Враќање во форма по породувањето

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 26 октомври 2012.

  1. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    4.208
    Пол:
    Женски
    6 и нешто недели откако се породив и си правам рекап на прогресот околу физичкиот изглед. Се имав поправено 10кг и ден после пораѓај кога се измерив веќе 6ипол имав симнато. Во наредните 2-3 недели ги симнав и останатите. Ама сега со доењето страв ме фаќа да не се поправам пак, а си се лажам дека се трошат околу 400-600 калории дневно со доење па се некако стигнувам да ги надокнадам тие со нешто благо или грицки.
    Периодов често се фаќам како грицкам нешто а уствари не сум гладна туку сум жедна. Пробајте да испиете една чаша вода кога ќе осетите глад, може ќе се намали или барем ќе се пролонгира.
    Инаку конкретно најмногу мака имам со стомачето. Се останато ми се врати како порано, влегувам во фармерките ама закопчување ептен кнап, со живи маки. Ми фали стукот што си го имав пред бременост. Ако некоја мама има совет или успешно затегнала стомаче или намалила струк нека сподели како :D