Вода одма можеш да пиеш бе, а за мидер зависи дали си шиена или не, ако си шиена ќе чекаш да заздрави раната па ќе облечеш, а појас можеш одма. Јас мидер ставив по 3 недели, дали од мидерот, дали само од себе ама стомакот ми се собра. Е сеа што имам вишок 10 кг е друг муабет.
Баш денес ја прашав бабицата кога можам да почнам со лесни вежби,ми рече да почекам да поминат барем три недели од пороѓај. Иначе почнав да си носам мидер,стомак бар малку да приберам. Доста се повлече,ама се е некако уште растресено. Добро,и јас многу очекувам за 11 дена после пороѓај.
Јас горе долу се враќам во првобитна положба, но кожава ми е мн сува и ништо не помага. Цела се мачкам со кокосово масло и лице и тело и пак цела сум лушпи. Пијам и многу вода јадам и јаболка ама за џабе. Дури денес приметувам и како цело лице кога ќе се насмеам да ми е со ситни брчки. Можеби дека многу ослабев и како испиена сум на лице па тоа ми е вишок на кожа. Многу си се разочарав.
За сува кожа нема ништо поефикасно од Еуцерин млеко за тело. Кај мене има подобрување веднаш по првото мачкање, чудо е млекото.
Ве читнав, на две-на три... Килограмите не ми се проблем, останав со 72, влегов во сала со 95. Еве после 2 недеки од пораѓај имам 80. Висока сум не изгледам дебело, ама ќе се вратам на тренинг, ќе се средам. Приридно породена, раната долу гледам скоро ми се затворила. Крварам, колку за беља, што би рекле постарите. Носам влошка, ми смета, од страните на препоните местото ми е иритирано од влошки. Не можам веќе, ми иде да земам гола да се шетам. Колку време после пораѓај крваревте?
Исто еуцерин јас хидратантната за лице ја користам топ е, но сепак во Зегин ќе ти помогнат која е за твој тип на кожа.
Јас се шлапам со павловичева, исто како бебе. Инаку од влошките кожата многу се иритира. За тело уште користам еуцерин масло против стрии и хипп путер, овај период кожата се собира па несакам сега се излезат стриите на кои им се тресев цела бременост.
10 дена после пораѓај се мерев од 80 кила паднав на 70. А со 68 ја почнав бременоста. Многу сум испиена, слизната дури и неубо се осеќам. Апетит немам уште. Исто и мене сува ми е мноогу кожата на цело тело. Со кокосово масло се мачкам, но не поминува. Стрии немам не ми се направија. Сега очекувам и косава да почни да ми паѓа.
Јас бев така 2 месеци после пораѓај. Дури ослабнав и 5 кила под тежината со која останав бремена. Сега веќе си дојдов на себе. А да, косата после 3 месеци почна да паѓа. Премногу.
Течности ти фалат, кожата не се тинтра само надворешно, туку и од внатре. Цело време шишето со вода до тебе да биде, дури и кога доиш. Три литри дневно да пиеш ако треба. Ем млеко ќе имаш, ем хидрирана кожа. Немаш толку вишок кожа да ти се направат брчки на лицето.
Ако ви е сува кожата не мачкајте кокосово масло. Голем мит е дека кокосовото масло ја хидрира кожата, тоа не ни може да навлезе во порите туку само како восок останува на нејзината површина и ги затвора порите. Препарат што хидрира треба веднаш да се впие во кожата, а не да се размачкува.
Јас затоа 40 дена шетав со вир влошки. Оние со крилца за 7 дена циклус ми прават рани особено олвејс.
Јас едно млеко што добив за род, преубаво.. да го пофалам. За цело тело е од Алкалоид, розево шише со женска силуета на него, со пешкирче беше заедно. Толку хидратантно, нежно, влажна мека ја остава кожата, а не се осеќа дека е на кожа Еве го..
После три дена излегов од болница со точно 10кг помалку. Деновиве дома изгубив уште 2кг. Далеку сум уште од идеалното ама задоволна сум од напредокот.Кога почнавте со вежби? Мене бабицата ми рече барем две недели да почекам. Едвај чекам на трчање да се фрлам,ама рано е уште. А и бебе 24 часа на гради ми виси. Пред некој ден порачав фармерки во моја нормална големина,во нозете перфект стојат,ама стомакот уште не ми е асално повлечен. Сепак ги задржав за мотивација.
Реално, кога ти ќе се чувствуваш спремно. Но трчање види дали нема да ти смета со доењето, многу боли со преполни гради било каква активност. Баш поради тоа може е најдобро да причекаш лактацијата да ти се нормализира, а тоа е за најмногу 3 месеци.
Морам да си прашам,тоа ми е омилена и вежба и релаксација. Инаку бебе редовно си ги "празни" градите,така да уште немам чувство на "тешки" гради,ама среќа млеко имам доволно.
Ahh Minni, i jas isto kako tebe skroz ja povrativ tezinata pred da ostanam bremena i toa vednas ja izgubiv i sega sum 62 kg no stomak uste imam . Mislev ajde da dobijam menzis ke mi se sredi no uste ne Moze trebase mider od pocetok da nosam...