Јас вежбам кај Драгана. Почнав со постпартум програмата, 8 недели трае и многу постепено се накачува интензитетот на тренинзите, мене тоа многу ми одговараше зашто долго немав вежбано и кондицијата ми беше скоро непостоечка. Плус има неколку дополнителни кратки тренинзи за брзо истегнување и раздвижување. После се префрлив на обичната фит фор лајф претплата, таму веќе има тренинзи со различен интензитет и многу повеќе рецепти. Мене пристапот на Драгана многу ми се допаѓа, многу детално ги објаснува сите вежби, вежба и збори постојано на видеата, цело време укажува на што треба да се внимава, многу е темелна и посветена.
Јас дојам и планирам да дојам барем уште 5-7месеци баш ми треба мени пошто се фаќам како грицкам глупости и од тоа сум здебелена. Никад не сум сакала наполитанки сега ја шетам надвор и си купувам наполитанки зависна станав глупости! Од денес почнувам малце повеќе вода да се натерам да пијам и благо да тргнам од тоа се дебелеам јас и штом тргнам благо одма телото ми се враќа во нормала ќе си ја купам денес на драгана програмава онлајн и ќе почнам
Апдејт да дадам, леле рецептиве што ги има ставено сите превкусно изгледаат и здраво вчера пазарев во веро остаив капитал од 7.000 на намирници за мене и бебка и од денес почињам со вежбање и средена храна некако мерак ме фати имам за симнување 5-6кг не се превише ама ми сметаат. Гледам слики по пороѓај што убава сум била со 64кг сега со 69 некако мн полошо се осеќам па стартувам денес
Здраво штом јадеш мора да имаш резултати. Ако имаш време повежбај, ако не доволно е и шетање во денот. Колку ја плати програмата? И јас сум 69кг, најубава сум си со 63-4. Ајдее па пиши за колку време ќе постигнеш посакувана килажа.
63-4 е бројката ама стварно драстично се осеќам подобро на таа килажа, 1300ден и е месечно програмата. Ќе пишам како ќе ми иде. Јас брзо симнувам кога сум во движење и кога не грицкам глупости и благо. Упте побрзо качувам кога ќе се опуштам и заборавам дека летово е за 3месеци и треба да легнам на плажа у некои убави купачи
Си го сочував јас, ја уплатив еднаш ама некако тешка ми беше и се откажав. За постпартум програмата. Можеби дека и ептен брзо по породување ја уплатив. Сега веќе некое време вежбам полајт вежбички за истегнување, за грб и дијастаза па се двоумам друга среќа дали да пробам со програмава. Јас исто со доењето многу се збуцнав. Имам апетит на волк. Исконска глад. Мене 59-61 ми е тежина во која се осеќам најкомотно иако со висината можам и до 70 да терам. Ама сега сум 73-74 и премногу ми е. И јас сум од февруари на некој режим. Не престрог зошто уште имам прилично апетит а и мојот нејадач е речиси сеуште на екслузивно доење. Ама ајде ќе се дружиме да симнеме тоа што останало.
Јас се немам измерено..страв ми е благо сакам и лапкам само нешто благичко..и во 03 сабајле сокче тетрапак кога ќе се разбудам жедна ..страшно
Благичкото ме кине и мене, 3дена не јадам благо и најважно со кафето не мцкам колаче одма мешето рамно
Лелеее истоо значи, од фриждер директ.. Ама кога ќе се разбудам гладнс не сакаш да знаеш што све ќе ми текне да јадам
Same here..и само грицкам....што ќе најдам кикиритки..чипсче,крем бананче ..чоколадно млекце...колачиња па некое бомбониерче ќе отворам да не е при крај со рок боље јас да си го лапнам..хорор