Сите сме си самокритични, а од страна луѓето поинаку не доживуваат. Дури и кога ќе ми кажат "супер изгледаш", јас во себе си мислам "не е така, само ми ласкаш" А за 5ка напред јас можам само да сањам Среќа вага веќе немам, ама имам огледало @eli25 и јас сум со мало стомаче но мислам дека повеќе ми порасна кога почнав многу да бутам тесто, приметив дека ме дуе. А побрзо се дуе бидејќи е лабав сега после бременоста. Така што освен избегавање на тестести работи друго да се превземе е вежбање...Да се стопи салото и затегнат мускулите, колку-толку. Се мислам само како да организирам време за вежбање
@Kitten ајде! Се запишав и ме зезна сестра ми требаше аеробик да вежбам. Си барам кандидат за друштво. А стомакот ми е ко пача , леле баш ми е труднички гледав слики денеска, во 5ти месец не ми се ни приметувал, а сега како за 7ми Јас и на гинеколог бев мајка ми ме исплаши нешто да не ми било! Се изнасмеа човекот вика иди вежбај ! А орбитрекот дреме ли дреме
Еј па не ви било добро вака дебелка да ми стане удобно. Мене 65 кг ми е идеална бројка ама изгледа ќе почекам бебуш нема уште 3 месеци, се тешам иде есен па ќе се прикријам со облека.
Комплекси ќе си набијам со вашиве 5ки и се жалите. @mimiiiii и јас сум со 7ца од напред. Ама блиску сум до 6ка. И мене идеални ми се околу 65, со 60 сум ко костур и само глава на мене. Башка, мислам од доењето вртоглаво брзо се спуштаат килограмите.
Леле дебели биле со 5 ка напред за ќотек сте. Јас сум со 8 напред 83 имам а пред да останам бремена бев 80. Мене задник бутови ми се ок си ги сакам ама стомакот леле пробеснат ми е надолу не верувам да има чаре за ова . Почнав да носам мидер деновиве и се осеќам поубаво. Кај мене е џабе не јадењето не слабеам јас никако. Си се сакам ваква само стомакот го неќам.
Ама Теди јас повеќе накај 8 ца терам. Камо да можев да речам дека доењето ме топи, од пороѓај симнав 9 кг и на тие си стојам. Не ми се диетува сега баш, само избегавам леб и благо и не се мерам ќе чекам барем месец да помине, вака депре ќе ме фати.
Јас се вратив уште одма на старата тежина, проблем со стрии немам, стомакот ми е ист како пред бременоста, струк, колкови све исто. Ама со целулитот што да правам незнам. Имав неколку години пред да останам бремена на бутовите малку, па едвај го потсредив со антицелулитни масажи, сега после бременоста пак. На аеробик секако одам, ама не се трга. Ќе морам пак со масажи или имате предлог за нешто друго ефикасно?
Само пиење многу вода! Јас бев лом над колениците па сѐ до горе со целулит, па еве го пополека се повлекува со доењето, без вежбање, бидејќи кога дојам организмов ми бара многу вода. До сега во животов сум увидела дека вежбањето не е круцијално, сум се утепуела од вежбање а целулитот стоел, но затоа вода поише од две чаши дневно не сум можела да испијам. Само масажи можеш, но без користење антицелулитни креми ако доиш.
Сега сум послаба од колку шо бев пред бременост. Сите ми викаат сум се стопила, ама мене убо ми е вака со 55, башка и не сум многу висока така шо тежинава ми е идеална. Добро може уште барем 1-2 кила да ослабнам, стомаков ме нервира. Не дека пред бременост ми беше штица, ама сега па ич не си го сакам ваков ко гума околу мене. Знам грешката ми е во тестенините ама многу сакам бе За целулитот веќе се помирив, од секогаш го имам и само од време на време се масирам со креми ама џабе, треба поодговорно.
Ако доиш, почекај до одбивање. Целулитот е хормонски и се јавува кај грото жени во бременоста. Само рачни масажи за разбивање на грутките и топачи на масти ќе ти помогнат, плус многу течности. После првата бременост и доење, одев на рачни масажи во салон, десет дена без прекин, убаво ми го разбија целулитот, а јас цело време пиев саси вода, плус ѓумбир, плус зелен чај. Бутовите ми беа огледало мазни, сега пак имам после вторава бременост. Пак сакам со масажи, ама не ми се оди кај секого, оти не секој знае да масира како што треба.
Уф и јас заборавив да спомнам за целулитот Тежина, изглед, све супер, ама после бременост ми се појави и на бутовите од напред, дури и таму се познава. Кога правам муабет со мајки, сите се со муабетот е како не, слаба си ти, од каде целулит Оди објасни им дека и слабите имаат. На масажи имам одено еднаш во Афродита С, ич не бев задоволна. Би отишла сега, таман не дојам веќе, ама ај препорачајте асално место кај што стварно си ја знаат работата. Знам дека е хормонски целулитов, ама ми треба профи рака да го разбие. Предлози?
Јас не знам каде во Скопјево да одам, затоа уште не сум почнала. Првиот пат одев во Охрид, а освен тоа, масажите ги работеа физиотерапевти, а не било кој. Знам доста случаи каде што жени шетале со модри бутови после вакви масажи, па не ми се ризикува, дури и во најизвиканите салони може да се случи
@Annath и јас бев модра Ај што ме стискаа страшно до болка, па и цела модрици бев, а одев на масажи баш пред одмор и бев приморана таму така да шетам. Никогаш повеќе во Афродита
Кога бев на шишање сеа скоро, му се пожалив на фризерот и ми рече период е да не се секирам. И другаркиве се жалат ама не е страшно. Се менвит вкалново т.е се обновуват
Мене ама баш ништо не ми помогна, ми се изретчи, истенчи за никаде стана, ниту еден третман не ми помогна, по отприлика 10м престана да паѓа. Со лесно