Ах што ме нервираат такви луѓе, во секоја манџа да се измешаат. Не им придавај на значење ништо. Гледај си го бебенцето, остави ги нека зборат. Секое чудо за три дена. Преку ноќ не можеш да се смениш. Но тоа не е причина од дома да не излегуваш. Излегувај, шетај, биди горда на себе. Ќе почнеш пополека да намалуваш со исхраната, за 6 месеци би требало да се вратиш на тоа што си била. Само остави ги луѓето што зборат, немаат друга работа веројатно па се замараат со твојата тежина. Биди среќна и весела и сподели ја таа радост на бебулето.
Ова од вчера уште мислев да ви го напишам и се однесува најмногу на плачките и депресивните мами меуу леонтина и сите што паѓаат во депресија од вишокот на килограми. Една од моите тетки, пред неколку години се разболи од овие посериозните болести да не именувам и после операцијата мораше да мирува да лежи најмалку 6 месеци. Имаше тело авион, што да ви зборувам, згодна убава се нај нај, но после тој долг период од лежење и од реакција на болеста се здебели неверојатни 35 килограми, сега е здрава ама килограмите и стојат. Муабетот ми беше дека таа се здебели од неубаво, нема ни деца, а после ова нема да може ни да има, но сепак продолжи насмеано да си живее, си купи нова гардероба драстично поголема од нејзината и пак е дотерана излезена прошетана и не падна во депресија (барем не дозволи ние да приметиме) А вие сте се здебелиле заради вашите малечки цуциња бебиња, што кога ке се погледните во огледало треба да се насмеите и да му речите на бебето гледај што и направи на мама со текот на времето ке почните да го симнувате вишокот, и бебето кога ке почне само да јаде, кога нема да го доите повеќе тогаш со задоволство ке се ставите на диета и пак ке бидите најубави и да не видам повеќе тажење жалење депресии заради некои кило плус во мешенцата ваши. Уживајте си со бебушките и не мислите на глупости. Многу ве сакам
Вакви луѓе не разбирам воопшто што им е проблемот, што се замараат со туѓи стомаци?? Што треба да се постигне со таков непотребен коментар и што очекуваат како одговор?! Јас сега како трудна кога шетам низ парк, обавезно ги гледам тазе мајките во стомакот и газот на што личат, и на некои се воодушевувам, од некои се плашам, ама тоа само јас си гледам и си споредувам, не коментирам глупости. Мое тело, мој проблем. Не дај Боже некоја утре да ми се направи паметна да ми го коментира стомакот без никој да ја праша, одма ќе и речам глеј си го здравјето и не ме замарај со глупи муабети. Па немаме сите иста генетика, колку и да пазиш, бременост е бременост, се се лепи на стомакот.
А бе женчиња, 9 месеци сме се гоеле, 9 месеци ни требаат за да се вратиме на првобитното Некои имаат среќа и тоа го прават порано, а некои несреќа и им треба повеќе време. Како и да е, добро е да се припази на храната и да се има умерена физичка активност, ама најважно од се` е да бидете среќни, насмеани и горди, зошто сте станале Мајка. Живејте го животот кој ви добил нова смисла, поголема од таа на „се` уште не собран стомак по породувањето“ и сите зајадливи коментари директно во Траш ставајте ги. А стомакот/газот/градите ќе ви се вратат во нормала, не берете гајле
Е да не сте ми вие овде ,со таква позитивна енергија и убави мисли незнам што би правела. Да ви кажам дека многу ве сакам и ме расположивте ептен и голема подршка сте ми во оваа моја депра која набрзо ке ја шутнам ,ке се обидам да бидам повесела ,и сега се организирам за следната недела да одам во шопинг и на фризер да се улепшам малку
Јас пак ќе ви се умешам у штипки ама мајки бре, вие донесовте на свет мало човечуле, створивте живот, родивте живот, вие сте на повисоко место на пиедесталот и од најзгодните манекенки во светов. Најсвето нешто е да се биде мајка, мене барем лично мајките многу ми блескаат, убави ми се, посебни, затоа што се мајки, затоа што да се биде мајка е голема жртва, многу поголема од било која диета, бескрајна несебичност. Затоа што мајките мислат повеќе на своите чеда секогаш и секое парче од себе го даваат за мирот и среќата на своите деца. Затоа сте преубави! И ќе изгледа како да трескам глупости или да бладам, ама искрена сум, не дојдов да тешам
