Ќе ти дојде Меу,почекај да се навикнеш малку на неспиење да застанеш на нозе и да видиш како ќе си почнеш пак Првиот пат ќе ти биде чудно исто како оној прв пат,ама брзо ќе ти текне.Исто како возење точак еднаш ќе научиш и цел живот знаеш
леле какво е чуствотоо кога одиш во продавница , пробуваш фармерки и опп те собираат боже господе сум се радувала како никад да не сум видела фармерки, уствари 9месеци немав облечено.. Јас мислам дека имам симнато некое килце ама колку не знам како и да е супер се чуствувам , барем додека не се видам во огледало хаха, е уште едни чизми меркам на штикла и мислам дека ќе бидам комплетна инаку за сексуалниот живот и за желбата - само јас да не сум изрод ? па имам доста голема желба чекавме барем 1 месец да помине со оглед на тоа што бев многу шиена .. добро помина првиот пат, баш како прв пат хуху
Сите во болница примаме ерготил после породување. Не се штетни во мали дози веројатно, ама ај што одвај ги најдов да ги купам, па како го студирав упатството, мислиш за нуклеарна централа е, па јас ќе ја разработувам Некој да ме прашаше, напамет ќе му го изрецитирав... не си свесна јас колку стравови имав тогаш првиот месец, месец и пол, мислев дека којзнае што ќе ми стане ако ги пијам. Психата е страшна работа, особено после породување, поради хормоните. Среќа, брзо помина
Еве да ви се пофалам , од пред породување до сега сум -11.5кг Но уште многу имам за да бидам како пред трудноча сепак и ова е успех, а и преголема радост беше за мене
MeU јас го скршив мразот, страв не страв се скоцкав од главе до пете, бебе средено заспано, а гостинската соба одвај не чекаше И да пригушено светло што сега за сега е многу важно дури да се напраиме тип топ. Иако бев скептична за тоа што и како, дали ќе ми се допадне оти знам нема шанса да биде како претходно, си реков мечка страв мене не-и замисли бе, ами многу убаво да ти било. Се смее па мм ми вика да знаеше дека ќе е вака уште од прва ќе ме побрзаше за дете Ајде само храбро и полека уживајте. Греотка и за него што толку долго чекал, ама и за тебе
Ноелле полека но сигурно си се враќаш во нормала Јас уште неможам да се опуштам до толку, некако , ма никако не ми оди. И да ти кажам веќе се откажав, нема што на сила да се форсирам, кога ќе дојде само од себе нека дојде. Денес бев да пробам некои алишта низ бутици, да си купам нешто малку да се средам, ама јок, сеуште не ме собира во ништо. А како за беља се видов и во огледало, па стомакот кога си го видов се уплашив А за она што ме искаравте со другата тема дека претерувам со загриженоста, дефинитивно е така. Деновиве се свестив, а поради тоа што сум загрижена за малата, дали ви се верува на никој не ја давам да ја држи. До сега само мајка ми, и две другарки ја имаат фатено, нив им верувам, ај за мајка ми ок, ама за другарките мислам дека е поради фактот што скоро имале деца, па знам дека е сигурна со нив. Страшна работа за ќотек сум. Маж ми индиректно ми спомна дека ме приметил за ова, зошто и на мајка му(свекрва ми) не сум ја давала, и навистина е така. Нејзе пак не и ја давам оти ја нишка многу силно, имам чувство дека ќе се збудали детето Сега почнуваат гости да ни доаѓаат на повојница, (кај нас викаме на бебе) , а јас цела потресена дали се здрави, дали биле во контакт со мали деца, болни од сипаници едно друго.... уффф почнувам да претерувам ,знам , но посилно е од мене Ќе се вратам во нормала, знам, само е прашање на време изгледа
Меу за огледалото и гледање на стомакот жити се на начнувај тема, оти ќе треба јажето да си го спремам или па сите огледала да ги мафнам од дома.Ама па сме родиле, оправдано е. А за паники не кравам па јас у оптше, дури и мислам дека многу лагано сум поставена. Единствено кога мм сака да си игра а малиов тек јадел е тогаш знам да му речам не да го остави за подоцна. Инаку сите го држат, нека се радуваат. А за сипаници когас спомна,бевме во супермаркет и помина до нас една жена со бебе и поголема ќерка со сипаници. па добро нека одат на свеж воздух, знаат дека не смеат т.е не се препорачува во затворени простории каде има шанска др луѓе да заразат дури не поминат. Свашта. Само за болести сум екстра претпазилва дури е мало. НЕма тука играње, па ако сакаат и дрска нека ме направат, тоа е.Мајка ако не го пази детето кој.
