1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Враќање во форма по породувањето

Дискусија во 'Бебе' започната од NoellePage, 26 октомври 2012.

  1. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    meU, детето менува се, од мајките е потребно само малку повеќе да сме цврсти и да си ги прифатиме промените кои секоја мајка ги доживува на почетоците. Не очекувај дека на пролет одма ќе зацветаат кокичиња, но радувај му се на детето и раководи се по него. Сега ние сме веќе во втор план а детето е во прв. За килограмите постепено ќе ги стопиш, немој само да се оптеретуваш, ќе си направиш лошо, а самата нервоза и децата ја чувствуваат и потоа и тие се неспокојни. Сум го увидела ова и тоа ептен. Помисли дека многу други поминуваме низ истото и не си сама верувај. Сите сме го имале моментот на пробување тесни фармерки, полн плакар, а ништо не не собира. Треба да се оди некаде а не знаеш што попрво да спремиш, дали себе си, дали детето, дали ташната, дали сопругот. Мене ми се најдоа трудничките работи во периодот кога бев подпоправена, сега веќе почнувам да се враќам постепено на старата гардероба, ама сеуште сум далеку од мојата форма.
     
  2. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    сите што не знат знаат дека сме родиле!!!
    па не сме ние холивудски ѕвезди па во 2 месеци магично ,,со многу напор и вежбање и строги диети,, да се вратиме во нормала...

    си имаме дециња ко мечиња за гледање :D :D :D
    се ќе си дојди на свое место ;) ;) ;)
     
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Денес бев мераци кога вагата ми покажа минус кило и пол. Ајде честење на велико :party: :dance: Од сега почесто ќе трчам по автобуси
     
  4. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    јас сум ослабена 2кг и стојам на то еве добри 3 и нешто месеци е сега почнав сериозно да пазам на јадење и ќе се вагам по неколку дена да видам дали ќе ме израдва вагата :rofl: :rofl:
     
  5. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Мојов ке ке биде долг пост

    Јас останав трудна веднаш после свадбата, многу сакав да имам деца. Си бев тогаш полничка,не толку ама имав вишок, плус како што сум гурман, како ми дојде бременоста :D Првите три месеци и не јадев многу, оти многу повракав,дури и ми се чини дека и малку ослабнав, но потоа како си јадев, јас и мажот ми живеевме сами и не готвевме,се само готова храна и по ресторани,плус тогаш не пиев многу вода, само сок |( Лекарот ме советуваше да не јадам многу,5 пати на ден ама малку,јас како да го разбрав уште повеке јади. Потоа во 7ми месец дојдов во Австралија и се си пробував нели, нова храна :wasntme:



    Се здебелив 22кг,останав трудна со 78кг,висока 170, на пораѓање бев точно 99 кила, како мечка бев,потечена бев многу,не се движев и многу спиев. Дома се вратив со 84,потоа дојдов на 78 но за џабе по неколку месеци ги вратив. Сега ослабнав пак но си ја држам килажата веке една година 67 имам сега, се пронајдов во постовите дека после пораѓај е тешко, ви се плаче и мене ми беше така, и ми беше уште потешко што немав тука никој, ни мама, ни свекрва баш никој, имаме роднини но тие си имаат свое семејство и не се ни нудат на помош. Ке помине се, важно малото и мажулето се покрај вас :) meu се пронајдов во твојот пост за млекото, јас пробав да ја цицам и не можев се мачев, плачев додека ја цицав, многу ми се осетливи градите, дури јас случајно да се допрам се ежам, сите ме притискаа, ми зборуваа и на крај се одлучив да и даваме вештачко млеко, маж ми воопшто не ме пртискаше, а да пробав и со пумпа електрична на најнежно ставена да молзи и пак не можев, ми се плачеше. ;( Енца ти љубоморам :wasntme: Колку би сакала јас да се здебелам само 10 кила за наредната бременост ^_^


    Јас не знам за вас, јас воопшто не се пазев, си велев Ако се здебелам, јас и онака ке се здебелам, ма ке си јадам се :tmi: . Сега ми е страв за наредна бременост, си велам што ако изгубам војла да ослабам, ми е страв дека пак ке ме фати депресија, многу тешка бременост имав.

