Форумџика на годината

Враќање во форма по породувањето

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 26 октомври 2012.

  1. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    1.494
    Пол:
    Женски
    Тоа што "ѕирка" според мене не е дека стварно ѕирка,туку пред епизиотомијата вагината ни била "затворена" неразвлечена и слично, е после епизиотомијата пошто шијат на десна страна некако е повеќе "отворена" па тоа што го гледаш е ѕидот на вагината кој секогаш постоел само не си го гледала. Кај мене барем ова е случај,исто после првиот пораѓај баш ми ѕиркаше така кога ќе се погледнев,сега после вториот немам така пошто ваљда подобро ме сошиле.
     
  2. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    2.514
    Пол:
    Женски
    Јас со месеци се канам кај Драгана да почнам, ама немам никаква мотивација...
     
    На Kjara2025 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    3.319
    Пол:
    Женски
    Втор пораѓај ми е после првиот немав вака :(
    Или кога треба да напнам за во тоалет највеќе притисок осеќам како да ќе ми падне нешто
     
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.617
    Допаѓања:
    14.389
    Пол:
    Женски
    Во сала? Јас ја контактирав и ми предложи дека сум со царски, прво да ја поминам постпартум програмата, па после да се префрлам во сала.
     
  5. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    2.514
    Пол:
    Женски
    Не не, онлајн. Да и јас зборев со неа исто ми рече прво постпартум па после обичната или како и да ја наречам. Далеку ми е во сала плус, а и мн организација со бебе дека е дома, мм на работа до попладне...
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ElenaLizzie

    ElenaLizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Мене искрено на пролапс ми звучи ова. Јас имав/имам исто и сите ме убедуваа дека така требало, па од што си шиена е, викам, не дечки нешто не е во ред. И во право бев. Не треба ништо да ѕирка долу и пролапс е честа појава при природен пораѓај особено ако има повеќе напони се случува да испукаат колагенските влакна на ѕидот на вагината. Дури и матичната немаше да го примети кај мене да не и нагласев убаво да види пошто нозете дигнати нели на стол навидум изгледа како да нема ништо. Не е исто кога лежиш и стоиш. Е сега, штом малку ѕирка тоа е прв степен и се решава дури и само со интензивни кегелови барем 6 месеци, а и по завршување на доење и нормализирање на хормони би требало да се врати и подобри дополнително. Треба гинеколог секако да види и да даде дијагноза и насоки за третман. Пролапс ако не се третира ќе се влоши со годините и ќе повлече пролапс и на други органи. Кај мене предниот ѕид на вагината е попуштен и поради тоа бешиката клапнала врз него и ѕидот ѕирка.
     
  7. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    3.319
    Пол:
    Женски
    Епа јас како шо читав по нетов и бешиката ми е спуштена и ректоцеле имам.
    значи на горниот дел гледам едно како со дупче претпоставувам бешика а на долниот дел едно што кога сум во чичната позиција на огледало излегува и нанадвор
    не се подмочнувам до сеа ич а со големото до кај 5-6 м од пораѓај сум се подмочнувала си имав запишано. Ама затоа осеќам притисок во мочен меур, тешки столици имам. Или кога пешачам подолго осеќам како да ќе ми испадне нешто,всушност затоа и гледав што се дешава поради чувството како да имам/испаѓа нешто.
    Ама читав кегелови полошо можеле да направат...
    Имаше едни други вежби ама искрено само еднаш ги пробав (facepalm)
     
  8. ElenaLizzie

    ElenaLizzie Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2022
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    Се’ се решава. Барем мене така ми кажаа, ако не планираш веќе деца, најубаво да отидеш да ти кажат на доктор што се опциите. Урогинекологија е тоа. Матичната некој доктор Тантуровски ми го препорача. Јас бев но бидејќи сакав уште едно дете ми рекоа ништо сега, да завршам со репродукција и година дена после пораѓај за операција да дојдам. За бешика колку што ми објаснија минимален рез вагинален, две дупчиња и преку нив се поткрева. Следен ден си одиш дома.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    3.874
    Пол:
    Женски
    36 дена од породување,а јас добив бе |(
    Која случајност последна менструација , 19.02 , а прва 19.10 (facepalm)
     
  10. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.617
    Допаѓања:
    14.389
    Пол:
    Женски
    И јас добив така нешто, не ни знаев дека ми е добиено. На прв преглед ми кажа матичната, ама после 7 месеци следно добив.:D
     
  11. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    3.874
    Пол:
    Женски
    Ќе видам и јас како ќе биде.
    18 дена крварев , па сега една недела ме мачеше со исцедок и еве ја дојде :sweat:
    Се разочарав барем малку да се тргнев од влошки:rofl:
     
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.617
    Допаѓања:
    14.389
    Пол:
    Женски
    Ама да знаеш дека може и така на прекини да се дочистуваш, може да не е добиено.
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.098
    Допаѓања:
    5.220
    Јас така крварев со прекини, не значи дека е циклус тоа и е скроз нормално да варира.
     
