Мене некако порано ми доаѓа некој ден, порано точно на 28дена сега на 25-6, добив пред ќерка ми да направи 4месеци
мене не ми доаѓа нормално, цело време ми касни... ама второ ми е, и со првото додека доев исто така ми беше, кога ја одбив ми се врати во нормала на 28 дена.. сега и ова го дојам.. така да не очекувам да се нормализира во брзо време кај мене пак...
Мајки, кога почнува да паѓа косата? Бебе е 4 месеци и 1 недела, а косава ја приметив како ми опаѓа при чешлање пред околу 2-3 недели. Кога престанува паѓањето?
После трети месец нагло ептен. Ќерка ми е сега 7, комплетно ми е обновена косата и имам скоро па шишки од новата коса страшно ми паѓаше напред бев ќелава буквално
Стриите нема да исчезнат, само ќе избледат. Целулитот ќе се среди само со правилна исхрана, вежбање и евентуално рачни масажи за разбивање. Ама масажите не се препорачуваат додека доиш, исхраната може да ја средиш, и може и да вежбаш ако ти дозволи доктор. Ама најголем ефект за хормонскиот целулит од бременоста имаат масажите, барем кај мене се покажа така, првиот пат со класични антицелулитни масажи кои ги имав после прекин на доење, а вториот пат со мадеротерапија после пет години од прекин на доењето. Еве, после две години од мадеро масажите, мене ми се чисти нозете, а имав ужасен целулит.
целутот и кај мене се среди, со физичка активност, а стрии немав од бременоста, имав предходно од варирање во килажа, тие уште си стојат...
Во Мадера во Ново Лисиче. Најди ја на инста m.a.d.e.r.a Имаше добра понуда за пакети периодов, види дали трае уште.
@Anie93 За стриите нема лек, со тек на време малку ќе избледат. Јас накачив само 10кг цела бременост што после пораѓај веднаш ги снема, ама имав видлив целулит по нозете кој исто така сам од себе си изчезна. Никогаш предходно не сум имала толку видлив целулит, а кога и како се изгуби искрено немав време да се замарам. Веројатно имаше улога што пиев доста вода .
јас се поправив 20кг, одма изгубив 10кг ама јас почнав до 52 така да сега сум си таман само такс мн целулит имам…
И јас почнав со 52, стигнав до 62 во 9ти а сега одам само надолу што никако не ми се допаѓа . Скоро си породена, остави на времето некои работи сами од себе ќе си се средат.
I kaj mene isto sme 4 meseci i 2 nedeli e bebe i veke 3 nedeli primetuvam lom po doma ima li nekoe chare barem da se spreci opagjanjevo? koristis li nesto? veke panika me faka sekoj den sve povise mi pagja