    Не бил толку долг постов :rofl: И носете мидер како ги крие килограмите :angel:
     
    На leo-n-tina и meU им се допаѓа ова.
  6. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
  7. violetbeauty13

    violetbeauty13 Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    21
    Јас без вежби се вратив во форма, бебето по цели вечери плачеше, морав да го шетам низ собите за да го заспиам....едноставно, ослабнав повеќе од грижите, а додека сестра ми си имаше купено една справа како точек за вежбање уште кога се омажи, и 5 минути правеше нормални и едноставни вежби, а 5 минути вежбаше на справата и брзо се врати во форма, а и мислам дека ништо нема да ви биде да издвоите 10-15 минути од денот
     
  8. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Се помирив со тоа дека не сум од тие среќнички што без мака ке си се вратат во форма после породување.
    Затоа ќе мора да си го испотам газето ,речено-сторено.
    Денес почнав да вежбам на Орбитрек мислев дека нема да можам ич да издржам но 15 мин ми летнаа брзо,е сега признавам на најмал отпор беше ама за почеток да не прегреам .
    Тоа е некој со лесно некој со тешко битно да се мрдне од нулта точка.
    Е па мили мамички кој е за вежбање повелете да се дружиме ,да се подржуваме и да слабееме ;)
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  9. scarlet

    scarlet Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    И јас сум една од оние што потешко ги намалуват вишокот килограми после породувањето.
    Никогаш не сум имала проблеми со тежината, имав тешкотии, мака мачев да се поправам, бев многу слаба... а сега, 17 месеци после породувањето јас имам +14 кг. Никако да ги симнам.
    Да ни се живи и здрави малите. Се надевам дека се ке дојде на свое место, само трпение и добра волја.
     
    На Sunnny му/ѝ се допаѓа ова.
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Еве ме мене да се пофалам :)
    Денес конечно си се дотерав, после 8 пробани комбинации конечно ме собра во нешто. Си се нашминкав, си направив фризура, ставив накит и после контролата (за малата), отидовме да прошетаме, онака фамилијарно :$
    Конечно личев на човек, иако искрено среќа пак ќе кажам што немам големо огледало дома, па не се видов пред излегување инаку којзнае дали ќе излезев. Не е важно, маж ми милион пати ми кажа “машала“ и “ептен си секси“ :rofl: кој лаже само се прашувам :rofl:
     
    На anuHka и NoellePage им се допаѓа ова.
  11. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Може муабетов не е за тука ама па ај да си прашам. Како сте по породувањето во однос на крварењето? Мене по две недели и некој ден од кога дојдовме дома престана, па кафеав исцедок тука и таму , а сега како беличест слуз. Во ред е, дека тек на крај на месец сум на контрола а не ми се чека да прашувам до тогаш.
    :$
    И како ви беше интимниот живот по породувањето? Срам не срам да си прашам
     
  12. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Потполно иста ситуација со крварењето. Сега веќе 4дена ми потекува како водичка, односно баш така бела слуз, со секојдневна нема проблем, и таа одвај се валка. Сметам дека конечно прекина крварењето.
    А интимниот живот- никаков :?: На крај памет не ми текнува на секс, ниту пак сакам и не ми е потребна некаква блискост :x катастрофа... мислам дека сето ова се должи на уморот, на постојаните обврски, се надевам дека нема вака да остане и дека се ќе се врати во нормала. Моменталната ситуација ми е како без никакви хормони да сум :worried: .

