутно ништо не ми е точно од шкаф, а и тоа што ми е катастрофа ми стои.
    Планирам да почнам од некаде, сфатив сама не можам, сега се мислам меѓу Драгана, Бубало, Пакиграм и Ицебфф, гледам и неговата сопруга исто работи.
    Страв ми е само како ќе држам режим и програма и вежбање а притоа имам 4месечно бебе, друго дете, обврски.
    Ако имате идеја/совет споделете :)
     
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.305
    Допаѓања:
    331.444
    Пол:
    Женски
    @Lady*Bug мој совет…Почни дома прво сама со вежби.Не фрлај одмс големи суми на пари, ако не си сигурна дека сега си во можност да се посветиш на ова.Купи си тегови(од 3 кг еден),јаже за скокање,мат јога и пилатес топка.Често се на акција во Кам или Џамбо.Имаш стотици видеа на инстаграм,youtube,threads..Само ти треба воља и упорност.И трпение,дека рез не идат преку ноќ.

    На почеток ако не можеш да вежбаш 40 мин, вежбај 20.Ама почни…И верувај малце повеќе во себе.

    Од исхрана за почеток исфрли газирано,тесто ,благо…Не се наеднаш.Едно по едно ако така ти е полесно.Здрави рецепти исто имаш стотици по нет.

    Провери си крвна слика и хормони.Висок кортизол прави сало.

    Понатака одкако ке влезеш во ритам уплати си програма тогаш ако сакаш :)
     
    На Izzy_0504, Lady Miami и Lady*Bug им се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.074
    Допаѓања:
    77.971
    Пол:
    Женски
    Тоа не е лепено, оно може ставаат и некој медиц лепак за да биде уште позалепено, ама сепак е шиено. Внатрешно шиење прават, и лузната доаѓа како залепена... Сиг игра улога и како сечат, шијат и плус и самата кожа. Во Ремедика знам дека сечат со некој специјален алат за најминимална лузна да има (незнам искуство да кажат и други од Ремедика). Раната исто ми беше без конци, тенка линија уште од сам старт. Рез врз рез имам (два царски), а лузна скоро и да немам. Имам една претенка бела линија, скоро невидлива.. Ама искрено и да ја имав, немаше да и се секирам. Прениско е, освен маж ми.. никој не би ми ја видел :D

    А дека има врска и шиењето, друг пример ќе ви кажам. Сестра ми правеше сколиоза операција и рез има од врат до доле. Лежеа 3 девојки во иста соба и само нејзината рана беше внатрешно шиена и лепена со некој лепак. Она сама замоли да ја средат убаво... додека кај другите беше на друг начин шиено, па уште тогаш полошо изгледаа раните и нивните белези повеќе се познаваат сега...
     
    Последна измена: 6 септември 2025
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.681
    Пол:
    Женски
    Женски ме фаќаат бедови. 17 дена од како се породив, денес едно теткиште ми рече врзувај го стомакот на што личиш.
    Јас сум свесна дека не е рамен даска ама не е ни толку страшен.
    Многу сакам да почнам со вежби ама свесна сум дека е прерано. Може со исхрана нешто да скратам , зашто сум зависник од благо.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  11. angel4444

    angel4444 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    1.574
    Пол:
    Женски
    Дно дна.. а и зошто сите будали околу тебе се собрале со коментариве :x морав..
     
    На Mumoftwo30, Lady*Bug, Ladyme и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    2.681
    Пол:
    Женски
    Во таква средина живеам. За жал. Не сум за тука со менталитетот ама тоа е, за љубов.
     
