^^ јас секогаш сум била по благо, ама месециве откако дојам кризирам везден за шеќер На темава, јас сум во минус откога останав бремена и нема мешко Не пазам што јадам, јадам редовно, ама дневното темпо ми е турбо па нема кога да се залепи изгледа а и брз метаболизам имам
Една недела после пораѓај -8кг, ваков стомак никогаш пред бременост сум немала Е сеа предиплен е малку, ама кога ќе почнеме да шетаме со бебуш ќе се стегнам
Можеш после 3 месеци, но мене ми е логично да може и после 40 дена кога ќе се врати матката и све остало на место. И јас сум ждерач и наркоман за благо и сокови Планирам со вежбање од септември да почнам, сега ми е многу топло, дури и за возење точак... Ама од благо не се откажувам
Чекајте жени, кои 40 дена кои 2 месеци за вежбање или диети. Секако во тој период сте преморени со болни отечени гради и бебе постојано зависно од вас,нема да имате ни желба ни сила за вежби. Бар јас таква бев. Самото доење придонесува за враќање на линијата. А ако веќе се решите за некаков режим, најдобро е ун диета, секако без ригорозното 2 овошки и без овошен и воден ден. Мене овој начин на исхрана ми годеше и додека доев го применував зошто и онака така си се хранам па немаше никаков проблем со доењето. Кога веќе ќе прекините со доење тогаш може да се подложувате на поригорозни диети иако не сум поддржувач на истите. За крај, кога јас три пати качував над 30 кила во бремености и тeжев близу 100 а денес ме берат фармерките од средно, има надеж за сите
После царски ќе остане стомак секако, ради сечењето, макар и само една линија над раната. За жал, кај повеќето е така. Не се сите како тебе... Јас во бремености не качив многу, ама првите две години после двете бремености се поправам ненормално. Зависи од организмот. Јас се тешам дека од есен ќе ми биде полесно. Не јадам сега ни пола од тоа што јадев дури доев, ама уште не можам да се издишам. Затоа само вежбање му е мајката. Уште да најдам време да го вметнам тој час во денот. @eli25 кардио и вежби со дигање сопствена тежина. Без претерување.
Секако секоја бременост остава промена на организмот, секако се забавува и метаболизмот, колковите се раширени....нема да бидеме ко на времето никогаш. На крај на краиштата, само да сме здрави е важно. Уште нешто што би го споделила - немојте да се залетувате по апчиња или чаеви за слабеење, само ќе ви страда желудникот и немојте да се лишувате од одредена врста на храна, пр. благо. И пијте си витамини и дур доите. Најново што применив на себе - го почнувам денот со чаша вода и во воопшто низ целиот ден сите пијалоци ми се само вода. Без сокови и сл. Евентуално јогурт пред спиење и вода за крај. Да знаете која промена на метаболизам и леснотија.
Ме замисли со УН диетава без овошки и овошен ден. Што јадеше за доручек? Со што го замени овошниот ден? Или едноставно го скокаш и продолжуваш на протеински?
Не без овошки воопшто туку мислев без ригорозно придржување до само 2 за појадок. Јас сум голем љубител на овошје и уште од дете јадам овошје прво од сабајле па уживам во овој начин на исхрана. Јадев огромни количини овошје за појадок, некогаш и повеќе пати до пладне, и за дечките правев овошни каши и јадев со нив ( смути со авокадо и банани најчесто во зима, а сега летово лубеници дињи праски... во последно време јадам чиа пудинг или овесна каша со овошје, ем здраво ем вкусно ем заситува баш. И си терав протеински, скробен, јх и така во круг и сеуште така си јадам само сега во изобилствово на овошје и зеленчук си имам и овошен ден. Ако си љубител на овошје пробај и види. Ама ако се онесвестуваш и тресеш од глад немој.
@♡BuBaLe♡ нема зијан од вежбање. Нормално ако имаш време и енергија. Самото доење ќе ја врати линијата, но лабавите мускули и вишокот кожа и сало не. За тоа треба вежбање. Јас ќе почнам со возење точак од септември, таман ќе има 3 месеци, па како расте бебето така и ќе менувам начин на вежбање. Ќе почнат дождови и ладно време, па веројатно понатаму ќе се пикнам во некоја теретана. Мене до диети не ми е. Тоа ми е поголемо измачување од вежбањето.
@Kitten знам, и баш неодамна се советував со персонален тренер кој ми кажа дека улога за формирање на телото имаат исхрана и вежби 50-50%. Само со вежби мускулатурата стагнирала брзо и треба баланс со исхрана која ги гради мускулите и обезбедува оптимална енергија. Јас како што имав пред три месеци операција од илсус вежби ми се задолжителни и вежбам лесни вежби дома без опрема по 15 до саат време, зависи од расположение. Убаво е во секој случај, дава енергија.
Вежбање му е мајката. Него време нема. Како почнавме со дохрана, само на јадење мислам и нема време за ништо Да фатам ред и полесно ќе е.
Таман се спремив (психички) да одам на вежбање, пилатес или аеробик, фати лето. Таман кога ќе се почне со вежбање ќе тргнам на работа. Па ми падна жал за бебе. Ќе немаме ич време за гушкање.
^Мислам дека ќе си тажи по кукле, сака да каже. И јас едвај чекам да почнам на работа, ама кога ќе почнам ќе бегам дома што побрзо.
И си тажев, а од друга страна сакав да почнам на работа. Ама синко 10полни беше кога тргнав. Фала богу моите се снаоѓаат, ама секој ден нешто ја поткарувам мајка. Нормално е дека никој нема да ги чува како нас, ама мора да се помириме. И за жал многу работи ќе научат без нас, мене ова најмногу жал ми е. Уживај во овој медец максимслно, а после послатко ќе ти биде гушкањето кога ќе си дојдеш од работа и од напорен ден. Со лесно почеток и со здравје дс си ја носиш гардеробата
За тоа ми е сакав во градинка да иде. Ама ај мала била, ај мајка ми ќе ја гледа. Тоа низ нос ќе ми излезе знам, ама ај.. @fana јас шопинг планирам во Солун за таа намена