Јас да ви кажам, што убаво во бременоста си пазев, јадев нормално и хранливо. Се поправив 10кг и дома си дојдов даска. Мераци. Се чудеа дал родив или не. Е, после дојде интересното. Имам немам млеко работава, па пиј бози, млеко со бисквити колку да не биде така, па ај несквик, чекај ова она, за млекото. Ми ја подуја главава мајками и свекрвата и сите да јадам дека ништо не сум јадела а млеко од ништо тешко да ќе имам и ете, денес имам ПЛУС 10кг. Кога ќе се видам во огледало сум тотално разочарана, не дека сум дебелка но, не сум јас. Не се чувстувам удобно. И нозете ме болат згора на тоа... Секоја вечер се масирам за да заспијам, веројатно моето тело не е навикнато на оваа тежина а и не му прија... Оф, на некој му стои килажа и изгледа убаво така, но јас не сум една од тие, и морам да ослабам за да ми се стабилизира организмот. Еве пар денови се пазам, имам 1,5кг помалку. Морам да бидам доследна и верна на тоа што си го ветив. Ооо дајте ми поддршка дур го пијам горчливово кафе и додека мислам дека за ручек ќе имам само домати и јајциња и дури еден портокал. Бррр... п.с. малата веќе не цица, па затоа веќе сум на диета. Инаку секако немаше вака строго да се држам...
Оххх и јас сакам барем 15кг, помалку и ќе ги имаме, така ме има фатено иант, има да се направам точно како што се сакам.... до тогаш, што ќе облечам ич не ми е јасно Гирл1985 и да знаеш дека од тежината те боли се, јас таков проблем си имав пред некоја година кога бев поправена, и тоа беше една од главните причини за да ослабнам, и ослабнав. Само упорност, а во однос на диетите од срце ви ја препорачувам УН, треба време, ама резултатите се трајни. Инаку си читав за постпородилна депресија, па можно ли е да ги имам буквално сите симптоми, ниту еден ме нема скокнато :geek:
Ретки се тие што од породилна сала излегле со старата килажа или ја вратиле после месец дена, но почекајте, ќе биде, што се брзате, да не ве чека црвен тепих наскоро? Го разбирам очајот, и јас бев таква ама со тек на време и со труд ќе си се вратите на старо...Мене ми требаше околу година дена иако не беше голема килажа во прашање но не се чувствував удобно... И не им замерувајте на другите ако искоментирале за вишокот на вас, веројатно уште не станале мами, па можете ете подмукло да си се насмеете дека и нив тоа ги чека
јас имам многу голема подршка од мм секогаш кога ке почнам да се жалам за тоа колку сум поправена тој мивика дека ме сакал уште повеќе оти сум му родила најголемо богатство и воопшто да не се зџамрам за тоа зошто покрај малиот сум била поубаво од било кога и кога сум сама и ке ми текне на килажата одма си ги кажувам неговите зборови и се заборавам во минута...обидете се да размислувате позитивно ПОМАГА поздрав до сите ке дојде време кога ке бидеме како што бевме
Ај и јас да си кажам... имав проблем со хормоните па качив 25-30 кг додека да испијам сета терапија и да се потсредам... Па една бременост, па убаво, сочно јадење за млекце во период на доење... Појдов на работа, ништо не ме фаќа и мм ми вели, не се секирај, те честам шопинг и стварно обновив гардероба и почнав да се потсредувам... Таман намалив едно 5-6 кг и мислев да извадам од постарите алишта, оп втора бременост и сега пак убаво, вкусно, сочно, калорично, преслатко јадење за млекце во период на доење... Искрена да бидам, едно 30 кг сум далеку од мојата посакувана тежина, а едно 40 од идеалната според висината ама моментално не смеам да се замарам уште и со тоа, планирам пак да почнам со вежби од пролет и секако полека ќе намалувам со исхраната кога ќе почнеме со немлечна храна, ама ништо ригорозно, а