Ооо таман почнав да намалувам килажа косата почна да паѓа. Мислев феминките ќе ми дадат испробан рецепт, коса до половина, изгледа ќе треба да ја шишам. @TeddyGrey
Мене ми паѓа премногу, користам Биоксин форте шампон ама нема фајде. Ја ишишав денес и ептен ретка ми е, ко 5 влакна да имам на глава. Тенка,сува, абе никаква. Чаре-нема.
Охооо, цели туфки ми паѓаат... се чудам уште коса како имам, а 9 месеца пројдоа ако ти е за утеха, од сите страни ми изникаа бебешки влакна , штрчат на све стране, смешно е, али се регенерира. се надевам веќе ќе престане да ми паѓа, толку многу ми паѓа што од уста на дете влакна вадам дури и во гаќите сум си начекала нема кај нема влакна...
Ништо не ми помогнало да престане да паѓа косата Ни Алпецин ни шампон од лук. После првата бременост ми паѓаше од третиот до шестиот месец, а после вторава почна од старт да паѓа, само што дојдов од болница. Бебево е скоро шест месеци и сеуште паѓа, но најинтензивното паѓање помина. Овој пат го земав тој на Афродита шампонот со лук, во него нашибав неколку витамински ампули што ми ги препорачаа, но никаков ефект Косата ја скратив до врат уште пред два месеца, но еве гледам има многу нова коса долга по 3-4см и многу сум смешна. Фризурата ми е очајна!
Како искубана кокошка сум значи Бебешки влакна штрчат на сите страни, антени колку сакаш, а косичкава “стара” очајна. Едно ретко, едно така стужено... Почна да ми паѓа околу 4-тиот месец, и околу 6-тиот престана и почнаа да ми растат нови влакна. Додека се изедначи сега во должина ехехеее... ќе си бидам коковче уште некое време Биоблас шампон користев, и ми раснеа многу нови влакна, ама не сум сигурна дали од него, или се поклопи периодот кога прекина да паѓа и почна да расте. Јас мислам дека ништо не делува, се додека хормоните не се средат џабе шампони и чуда.
Да се дополнам себе си од прееска за косата... ...А што е најчудно косата ми поцрне! Јас си имам темно кафеава, но тие што ме знаат добро сите рекоа дека сум поцрна и новиве влакна што растат се црни...а демек сакав плава да станувам
И мене доста ми падна, ама имам густа коса и многу не се примети. Ама нова колку сакаш... косиште имам сега, мислам погуста ми е од пред да ги родам децава Инаку и јас Биоблас користев, нз дали од него, ама пребрзо ми растеше косата... сега ми е до половина.
Стасав до 58кг. Уште бар 5 минус и ќе сум задоволна. Почнаа и коментари да фрчат дека сум ептен фит. Значи се гледа. Хепи мама
Зависи и со колку си отишла на пораѓај, колку си качила. Јас многу имав качено. Мислев останав дебела.
Со 80 ојдов на пороѓај...и ко балон истушив...до душа таква ми е контрукцијата не се лепит многу на мене...плус цел живот спортиста така да топ се осекам. Уште да се зацврстам
Јас исто сум 55, на пораѓај отидов со 65 (не се мерев непосредно, туку некој ден пред да се породам). Уште во болница после пораѓај бев 58, дома после три дена 55. Пред да останам трудна имав 56-57. Јас не се поправив многу во бременоста, само 11 кг, а во 9-ти и симнав малку, кило можеби, не знам како и зошто (веројатно дека тешко ми беше дури и да јадам, умирав од тегоби после јадење). 55 сум еве веќе скоро 10 месеци после пораѓај. Генетика е кај мене, на татко ми сум, можам да јадеме многу, а тешко се поправам, за среќа Ќе видиме со второ, здравје, како ќе биде, да не се радувам уште. Секоја бременост е различна Инаку @Kitten Биоблас од рамстор купував, има повеќе видови, ама сите се против опаѓање. 100 и нешто денари е
Во Жито и во Бети аптеката го имам купено. И јас задоволна сум со килажата, од страна пофални зборови како да не сум родила едно, а не две деца Презадоволна сум стомакот дека ми е рамен, во бутки нека има. Едно време и претерав па и ме караа преслаба сум била за висината, сега движам 67-70, обично пред циклус сум 70
Кога е најдобро време за да се почне со вежби за зацврстување на телото после пораѓање? Какви вежби правите? Сакам да почнам да вежбам бидејќи како прво си го чуствувам телото вкочането, а како второ не сакам да намалам килажа, само сакам да си го зацвстам стомакот, градите. Притоа породена сум со царски рез.