    Да се пофалам , се навикнав на неспиење :party: , сега станувам во 7:30ч пред малата, да средам низ дома, да спремам, па она си станува накај 8ипол-9 и таман се и е спремно. Спиење 4ч почнаа доволно да бидат :emo:
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    34.353
    Пол:
    Женски
    Кај мене крварењето траеше скоро 40 дена и плус периодот ми дојде .
    Во врска со интимноста и мене ми беше некако чудно , немав ни желба нит ништо :(
    Иако природно породена и без никакви шиења осеќав болки про однос :) што е и нормално ама сега се си е во ред :$
     
    На DeMelo и NoellePage им се допаѓа ова.
  14. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Леле леле женички за што сте збореле ,пу,пу срамота :lol:
    Јас и со двете крварев до 40 дена и тоа првите 3 недели многу обилно ,а потоа нормално.После првото брачните обврски си ги почнав после 2 месеци,а бидејќи бев со царски ,па чекав и кончето да падне. После второто богами не чекав ни конче ,ни ништо и мислам дека се развреднив на 42риот ден :D
     
    На DeMelo, NoellePage и MacenceEna им се допаѓа ова.
  15. rak11

    rak11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    77
    AIT KAKO POMINA SO CARSKIOT JA MN SE PLASAM OD CARSKI A IZGLEA KE TREBA TAKA DA SE PORAGAM POSTO SUM BREMENA SO BLIZNACINJA
     
  16. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Ноли нема тука срам, нормално е тоа, после 9 месеци толкави мечки сме биле секој одвај го чека првиот момент на нормална интимност. :lol:
    НИе одвај дочекавме веднаш штом престана крварарењето се пуштивме во акција. :$
    И срека се си беше најнормално.
    40 дена ми траеше крварењето, а потоа неколку месеци немав добиено, па сега поплека се вракам некако во нормала во однос на циклусот.
    За килажата одма се вратив,сега дури сум минус 2, имам проблем да качам. :(
    Не се сакам ваква исушена,но секој со своите маки.
    Така да, женички не се преоптоварувајте со килажата се ке си дојди на свое место, порано или подоцна.
    Истото е и со сексуланиот апетит, не секоја жена може одма да се врати како кога била девојка, али итоа со тек на време ке си дојде на свое место.

    Мене после породувањето малку ме фати таа постпородилната, но срека кратко ми траеше некои 2-3 недели. ;)
    Многу битен момент е човек да биди свесен за состојбата/ситуацијата во која се наога и да остави да периодот да си минува.Не да се бори против тоа.

    Мамички уживајте со вашите најмили максимално, но гледајте по можност да не ги запоставите ни вашите сопрузи.
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.000
    Пол:
    Женски
    Јас најмногу крварев во болница, а кога дојдов дома, исцедокот ми стана кафеав, па жолт, за веќе точно месец дена после породувањето да добијам менструација. Арно ама, мензисот ми траеше многу долго (најверојатно беше некое продолжено крварење), па гинекологот ми препорача да пијам Ерготил капки. Малку ми беше страв, бидејќи имаат дејство врз млечните жлезди, односно го намалуваат млекото, а и не се баш безопасни за детето, па пиев само два дена по два пати, и прекинав. За среќа, и крварењето прекина, а млекото кое и онака ми беше намалено, не ми секна.

    Што се однесува до сексуалниот живот - кога ќе сте спремни, тогаш, без форсирање. Јас чекав до 8 недели после породување, не за друго, мм беше на службен пат. А сексуалниот апетит ми е поголем сега отколку пред бременоста :wasntme:

    RAK11, без гајле, ќе биде сè како што треба, не се заморувај предвреме.
     
  18. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Капки ерготил имам примено од поодамна, незнаев дека се штетни, но сега се потсетив дека во болница примив две инекции ерготил. Со кој памет ми ги ставале ако се штетни и за бебето :^) :x
     
  19. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    јас крварев 1 месец и после то си имав и односи не дека имав некоја голема желба ама ко ќе почниш..... :lol: :lol: :tmi: :tmi: :tmi:
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    А ако неможеш ни да почнеш :geek: што правиме во тој случај :lol: