Не знам каде да прашам во која тема која е најактивна за прашањево… дали некој правел операција на папочна кила?
Здраво, дали има некој мајка со две мали деца и да работи од 8-16 и при тоа да вежа активно ми треба за мотивација и дали е изводливо претходно вежав во теретана, сакам пак, но може и домашни тренинзи(знам не е баш исто, ама барем колку толку да сум активна) инаку немам баш помош околу децата освен сопругот и тој работи.
Јас. Си уплатив кај србин тренер. Ми даде вежби и за теретана и за дома. Лошо е што не може да ги зачувам. Ќе ми бидат достапни додека плаќам.. не е исто да, ама многу значи, макар и само 20 минутки. Секако пешачиме со количка секое попладне.
Дали некоја има искуство со Кинестетик? Се интересирам конкретно за дијастаза. Инаку, горе видов прашање и јас треба да оперирам папочна кила, ама некако одлагам уште малку да пораснат децата. Какво е вашето искуство?