И јас имав почнато некој режим со овесни каши, се додека не почнав да си сецкам крем банани во нив за да го збогатам вкусот
Не знам кај да пишам. Два дена веќе чувствувам поинтензивни менструални болки, денес и омалаксана, вртоглавици. На моменти и болка на десната страна а подолг период имам исцедок кој има жолтеникава боја. Можно ли е да се работи за менструален циклус (не сум добила до сега 8+) или па да се работи за нешто друго. На лекар се се токмам ама никако да отидам. Без веза ми е да се убацам на незакажано а да се работи за циклус а и не ми е да чекам ако се работи за нешто друго. Некоја искуство?
Што мислите за Ун диета за време на доење? Бебе е 5+. Реално, се работи за здрава храна, но промената во исхраната дали може да влијае негативно на млекото?
Да бидам искрена немам појма која е Ун диета, ама за време на доење не се препорачува никаква диета. Исфрли благо, грицки, газирано, пржено, леб, не јади после 19ч, пиј многу вода и ете ти диета.
Се прибра мевот ѕирка мнооооогу малку, тоа јас ако се загледувам И 5ка се појави на вагата Ќе ме биде. Ме собира и "старата" облека. А да. И газов намали е нозеве не се намалија. +1 број уште Чао дебелка
Појдов на работа Таму активност. Ко ќе дојдам одма палам количката и јадам еднаш дневно. Уште не сум јала денес
И јас сум со 5 напред од еден месец после пораѓај, ама мешето уште по малку ѕирка. А на работа кога тргнав јадам повеќе од кога бев дома.
Јас исто сум со 5 напред уште од неколку дена после пораѓај, и тоа по килажа сум послаба од пред бременост. Ама телото не ми е исто, друга форма ми има од претходно. Панталони кои порано сум ги носела со каиш, сега ми се кнап во струкот. Вака на око не се приметува, ама друг ми е стомакот после пораѓај. Не е вака видно испакнат, рамен ми е, ама бременоста си го направила своето. Сепак не се жалам, задоволна сум како изгледам, често добивам коментари со чудење како тоа сум родила, а изгледам како што изгледам. Буквално иста сум си и сама на себе, со исклучок на струкот, па веројатно тоа е добро
@mimiiiii ич не се оптеретувај со бројки, гледај тебе да ти е убаво во сопствената кожа, тоа е најбитно А па ко ќе ме праша некој (најчесто бабештии некои): Абе јадеш ли ти нешто девојче? Ау колку си слабооо... Не бе, не јадам, гладувам. Свашта значи. Особено додека доев, ми држеа предавања на секој чекор: јади, ќе снемаш млеко, бла бла. Јас само им се смеев во фаца
Лаже @fana ни битки, ни гз има, топ е ^^стварно помислив ама изумив да искоментирам, стварно видно си ослабена @kukla21 Па и јас уште идам надоле, дури претерано, 5ка и кај мене е и вака така како стап сум а јадам и како дупка за благо имам ама џабе, брз метаболизам и пијавичкава си го прават своето. Да сме живи и здрави секако сме си најубави