Сега си ја отворив книшката шо ми беше за втората бременост, значи сум ја почнала бременоста со 70 кила, две недели пред породување сум била 91 кило, а на денот на породување мислам дека бев 93 . Сега сум 66, скоро 5 години после тоа.
Се враќаат ли килограмите што се губат постпартум, еве сум со скоро 20кг помалку, односно вратена килажа како пред бременост. Ама уште одам надолу, што ми оди во прилог. На ексклузивно доење сме и дополнително со обавези околу бебе повеќе сум на полесна храна, цел ден на нога и шетање со количка... па се прашувам после со престанување на доењето да не се враќаат
Не се враќаат. Барем кај мене не се враќале. Исто 2 бремености, со првата дури повеќе ослабев и не се вратив како пред тоа, а сега сум 1-2 кила плус, како пред првата бременост. Јадење исто како секогаш, без претерување.
Mene doktor mi rece 6 nedeli da ne cepkam, na 6tata nedela bev na kontrola da me vidi i posle toa pravev se
Јас се здебелив после 6ти месец кога се намалуваат подоите малку по малку еве кубурам да се вратам како кога се породив 68сум сакам до 64 да дојдам . Се породив со 72
Дури изненадена сум колку доењето помага во симнувањето кг. Сакам да бустнам сега јако и со пешачење дури не фатило пекол жешко да не се излегува од дома, уште некои 7кг да симнам
Да јас се зезнав со јадење благо и сега решко ми е да симнам ама морам до роденденот на ќерка ми да сум во форма како што сакам си ветив и си каснав чоколатце сеа после вечера
Кажете како да ги симнам кг после бременост пред да останам бремена имав 60кг на пороѓај заминав со 79... Сега два месеци после пороѓај имам 66 кг. Имам малце стомаче но поправена сум во бутовите и задникот
Лелее а јас па многу јадев на почетокот кога доев. Ненормален апетит. Кога бев трудна ич ама после тоа беше јадење уживање
Шетајте со количка, испод 10 000 чекори да не си. Ако доиш телото троши плус околу 400 калории за производство на млеко, полесно ќе симнуваш Јас обратно, во бременоста дури повраќав, се миев и пак јадев
Мајки дали некоја од вас вежбала постпартум програма на Бубало или Драгана? Па да даде мислење, сакам да почнам од следна недела веќе