мм ми вели: Што се секираш, ако на пролет со шетање 2 деца секој ден не ослабиш, шопингот не ни бега (А јас во себе си велам: А ќе имаат ли бројче за мене?!?!?) Ај не се нервирајте за кг, гледајте тоа бебулињата, уживајте со нив, од пролет шетајте ги секој ден и се подолго време и ако паднете во криза, сетете за на моите +30-40кг и тешете се дека има и бетер од вас И заборавив да ви напишам 2 утешни мисли кои ми ги кажаа прекрасни личности: 1. ТHE BIGGER YOU ARE, THE MORE OF YOU THERE IS TO LOVE! Ова мм ми го ископа од некаде кога имав качено кг по проблемите 2. НЕ СЕ ЗАМАРАЈ КАКО ТИ СТОИ ОБЛЕКАТА КОГА ГО ИМАШ НАЈУБАВИОТ АКСЕСОАР НА СВЕТОТ! - СИТЕ ЌЕ ГО ГЛЕДААТ БЕБЕТО, КОЈ ТЕ ГЛЕДА ТЕБЕ! -по првиот пораѓај ми го рекоа и навистина беше така, гледам облеката да ме собира, а сега со 2 аксесоари - еден на рака и еден за рака, ма кој ме врти мене бре и кој што ми може
ова не е добро, се спремам да излезам, имам што да облечам, и покрај тоа што се едвај ме собира, а како врв на се, чизмите неможам да ги закопчам... и после како до депресија?? па многу лесно, полесно здравје
Аууууу зошто депресија, тоа е само знак дека си печена за нови чизми Ај купи си некои поубави и со мерак ќе си ги носиш
Неможе , си ги сакам моите, тие. Абе неможам да го закопчам патентот , тоа е проблемот. На крај видов невидов пак во тренерките и патиките се вовлеков. Не е фер.
Меу ма немој така па ти само за ќотек си. Мене што ако ме собира во старите фармерки и некој дел од алиштата што полесно се адаптираат де, кога мешлаков виснал и не си оди. Мака да го гледам. На миг ќе заборавам и леле која полетна среќна сум, абе до тука бидуе. Ама кога ќе се вратам во реалноста(читај сум поминала пред огледало, туширала или сакала да пробам некој секси фустан од плакарот) шлог од прв степен. Туку ајде има време доиме, мами сме ќе бидне и тоа.
Ама вие сами си ги правите маките, ќотек за сите! Како може да очекувате дека после само неколку дена од пороѓај вие ќе влегувате во секси фустани и стари панталони/фармерки? Што очекувате вие после бременост, раширување на карлица, пороѓај и тековно доење? Не се споредувајте со никој, ниту со тековни мајки! На мене, на пример, ми требаа месеци и месеци да стигнам до некоја нормала, и пак, не сум тоа што бев и што сакам да бидам, ама се помирив дека телото ми претрпело промени, и сега само работам на моето здравје и кондиција. Ве разбирам како ви е, и јас бев така идентично, избегнував огледало ко ѓавол крст, ама почекајте малце....пуштете малце мозокот на пасење, уживајте во секој момент оти тие не се враќаат назад, се` друго е минливо и менливо
Moira и AIT значи ве сакам! Како само знаете да ни дадете кураж... јас имам некои обврски и не можам асално да седнам да се изнапишам малку на форумов, ама кога го читнав последново мислење морав да реплицирам дека ми врати волја за многу работи. Ве сакам девојки, ама многу! меУ, немој залудно да се нервираш, па уште 40 дена нема како роди. Мислам аааалооо, за ќотек си!
Инаку, кога решив да почнам сериозна строга диета, многу се нервирав во еден момент кога дојде сопругот до мене со благо да ме зафркава, демек не смеам да јадам па лиги ќе ми прави. Па јас 9 месеци трпев од хормонални до секакви измени. Месец дена се оправав од породувањето, крвавев, имав некои чудни депресии плус сеуште не можам организмот да го вратам на нормала со килограмите, и уште он ќе ме зафркава. Ах да ги видам мажите да родат, има Господ да го видат.
И насмевка и надеж ми дадовте Среќа кај мене освен свекрва ми никој друг не ме зеза за тежината и тоа што пазам што јадам инаку пиштол ќе си купев до сега Се нервирам што ништо не ми е точно, зошто ме фаќа паника што би облекла да треба да одам некаде ете тоа е маката, а за низ дома пижами или тренерки вршат работа. Ај ќе почекам оваа зима, ќе квачам повеќе дома, за на пролет веќе конечно да се средат работите.