    На bokace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nuny

    Nuny Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    703
    Пол:
    Женски
    Мајки кажете нешто за да ослабам малку многу мешето ми се познава а машала и нозете и плеќите како бодибилдер сум. 40дена во понеделник правам и сега барав нешто за облекување и ништо не ми чини... Пукнав од нерва!! И не јадам ништо веќе
    Не најдов тема или можеби не ја видов на форумот ако има извинете
     
  15. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.513
    Допаѓања:
    19.412
    Оо чекај уште 40 дена немаш, дај си време на себе и на телото. Бебе си родила, не се секирај сигурно изгледаш многу поубаво отколку што сама се гледаш во огледало.
    Не се ставај на диети се уште, почекај бар уште еден месец опорави се па лека по лека ќе се враќаш во нормала. Треба време, не може одма. Мојата килажа од пред бременост ја вратив после 6мес
     
    На Anaroz1, MariaBouli и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  16. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    3.874
    Пол:
    Женски
    Исто, во еден период се осеќав очајно . Имам 15кг+ .
    За 10 дена се симнаа 10 кг вишок и останав на +15 , но ќе се среди полека полека . Цел живот се борам со вишок килограми и забременив со 67 кг , има време кога ќе се слабее , дај си одмор на телото сепак немаш ни 40 дена од кога си родила сеуште органите не се вратиле во нормала.
     
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.343
    Допаѓања:
    17.934
    Пол:
    Женски
    Мој совет, а и лично го применив, има време кога ќе се слабее. После породување, една жена најмалку треба да се замара за вишокот килограми и виснатото меше, а доколку доиш треба добро да се храниш, 3 калорични оброци во денот и течности. Индивидуално е кај секоја жена, стомакот може да се намали за месец, два, кај некој треба подолго време, 6 месеци, година да се врати телото во нормала.
     
    На Bettina23, dummy, Noemi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.067
    Допаѓања:
    11.561
    За жал живееме во свет каде bouncing back многу се форсира, а позадината никој не ја прикажува.
    Последно нешто на што треба да се фокусира една мајка во првите денови од мајчинството се килограмите. Уште матката не е соберена, органите не се вратени во нормалната положба, кај царски па да не зборам.

    Доење и диета никогаш не идат заедно, 90% од рамните мешиња на инста се генетика, флекс/поза, не доење и рестрикција. Во тој хормонален хаос да го изложуваме телото кое создало бебе од ништо на дефицит е не само тажно туку и опасно.

    Од лично искуство, многу голема разлика приметив после првиот циклус, кога започнавме со храна ми се намали апетитот и на 8 месеци веќе почувствував дека можам да почнам да вежбам и да воведам некаков дефицит. Кај некој е многу порано кај некој подоцна. После 2ипол месеци сум помалку од пред бременоста, целулиѕот е минимизиран, сеуште дојам како порано, не спијам редовно, а сепак се чувствувам добро, по што заклучувам дека за мене сега било идеалното време.

    Слушајте го телото, дајте си време, купете 2-3 убави комбинации во поголем број и уживајте во бебето, се минува толку брзо.
     
    На Izzy_0504, Bettina23, Tulip023 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.652
    Пол:
    Женски
    Ни целулит имам, ни стрии имам, стомакот веднаш после пороѓај ми се врати, ама тоа се должи на генетика, јас пат во живот качив над 50 кг во бременоста, и бев пресреќна оти сум костур во движење :)
    Се породив со 58 мислам, после пороѓај по некоја недела 50 бев, сега не знам колку сум ама отприлика толку. Јадам како скината оти дојам, повеќе и од кога бев бремена, и ич не ми чуе низ ни за тело ни за ништо.
    Едната цицка ми е како лубеница овисната а другата како овенато јаболко оти синко само од една цица ама шо има везе, битно тој да е најаден и среќен, среќно бебе среќна Мама :inlove:
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bokace1

    bokace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    3.874
    Пол:
    Женски
    Дали од кога ќе добиете менструација ,следната веќе си доаѓа нормално еднаш во месецот?