Иако ветив дека нема да ви се мешам во темиве Дејзи морав да ти пишам. Значи, за една рана целосно да се затвори и реконструира потребни се 2 години, ама зборам и за површинско затварање. Купи си Контратубекс, сега е и намален, мачкај и со сигурност нема да имаш видливи траги. Јас еден келуид успеав да го средам, па за обична лузна да не збориме. Инаку после царски требало да се река на дозвола од гинекологот за физичка активност, сепак се сече малку повеќе од кожа на стомак. Прашај си го гинекологот он најдобро ќе ти каже. Инаку вие супер сте поминале со килограмите, дај боже сите да останеме на само 14 кила
Со било каков пораѓај може да се искомплицира раната и да биде потешко и подолготрајно заздравувањето. Еве и кај мене со царски , па многу брзо си беше се ок. Додека кај некои што се природно може со месеци да неможат да седнат како што треба.
А зошто да не се мешаш, секое корисно мислење е добредојдено Инаку, не ми е проблемот видливоста на раната зошто е бикини рез и е многу ниско, мислев на местото околу раната, не знам како да објаснам изгледа како раната да е во длабнатина, ама како што гледам со намалувањето на стомакот се намалува и таа длабнатина, што значи има шанса и целосно да ја снема. А во врска со вежбањето ќе те послушам и ќе почекам да појдам на контрола после шест недели кај мојот гинеколог и ќе ја прашам. Позз
Јас да се пофалам дека имам -5кг. Имав 64кг а сега сум 59кг. Сакам да ослабам уште едно 4кг , вкупно 55кг за да бидам таман мислам. Повеќе мислам дека ќе ме направат да изгледам слабо иако кога забременив имав околу 53кг. Инаку почнав една диета, па друга и ми беше мука. Јади ова, тоа не. Па престанав со тие диети па си почнав мој режим. И се знае, без да се подврзе муцето, нема топење килограми.
ајде ко сме кај фалењето да се пофалам и јас . од денас официјално сум на дијета ја има на форумот со сигурност е ефикасна само незнам како ќе делува кај мене. па ќе пишам по 20 дена дали имама ослабено
Еве и јас пак да се фалам Почнав да се враќам во нормала и на емотивен план Всушност се станува нормално, само јас мнгоу сум брзала Ако , сега ќе знам и ќе делам памет на идните мамички
Со царски за 1 недела ништо не ми беше, а природното по 4 години - епа 3 недели болки истрпев...кога би бирала за трето дефинитивно ЦАРСКИ
јас мислам дека нема врска и дека зависи од организмот.јас се пораѓав природно и бев шиена немав ни болки ни ништо за 5-6- дена ама се прскав со спреј.не се сеќавам сега како се викаше ама на болница не го дават мене сестра ми кажа.
Ако одиш во приватна болница нема зошто да закажуваш, како и да е ке ти стават анестезија, ех јас да имав епидурал за време на природното породување песна ќе ми беше, дури и негата потоа ке ми беше полесна (без оглед што 3 недели) а не вака трауми да доживувам....... ке видиш како ке реагира организмот, може лесно ќе се отвориш, па ако имаш и епидурал нема ни да осетиш...остави на докторите.
Ако може некој совет.. веќе 3 месеци како сум породена, а кичмата сеуште ме боли, и тоа од ден на ден се повеќе, сеа почна и грбот да ме боли, едвај го земам и кревам бебенцето, дали знаете Феминки некој лек, нешто што бар малку ќе ми помогне
regenbogen јас ја држам УН диетата, во последно време не вежбам многу зошто имам премногу обврски ама затоа сум доста активна .. нон стоп сум во движење па и тоа е нешто јас досега ослабев 5кг а има уште многу до целта.. инаку не дојам на АД сме и така ..
Исто и јас сум на ун (ублажена верзија, со повеќе овошје и зеленчук) зашто дојам, ама и повежбувам, а за време да не зборам, ич немам, со две деца не се стигнува секогаш, а обврски колку сакаш, домашни, работни,....инаку - 4 сум засега, ама мислам дека се што прекршувам бебуш исцицува плус овошен не држам туку протеински го правам и така а до целта мин. уште 15кг
Јас од понеделникот ја почнав диетата на Ирена (во форумов ја има) и супер ми беше ама за викенд тешко да се држи диета вчера во кафанана ручек денес гости на ручек е ај држи диета. Од утре пак ке почнам со истата бидејќи стварно стомакот за една недела ми подспласна а и супер е не е исцрпувачка диета. Е сега да си прашам дали некој пиел од шејковите од хербалајф,после пораѓај .?
Без ништо ослабев 7 кг уште 5 до мојата тежина на кој ја започнав бременоста а потоа треба д асолабам уште 10 за да дојдам до тежината која најмногу ми одговара значи уште вкупно 15 не држам диета туку се трудам да јадам здраво и да се движам повеќе зашто време за вежбање немам ич
JAS IZGUBIV SE TIE NEKOLKU DENA DODEKA BEV VO BOLNICA 18DENA,SEGA SUM POSLABA NEGO STO BEV PRED DA OSTANAM TRUDNA