    На angel4444 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.273
    Допаѓања:
    17.784
    Пол:
    Женски
    Мене стомакот ми е буквално како да сум 5ти месец, не верувам дека ќе ми се врати како што ми беше претходно. Кога ќе се допрам мек ми е, како да не е мојот стомак. Градите огромни ми станаа, од старите градници ниеден не ме собира, морав да земам нови. Одвратно се чуствувам, мислам дека телото никогаш нема да ми биде како што ми беше, како да не сум јас. Моментално поважно ми е да се стабилизирам психички, потребно ми е време да се прилагодам на новата состојба, дека сум мајка на едно мало ангелче што зависи од мене, потребно ми е повторно да функционирам во новото нормално, сеуште се чувствувам изгубено, нервозно, премногу емотивно.
     
    На bokace1, Peperutce6, Lostinparadise и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. nice-girl

    nice-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    1.001
    боже сачувај на оваквите да им плеснеш еден шамар и да не им кажеш зошто. Па дете имаш пресно родено како да изгледаш ,некогаш значи мора да се ти искоментираат без да се внимаваат што кажуваат.

    Пеперутче остај ги нека си зборуваат и коментираат што сакаат ти гледај си твоето здравје и бебето оти вие сте најважни сега а за вежби мн е рано мислам дека ќе треба зелено светло од гинеколог.
     
    На Mumoftwo30, Peperutce6 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  15. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    4.602
    Пол:
    Женски
    Многу многу вода секој ден да се хидрирс организмот и да излегува се што не треба. Ставај бебка во количка и шетајте по најмалце час/час ипол. Сега како што е малечка ќе ти спие во количка а ти ќе прсвиш кардио плус малце време за тебе :l: се ќе биде супер и ќе се вратиш на себе
     
    На Peperutce6 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  16. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    3.104
    Пол:
    Женски
    Ако читаш поназад ќе видиш дека и мене така ми велеа и тоа не една туку поврќе од кои едната немаше ни 24 ч од пораѓај.
    На сите им викав чекај бе немам ни 40 нормално е има време !
    Не дека ми беше сеедно ама и им враќав. Страшна работа се сите.
     
    На Mumoftwo30 и Peperutce6 им се допаѓа ова.
  17. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.941
    Допаѓања:
    11.104
    Омфг, те молам гледаj си го бебето за 17дена органите не ти се наместени уште не стомакот висел не висел. Моментално најважно е да се храниш солидно за да имаш сила да се грижиш за бебето, за да заздравуваш и да можеш (ако доиш)да доиш. Убави домашни оброци, овошје, зеленчук, месо, здрави масти. Телото минува низ таков хормонален шок при пораѓај и бременост не може да очекуваме магично да сме како пред забременување. И коса паѓа со месеци и коски се изместуваат за да направат место за бебе. Трпение, добра храна и самата активност околу грижата за бебето ќе ти помогне за почеток. На ниедно дете не му треба слаба мајка за на слика или конфекциски број 34, туку силна мајка, затоа ти треба и тебе и на сите храна (и понатака тренинзи), а не гладување и истоштување.
     
    На Isabela23, Mimmi39, naturally и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    428
    Ајде и тука да прашам, зашто темата се вика "Враќање во форма".
    Како вие се вративте во форма? Дали некоја има побарано совет од нутриционист, конкретно Елена Мирческа? Дали некоја ја има поминато нејзината три месечна програма да каже искуство?
     
  19. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    10.846
    Пол:
    Женски
    Јас се вратив во форма со нејадење. Калориски дефицит и фастинг. Помалце кила имам од пред бременост. Исто и со првото дете, исто сега и со второто.
     
    На Isabela23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    1.044
    Пол:
    Женски
    Дали е нормално да осеќам мали боцкања во матка/јајници не знам баш каде, 5ипол месеци после пораѓај? Не е нешто болно туку малце непријатно и најчесто кога дојам и лежам. Немам уште добиено циклус, крварењето/исцедокот ми заврши на околу 40 дена од пораѓај и на контролата тогаш ми рекоа дека се е супер. Се си мислам добивам или овулирам ама никако да се деси а чудниве боцкања ги осеќам по неколку пати во ден… Породена сум со царски