Многу брзо пред 10 год. си се вратив во форма за само 3 месеци си бев како никогаш да не сум рагала,а башка со царски рез и сега сум си супер,ни стрија ни стомак.... ни целулит
После 2 месеци од пораѓајот отидов на контрола на гинеколог и сестрата ми мереше притисок и тежина што ми падна чудно. Ама си викам може така треба. Ги погледна резултатите неколку пати и не и беше нешто јасно. Замислете мислеше дека сум уште бремена! Имав стомак како 5 ти месец да бев трудна. После првиот циклус кој ми беше многу обилен стомакот нагло ми спласна, како да ми се издиши. Не се нервирајте и мислете на бебушите има време и за слабеење.
Веројатно од кога ќе паднат кончињата и кога ќе заздрави тој дел кај што биле Јас еве 40дена , но сеуште неможам да се осмелам за депилација, а немам појма ни кончињата дали се паднати, језиво ми е да гледам и да барам
http://interesno.com.mk/zdravjeubavina/42-zdravje/19762-topete-gi-kilogramite-so-pergratki ај да пробаме
МеУ зарем не ти ги извадија конците во болница кога појде на преврска? Кај мене така направија, сега немам конци ама многу ми е језиво и мене да го допирам местото околу раната. А дали знаете дали местото околу раната може да изгледа барем блиску како што беше претходно и после колку време може да се започне со вежбање? Јас за време на бременоста се здебелив 14 кг, а сега две недели после породувањето имам 6 кг плус и верувајте ми едвај чекам да ги симнам.
Меу мислам дека е со лепенка,па нема вадење конци,освен чворчето на едниот крај кое само ќе си падне,кај секоја жена различно.Јас после првото се издепилирав после 3 месеци ,а после второто на 1,5 месец,но јас сум навикната веќе на тапото чувство во тој дел.За вежбање мене мојот гинеколог ми рече да чекам до 6 месеци за резот убаво да зарасне бидејќи од напор постоела можност за добивање на кила.
Уште -3кг , досега -14.5кг ,до целта има уште 12кг за симнување Да со лепенка сум, а конците искрено немам појма кога и дали паднаа, јас никаде не ги гледам. На неколку места имам само како коричка, црна. Синоќа приметив дека веќе местото не го осеќам тапо, чувството скоро целосно ми е вратено и не ми е како отрпнато.
Природното си е природно,се излегува со бебето, тогаш само кожичка од перинеумот треба да зарасне, а при царски рез ти ја отвара цела утроба, ти ги поместува цревата, за да ја распара матката, да го извади бебето, после тоа ја чисти и ја празни матката со стерилни гази да не остане нешто и на крај ти ја шие матката, ти ги враќа цревата и поткожното сало на место и ти ја шие раната. Посликовито од ова не може . Затоа освен препорака на докторите за царски рез каде што е неопходно, навистина е глупаво да се бара царски рез од аздис и страв од пораѓај.
Мислам дека нема правила .Јас со двете сум царски и закрепнувањето ми беше многу брзо.Со првото една недела за потполно да се исправам ,од кои 4 во болница,а со второто 5-6 дена .Јас немав апсолутно никакви проблеми ,во смисол на болки,проблем со рез... Се зависи и од тоа колку родилката е издржлива,сите имаме различен праг на издржливост на болка. Јас никогаш не сум била лигушка и мислам дека тоа многу ми помогна .