бев на контрола после 40 дена и добив зелено светло природно сум породена иначе два пати, и двата пати после 40 дена се вратив на трчање. само да знаеш на почетокот е многу тешко
Алал да ви е мајки како наоѓате време за трчање. Секоја чест. Како ми расте бебево, подолго од 1 час не можам да го оставам. Или ќе цица, или ќе заспива само со мене, или плаче....
Мајки породени со царски рез, од кога почнавте со вежбање? Пет месеца после породување конечно делот над раната го чувствувам нормално, меко, а не тврдо како претходно, повремено во пределот на раната знае да се јави некоја нелагодност. Планирам да почнам со лесни вежби, а од пролет поинтензивно, плус да се вратам на трчање.
Дај утешетеме дека ќе престане ова опаѓање на коса 4 ипол месеци од пораѓај, мене почна косава да ми паѓа како луда
Јас прво почнав веднаш по прегледот на гинеколог по 6 недели, ама искрено ми беше многу мачно, па паузирав и после повторно почнав по 3 месеци, прво со лесни вежби, а сега, веќе 5ипол месеци постпартум, вежбам активно и поинтензивно, како пред бременост. Дијастазот значително ми се намали со вежбањето.
Покасно почнав од 8ми, од причини што немав време порано, ти препорачувам да почнеш со вежби за дијастаз, јас лично сум многу задоволна од постпартум програмата на Драгана, многу нежно и постепено ми ја врати силата, па продолжив со нормални вежби. На почетокот може да осеќаш блага нелагодност во стомакот ама со тек на време зајакнуваат стомачните и ја снемува.
Како да се мотивирам да вежбам од дома, се си наоѓам нешто "побитно" за правење него ли вежбање. Сакав денски ама мм иако е од дома има премногу работа и стварно нема кога да ја почува. Е навечер одкога ќе ја заспијам се некако или сакам да одморам, да поседам со мм или да си легнам кома за да можам да функционирам со ранобудников мој. Моментално немам опција да одам негде со термини дека тоа уште по хаос ќе ми е за организација. Не изгледам нешто полошо од пред да останам трудна, малце по виснат стомак ама одсекогаш си го имав и си бев со вишок кг, сега сум исто кг како пред да останам трудна ама сакам да ги симнам вишок килава и да се осеќам полесно. Ме мачи само што апетитов ми е до плафон, еве скоро 10м како дојам и не се смирува и само нешто сум гладна и после се осеќам лошо дека сум јадела. Почнав демек по 5 месеци дома да вежбам, тоа кратко траеше дека се нешто друго искачаше што треба да правам. После неколку месеци месеци се вратив демек реформер да вежбам (вежбав и дур бев трудна и пред) и тоа траеше еден месец, и кнап со време никако не успевав да најдам соодветни термини за мм да ја чува малата и еве сега демек пак од дома ќе пробувам да вежбам и се вртам во круг со времето. Има ли некој во слична ситуација да си се мотивираме некако
Јас Мали е 5 месеци, а имам и тодлер. Неколку пати станав во 6 пред нив и успевав да извежбам ама како залади и се стемни ич ама ич не ми се станува на сабајле а тоа ми е единствена можност за вежбање. Навечер не сакам зошто сум преуморна и за психичко здравје ми треба саат два оддишка и да седнам пред тв или со маж.
Јас со едно па пак броено времето.. Реков демек еднаш за викенд да ми е вежбањето ама некако за викенд па сакам повеќе да сме надвор сите заедно најмногу што можеме и пак тешко двојам време
После три месеци ама ми влијаеше на млекото па престанав. Хормони мама, ќе се врати во нормала, ама ќе си почекаш. Што вежбаш после програмата на Драгана? Кажи нешто зашто се ми е досадно, сакам нешто после кое ќе осетам дека сум вежбала, овие постпартум вежбиве се предосадни.
@Feniksgirl пробај ги T 25 вежбите на Shaun T. Вкупно 30 Мин се со истегнување, а верувај ми ептен ќе се чувствуваш како да си вежбала. На youtube имаш 2-3 видеа. Денски преку неделата и јас не наоѓам време за вежбање . За време на дневните дремки на бебе приоритети ми се ручекот и чистењето освен кога е сончево времето. Тогаш се менуваат приоритетите и облекувам патиките и шетаме 3-4 км. Навечер се наоѓа повеќе време за вежбање. Го намалив времето за вежбање на 10-15 минути што беше реалистично за мене и тогаш почнав почесто да вежбам. Оти џабе е ако вежбам 1 месец, а после 3 не. Вака малку ама константно. Почнав со вежбите за дијастаз инаку. Барав клипчиња на уoutube и си избирав едно. За време на викенд ако го чува бебе маж ти можеш да најдеш некое видео 20-30 минути и пак го имаш цел ден на располагање. Мене сонот ми е битен па рано да станувам за вежбање пред бебе да стане не ми беше опција ама ако ти си утрински човек why not.
ќе беше изводливо да не ми стануваше бебево во 4ипол хах. Да почнам во 3ипол да станувам за да е пред неа
Скроз ме измотивира Алал да ти е и фала!! Мене ми е прва бременост, во март треба да се породам, дај Боже да помине се ок и да си се вратам во нормала. Вежбам и сега иако да, знам дека ќе биде тешкичко враќањето
Јас вежбам од дома веќе 4м, со програмата на Драгана. Почнав претходно од видеа од јутуб ама траеше тоа 10дена. Вака имам платено па гледам да искористам. Видеата до сега се до 30мин што не е мн. Највеќе гледам кога бебе спие втора дремка или прва (кога не правам ручек за нас), но се случува и кога е буден да вежбам па со нешто се занимава (не лази уште), или поголемата кога е дома и она го занимава, и ќе извежбам 30мин иако за тоа време цел стан може да стане лом од поголемата. Убаво се чувствувам кога ќе извежбам ама не знам дали има некој напредок, иако добивам коментари дека сум ослабната, килажата ми е иста како пред да останам трудна, ама стомаков мн ми е некако голем, надуван, градите виснати, тоа приметувам по блузи што претходно сум ги носела сега воопшто не ми стојат убаво и ми се некако ,,кратки". Тргнувам сега на работа веќе и се плашам дека ќе прекинам со вежбање...
@Feniksgirl со Драгана вежбам ама Fit for life претплатата, бирам тренинг според времето што го имам, има средно и напредно ниво.